Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска ја информира јавноста дека јавното претпријатие ЈСП Струмица Транспорт е исклучено од струја поради долг од 2 милиони денари.
Според Костадинов, овие пари не можеле да се платата, затоа што се чекал поврат на ДДВ од Управата за јавни приходи во висина погоелма од милион евра.
„Во екот на огромна тага и жалост, договорките ВЛАДА ВМРО ДПМНЕ-ЕВН за СИСТЕМСКИ обид за рушење на дигнитетот, авторитетот на општинските јавни претпријатија, денеска за долг од 2.000.000 денари верувале или не, ја исклучија струјата на ЈСП Струмица транспорт. Во превод, немањето разбирање дека нашата влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, за инает не само мене, туку и на цела Струмица ни должи 69.000.000 денари по основ поврат на ДДВ, доведува до ситуација владата да го блокира општинскиот превоз за учениците! Овој срам во ова тешко време нема да дозволам да и го правите на Струмица. Системот и монополите ќе паднат!“, порача Костадинов.