Иран планира да нападне американски воени бази на Блискиот Исток, објави иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на извор запознаен со плановите на воената команда. Со оглед на тоа дека Фарс е агенција основана и раководена од Исламската револуционерна гарда (IRGC), извештајот претставува посредна закана од иранските власти.
Лидерки на фирма-секта од САД ги терале следбеничките на интимни односи со клиенти, може да лежат 20 години затвор
„Војната што започна со агресијата на ционистичкиот режим ќе се прошири на сите територии окупирани од овој режим и американските бази во регионот. Агресорите ќе добијат решителен и голем одговор од Иран“, изјавил изворот на агенцијата. Агенцијата денес, повикувајќи се на извори, исто така објави дека иранските напади врз Израел ќе продолжат.
„Конфронтацијата нема да заврши со ограничените акции од синоќа и иранските напади ќе продолжат, а оваа акција ќе биде многу болна и жална за агресорите“, изјави неименуван висок воен функционер за Фарс.