Базата Ал-Удаид е најголемото американско воено упориште во регионот, и клучен стратешки центар од каде се координираат воздушни операции во целиот Блиски Исток. Таму има распоредено околу 8.000 американски државјани и воен персонал, а ротациски служат и британски сили.
Драматична ескалација на тензиите на Блискиот Исток – експлозии одекнаа над главниот град на Катар, Доха, по наводен ракетен напад од Иран врз американската воена база Ал-Удаид.Како што пренесуваат Ројтерс и АФП, иранските ракети биле лансирани како одговор на претходните воздушни напади на САД врз ирански нуклеарни локации. Нападот, освен во Катар, според државни ирански медиуми, бил насочен и кон цел во Ирак.
Според американски медиуми, експлозии одекнуваат над Доха и над Лусаил, вториот по големина град во Катар. Најмалку 10 ракети се испукани кон Катар и најмалку една кон Ирак.Како што беше нагласено, Корпусот на Исламската револуционерна гарда објави за операцијата.
– По јасната воена агресија на криминалниот режим на САД врз нуклеарни објекти за мировни цели на Исламската Република Иран и јасното кршење на меѓународното право, под водство на Врховниот совет за национална безбедност и раководството на Централниот штаб на Хатам ал-Анбија (ПБУХ), Корпусот на Исламската револуционерна гарда…ја таргетираше базата Ал-Удеид во Катар со разорен и моќен ракетен напад. Оваа база е седиште на воздухопловните сили и најголема стратешка предност на американската терористичка армија во регионот на Западна Азија – објавија тие.
Засега, деталите за нападот и евентуалната штета не се познати. Покрај Катар, сирени се огласија и во соседните Бахреин и Кувајт.Базата Ал-Удаид е најголемото американско воено упориште во регионот, и клучен стратешки центар од каде се координираат воздушни операции во целиот Блиски Исток. Таму има распоредено околу 8.000 американски државјани и воен персонал, а ротациски служат и британски сили.Од Стејт департментот засега нема официјален коментар, додека локалните власти во Доха тврдат дека се преземаат мерки за безбедност на цивилното население.
Катарските власти претходно привремено го суспендираа воздушниот сообраќај низ целата земја, откако Иран се закани со одмазда за американските напади врз неговите нуклеарни постројки.
– Надлежните органи објавуваат привремено суспендирање на воздушниот сообраќај во воздушниот простор на земјата, како дел од низа мерки на претпазливост преземени врз основа на развојот на настаните во регионот – соопшти МНР на Катар.Во Катар е најголемата база на САД во регионот.