Иранските системи за противвоздушна одбрана соборија израелски борбен авион Ф-35 над градот Варамин, југоисточно од Техеран, тврдат иранските власти. „Воздухопловните сили на армијата соборија и уништија непријателски израелски борбен авион Ф-35 во областа Џавадабад во Варамин“, рече началникот на областа Варамин, пренесе ИРНА.
Пилотот на борбениот авион наводно се катапултирал и неговата судбина е непозната, соопшти иранската агенција. Истакна дека безбедносните сили и војската ги проучуваат деталите и имаат намера подоцна да објават дополнителни информации. Новинската агенција Тасним во понеделникот вечерта објави дека иранската противвоздушна одбрана на северозападот на земјата го уништила четвртиот израелски борбен авион Ф-35 од почетокот на конфликтот, јави Танјуг.