Италијанската управа за заштита на податоци (ГПДП) денеска покрена истрага против кинескиот стартап за вештачка интелигенција „ДипСик“, забранувајќи и да ги обработува податоците на италијанските корисници. Регулаторот рече дека ја донел оваа одлука бидејќи добил „целосно несоодветни“ одговори од компанијата на нејзините прашања за употребата на лични податоци. Администрацијата во вторникот објави дека ја прашале компанијата како се собираат личните податоци, од кои извори, за каква цел и каде се чуваат. Одговорот бил дека овие компании немаат дејност во Италија и дека за нив не важат европските закони.
Незадоволни од овој одговор, Управата денеска им нареди на кинеските компании кои обезбедуваат услуги на четботот ДипСик веднаш да престанат да ги обработуваат податоците на италијанските корисници. Италијански надзорник го казни ОпенАИ со 15 милиони евра во декември за користење лични податоци во неговиот популарен чет-бот Чат-џи-ти-пи, но американската технолошка компанија рече дека ќе поднесе жалба. Истрагата започна во март 2023 година кога Администрацијата привремено го блокирашеЧат-џи-ти-пи за да ја заштити доверливоста на податоците, со што Италија стана првата западна земја што презеде таква мерка.