Василики Николопулу (11) исчезнала вчера вечерта во 21 часот и 10 минути.
За исчезнувањето на девојчето денеска била информирана организацијата „The Smile of the Child“ и веднаш по наредба на обвинителот бил активиран механизмот за тревога Амбер бидејќи постојат причини да се верува дека нејзиниот живот е во опасност, јавуваат грчките медиуми.
Василики има кафена коса и кафени очи, висока е 150 сантиметри и со нормална тежина.На денот на нејзиното исчезнување носела бел фустан и бели влечки.Секој кој има информации за девојчето се замолува веднаш да ја извести организацијата или да се обрати во полиција.