Не знам кој ќе остане таму, кој ќе замине или кој планира да оди. Искрено, не ми е ни гајле. Она што ми е важно е како нашите партнери нè доживуваат. И ние сме апсолутно искрени и транспарентни. Не сакам никакви недоразбирања, рече украинскиот лидер на денешната прес-конференција со турскиот претседател во Анкара. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија закажана за оваа неделаза 10 март. Тој ја критикуваше средбата меѓу американски и руски претставници како „разговори за Украина без Украина“ и посочи дека сака да избегне неговата посета да биде поврзана со разговорите. Тој тврди дека за руско-американската средба дознале од медиумите.– За средбата дознавме од медиумите.
Не знам кој ќе остане таму, кој ќе замине или кој планира да оди. Искрено, не ми е ни гајле. Она што ми е важно е како нашите партнери нè доживуваат. И ние сме апсолутно искрени и транспарентни. Не сакам никакви недоразбирања – рече Зеленски на денешната прес-конференција со турскиот претседател во Анкара, одговарајќи на прашање на новинар на Укринформ. Зеленски рече дека со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган разговарале за различни за различни опции и за „глобалните процеси кои би можеле да доведат до крај на оваа војна“. За траен мир, рече тој, „важно е да не се прават грешки“. Тој нагласи дека „од суштинско значење е какви било разговори за завршување на војната да не се водат зад грбот на страните директно вклучени во неа“. Ердоган по средбата со Зеленски изјави дека Турција би била идеалниот домаќин за можните разговори меѓу Русија, Украина и САД.Во меѓувреме и Србија се понуди да биде домаќин на следните можни средби за преговори за мир во Украина.