Селими запиша победа над Камен Фарисев од Бугарија (6:2), Григориос Гавалас од Грција (7:3), Петар Марчета од Босна и Херцеговина (8:0), Ахмед Бунда од Босна и Херцеговина (6:0) и Тодор Димитров од Бугарија (3:1).Во истата категорија бронза освои Ајан Муареми, откако во репасажот ги совлада Аргириос Харос од Грција (8:0), Јан Мариќ од Хрватска (5:0), Лука Дуровиќ од Хрватска (6:4) и Чаглар Шахин од Турција (3:0).
Со златен медал се закити и Александар Петровски во категоријата -30 кг. до 10 години. Петровски на патот до првото место ги победи Божидар Петровски од Бугарија (8:0), Василије Скатариќ од Црна Гора (8:0), Василеиос Кацунис од Грција (6:0), Омер Бектас од Босна и Херцеговина (2:2) и Ертугрул Појраз од Турција (6:3).Претходно злато освои и Сара Муадини, додека со бронза се закити Софија Топалоска. Повеќе прочитајте ТУКА