28.8 C
Скопје
14/06/2025 11:22
МАКТЕЛ

   

И да се случи, не треба многу да се очекува од можната средба на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот премиер Росен Жељазков на самитот на НАТО во Хаг на 24 и 25 јуни. Всушност, не треба ништо да се очекува

      

Единствено двете политички гарнитури да си ја засилат позицијата во сопствената јавност. Македонските претставници да тврдат дека вината е само кај Софија, бидејќи таа не е подготвена на компромиси и „креативно решение“ од страна на ЕУ, а бугарските политичари ќе тврдат дека напредокот е поврзан со францускиот предлог и исполнување на условите во него. И така ќе се заврти уште еден круг.

Едно мало потсетување не е на одмет да се претпостави каков би можел да биде резултатот од овие можни разговори. На почетокот на октомври 2021 во Брдо кај Крањ, во време кога Словенија беше претседавач со ЕУ и се одржуваше самитот на Унијата со Западен Балкан, се одржаа два вакви слични состаноци од кои не произлезе ништо. Тогаш македонски премиер беше Зоран Заев, а бугарски претседател Румен Радев. Во Бугарија се очекуваше одржувањето на парламентарни избори. И тогаш околу нив беше силна меѓународна екипа. Заев и Радев имаа работен појадок со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, и словенечкиот премиер Јанез Јанша. Потоа имаше и друга средба на Радев и Заев, на која како „олеснувачи“ беа францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка, Ангела Меркел. И од двете средби, поврзани со бугарската блокада на Македонија за ЕУ имаше едно – големо ништо.

   

Потсетување на Брдо

Заев, очигледно резигниран, од Брдо изјави дека „чекорите и блокадите што ги презема бугарскиот преседател Румен Радев во името на Бугарија се навреда за македонските граѓани… Двете страни, веднаш по изборите во Бугарија и во Македонија, како што ни прилега со искрена политичка волја да преземеме одлучни чекори за решавање на отворените прашања. Но, исто така не е нова вест дека нашиот гласен став за идентитетските прашања е дека македонскиот идентитет не може да биде тема за преговори… За жал, и на огромно разочарување, мое лично и верувам на сите наши граѓани, блокадата доаѓа од нашиот сосед Бугарија“.

Радев зборуваше сосема друго: „Клучот за согласност на Бугарија воопшто не е сложен – се состои во целосно имплементирање на Договорот за добрососедство. Потоа, македонските Бугари да бидат подеднакво рамноправни со останатите седум народи наведени во Уставот на Македонија и тоа треба да биде јасно наведено во Уставот. Второ, македонските Бугари да бидат јасно наведени во резултатите од пописот. Трето, како што беше признаена историската вистина во односите со Грција, истото да биде сторено и со Бугарија. Објективните факти од нашата општа историја не може да бидат подложени на мултиперспективно толкување“.Тогаш Радев на средбата со Макрон, Меркел и Заев ја потенцираше агендата 5+1. Полека, во наредните месеци, тоа нѐ донесе до компромисот наведен во францускиот предлог.

Мажи во костуми со вратоврски (бугарскиот претседател Руман Радев лево, македонскиот премиер Зоран Заев во средина, францускиот претседател Емануел Макрон во средина и македонскиот вицепремиер Никола Димитров десно) разговараат пред врата на просторија со бели ѕидовиМажи во костуми со вратоврски (бугарскиот претседател Руман Радев лево, македонскиот премиер Зоран Заев во средина, францускиот претседател Емануел Макрон во средина и македонскиот вицепремиер Никола Димитров десно) разговараат пред врата на просторија со бели ѕидови

Сега Софија не зборува за некоја друга агенда, туку за исполнување на одредбите од францускиот предлог и постојано нагласува дека веќе нема билатерално прашање, туку работите се сведени на односите на Македонија со ЕУ.Затоа, по острите реакции од Софија, откако беше изречена осудителна пресуда една година затвор условно за претседателот на згаснатиот клуб од Битола, „Ванчо Михајлов“ (од МНР, од ГЕРБ и други политички партии) не може да се очекува речиси ништо од нашите постојани повици бугарскиот претставник (прво претседателот, а сега премиерот) да „дојде на средба во пет до пет“, за да се разговарало за евентуален пробив за излез од ќорсокакот. Па, да биле присутни Фон дер Лајен, па Антонио Кошта, Каја Калас, па ако може и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Кога паѓаат ракети во Иран, кога израелските напади го убија првиот ешалон на војската и Револуционерната гарда на режимот во Техеран, кога Израел е нападнат со ирански балистички проектили, кога Газа е спржена земја и уште повеќе се спржува; кога Русија не ни помислува да го намали интензитетот на војната во Украина, кога Европа забрзано почнува чекори за милитаризација, кога Доналд Трамп бара од членките на НАТО да го зголемат вооружувањето на пет отсто од БДП – кога толку многу влогови ќе бидат на масата на лидерите на Алијансата, изгледа политички прилично наивно да се верува дека во Хаг темата Македонија-Бугарија ќе биде важна за високопрофилен состанок. Тој во некоја рамка може и да се случи, но да се очекува нешто продуктивно од неа е речиси илузорно.

