Оттаму информираат дека деновиве ќе организираат онлајн обука за здраствени работници за следење на протоколите. Епидемиолозите од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се во редовна комуникација со двете позитивни лица на MPOX, како и со посочените контакти. Двете позитивни лица на MPOX се во добра здравствена состојба. Нема нови сомнителни случаи на MPOX испратени на тестирање и нема нови позитивни случаи на MPOX. Никој од посочените контакти не пријавува симптоми на MPOX, информираат денеска оттаму.
„ИЈЗ објави препораки до граѓаните на веб-страницата и отвори две нови линии за консултации на граѓани и здравствени работници. Изработен е и водич за здравствени работници со препораки и патеки на движење за суспектни случаи на MPOX кој беше доставен до Министерството за здравство и од таму проследен до надлежните здравствени институции“, пишува во соопштението. Оттаму информираат дека деновиве ќе организираат онлајн обука за здраствени работници за следење на протоколите. Засега ризикот за ширење на оваа болест во нашата држава останува низок. Извор: Новинска агенција МЕТА