Аднан Џаферовски, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), е меѓу новоосомничените во истражната постапка за пожарот во Кочани во кој загинаа 61 лице, а околу 200 беа повредени, потврдува извор од истрагата.
Џаферовски, како кадар на СДСМ, раководеше со ДЗС од август 2017 година до ноември 2020 година, кога на чело на иституцијата застана Беким Максути (ДУИ), кој беше осомничен при отворањето на истрагата на 21 март. Со проширувањето на истрагата е опфатен и актуелниот министер без ресор Шабан Салиу, во својство на поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување.