Се до масакрот од страна на Хамас пред две години во Израел во кој убија над 1000 Израелски цивили при што киднапираа стотици цивили и ѕверски со мачење убија стотици деца бебиња жени старци, морам да признаам дека бев симпатизер на Палестинците и голем критичар на Израел.
Но во тој момент нешто се скрши во мене, како да се разбудив од некој сон од некое бладање дека Израел биле непотребно насилни а Палестинците биле кротки жртви на малтретирање… Но по тој напад на Хамас мислам дека Израел мора да се брани жестоко и агресивно, затоа што таков напад не смее да се повтори а единствен начин за тоа е да се победат сите непријатели на Израел во регионот, тоа се Хамас во Газа, Хезболах во Либан и секако Иран како финансиер на овие двете кои се нивни прокси војски во непосредна близина на Израел.
Омразата на Иран кон Израел е патолошка и мора да престане. Имаа доволно време да се предомислат и смират но заканите за нуклеарни бомби во рацете на такви идеолошки радикални антисемити е преголема опасност за Израел и целосно го разбирам тоа што го прават во моментов со нападот на Иран. Ова мора секој да го знае и гледа со отворени очи и да не наседнува на пропагандата дека Израел бил суров, нека сите се сетат дека први почнаа Хамас, Хезболах и Иран како главен финансиер и планер на сето тоа што му се правеше на Израел во минатото…
После Холокаустот, Израелците односно Евреите нема да дозволат пак некој да ги уништува и убива, помина тоа време, никогаш нема да се повтори.
Саше Ивановски