Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок функционер на Алијансата за Албанците, Арбен Фетаи, со емотивна порака им се обрати на членовите, симпатизерите и поддржувачите на партијата, нагласувајќи дека оваа политичка структура не е само партија, туку чувар на идеал и кауза која никогаш не се предала. „Вие што ја изградивте оваа Алијанса со труд и посветеност, дури и кога сè беше против нас. Вие што бевте прогонувани поради вашите политички убедувања и не се предадовте повеќе од 20 години. Вие што не дозволивте Алијансата да стане алатка за лични интереси“, истакна Фетаи.
„ДУИ мора да се соочи со вистините што ги избегнуваше две децении. Ова не е борба за поединец, ова е борба за достоинството на сите нас“, рече тој. Фетаи порача дека неговиот глас е гласот на членовите и на сите оние што не се предаваат и не се продаваат: „Ние сме гласот на патот на Арбр. А тој пат никогаш не минува преку Али Ахмети или преку некој што не ѝ го посакува доброто на нашата заедница.“