Според Си-Ен-Ен, Иран не само што не бил активно ангажиран во развој на нуклеарно оружје, туку, според проценките, би му требале до 3 години за да произведе и да достави нуклеарна бомба до избрана цел, пренесува.И покрај тврдењата на Израел дека Иран бил само неколку месеци далеку од производство на нуклеарно оружје пред почетокот на превентивните израелски напади врз Техеран во петокот, американските разузнавачки проценки покажуваат дека Исламската Република не работела активно на производство на бомба и дека се потребни неколку години за да дојде до неа, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на 4 извори, запознаени со проценките на Вашингтон.
Според Си-Ен-Ен, „Иран не само што не работел активно на нуклеарно оружје, туку му требале и до 3 години за да произведе и да испорача нуклеарна бомба до цел од свој избор“, пренесува Тајмс оф Израел.Централната команда на САД, која ги надгледува воените активности на САД во Блискиот Исток, презентирала поитна проценка од цивилните разузнавачки тела, додава извештајот, наведувајќи дека пред изненадувачкиот напад на Израел, Централната команда верувала дека Иран би можел побрзо да произведе нуклеарна бомба ако реши да се впушти во таков потег, цитирајќи извор запознаен со дискусиите.
Иран, според Меѓународната агенција за атомска енергија, имал доволно високо збогатен ураниум за неколку бомби, но не презел конкретни чекори кон милитаризација.
На прашање на Фокс њуз во неделата за различните заклучоци на САД и на Израел за иранските капацитети, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави:
– Информациите што ги добивме и ги споделивме со САД беа апсолутно јасни, дека тие работат на таен план за милитаризација на ураниумот. Се движеа многу брзо.
Американски официјален претставник, цитиран во извештајот, изјавил дека според американското разузнавање, досегашните израелски напади можеби ја скратиле иранската временска рамка за развој на нуклеарно оружје за само неколку месеци. Експертите предупредуваат дека Израел веројатно ќе има потреба од американска воена помош за да нанесе трајна штета, особено на подземниот нуклеарен објект во Фордо.