При истовар на нафта од рафинеријата Панчево биле излеани околу 82.000 литри нафта во реката Дунав,соопшти Основното јавно обвинителство на Србија.
Веднаш по добивањето на известувањето, дежурниот обвинител излегол на терен и извршил увид со полицајците на СВ Панчево, во присуство на подрачните инспектори за заштита на животната средина, републичките инспектори за безбедност на пловидбата, како и републичкиот инспектор за превоз на опасни материи. Институтот за јавно здравје зел мостри од вода во околината каде што истекла нафтата, за да го утврди степенот на загаденост, додека надлежни инспекции преземаат понатамошни мерки и дејствија поврзани со споменатиот настан и утврдување на причината.