Сиљановска вчера изјави дека за неа не е проблем да разговара со бугарскиот премиер (иако, тврди, би било пологично да разговара со претседателот) за да се деблокира патот кон ЕУ.„Јас за евентуална средба разговарав со господинот Антонио Кошта, негов беше предлогот. Во меѓувреме јас не знам, јас ќе бидам таму ако ми е мене редот. Предлогот дојде од господинот Антонио (Кошта) и сега кога бев во Ница тој ме информираше дека нема да дојде господинот Радев на Самитот на НАТО, туку ќе дојде Жељазков. Јас секогаш велам дека може да дојде до израз европската креативност, која неколкупати сме ја виделе, еве и во овој случај заради доброто на регионот и заради можеби најважниот процес во моментов европски – процесот на проширување“..

Сијарто и вината на Софија

Додека таа ги изговараше овие зборови, на друго место во Скопје, унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, речиси и да ја отфрли вината од Софија за ќорсокакот во кој е Македонија. Не била толку виновна Бугарија, туку значаен број западноевропски земји, чии лидери ги мамеле македонските граѓани. Сијарто, чија влада е во постојан судир со ЕУ поради непочитување на владеењето на правото и големото богатење, и тоа од фондовите на ЕУ, на круговите околу премиерот Виктор Орбан, додаде уште една (прилично голема) тула во градењето на евроскпетицизмот во нашата јавност. Унгарија е во ЕУ, земаше големи пари две децении од ЕУ за да се развива и сѐ уште зема и покрај некои ограничувања, сега како да гради антиевропска агенда во Македонија. Во чиј интерес? На Будимпешта? Или на сегашниве владетели во Скопје.

Зборовите на Сијарто во Скопје се амблематични и затоа треба некои од нив да се цитираат за да се види со кого Македонија склучи договор за стратешко партнерство. А и македонската јавност да се потсети зошто унгарското претседателство со ЕУ го стави на дневен ред и го поддржа одвојувањето на Албанија од Македонија во процесот на пристапување. И зошто унгарската влада склучи важен договор со бугарската за непречено снабдување со руски гас, отако запре славината низ Украина?„Бугарија навистина отворено ги попречува вашите настојувања за интеграција, но вие не чекате поради тоа 20 години во редот, поради тоа што Бугарите се спротивставуваат. Не лутете се, но морам да кажам дека ситуацијата во врска со тоа е многу потешка. Во овој момент оние држави-членки во ЕУ коишто го поддржуваат проширувањето кон Западен Балкан се малцинство…

Поголем дел од државите-членки кога доаѓаат кај вас, јавно ви зборуваат со убави зборови колку многу го поддржуваат зачленувањето на Северна Македонија во Европската унија. Но кога остануваме сами зад затворени врати, ние 27 земји-членки, тогаш мнозинството веднаш почнува да зборува за тоа зошто не би можела ЕУ да се проширува кон Западен Балкан…Искрено можам да кажам дека западноевропските држави кога зборуваат за проширувањето ве мамат, бидејќи некои од овие држави од регионот чекаат на прием повеќе од 15 години“, кажа Сијарто.

Потоа ѝ даде посредно право на Софија за блокадата на Македонија поради бугарското малцинство, зборувајќи како Будимпешта ја блокира Украина во пристапувањето кон ЕУ поради унгарското малцинство таму. Во поткарпатскиот дел живеат 156.000 етнички Унгарци. Тоа е големо малцинство, вели Сијарто. Во бројка тоа навистина изгледа големо малцинство, но претставува само 0,4 отсто од вкупното население на Украина. И Сијарто вели дека додека не му се почитуваат неговите права, кои официјален Киев ги намалил, тогаш Будимпешта ќе ги блокира натамошните преговори. „Унгарското малцинство постојано е под ограничивања во користењето на мајчиниот јазик, постојано се ограничуваат нивните права на полето на образованието, јавната управа, медиумите… И доколку зборуваме за европските вредности, тогаш заштитата на националните малцинства е еден многу важен аспект во ЕУ и јас не можам да замислам една држава членка на ЕУ која отворено ги крши сите овие важни европски вредности. Така што ние од наша страна велиме ‘да’ за зачленување на Западен Балкан, а ‘не’ за зачленување на Украина”, нагласи Сијарто.

Човек со очила и сериозен израз на лицето, со бела кошула, палто и вратоврска (унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто) гледа пред себе со слушалка на десното увоЧовек со очила и сериозен израз на лицето, со бела кошула, палто и вратоврска (унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто) гледа пред себе со слушалка на десното уво

Семе на сомнеж

Некој ќе рече дека ситуациите се различни, но суштината е иста – една земја членка ја блокира Украина поради нејзиното етничко малцинство. И што е толку многу поразлично кога поради промената на уставот и внесување на бугарското малцинство Софија ја блокира Македонија? Во основа, Сијарто дава совети кои Македонија ја оддалечуваат од ЕУ.

Се разбира, Сијарто не може да даде примери на земји кои не ја сакаат Македонија (и другите земји од Западен Балкан) во ЕУ, но може да посее семе на сомнеж. Гротескно е што Сијарто и владата на Виктор Орбан сега е дел од групацијата на најголемите скептици за проширувањето на ЕУ, а зборуваат дека некои други не сакале нови членки на Унијата. Некои од таа политичка групација, Патриоти за Европа, отворено се залагаат веднаш да прекинат преговорите со кандидатите за членство во ЕУ. Најпроминентен член на оваа групација е Националниот собир на Марин Лепен, чиј европратеник за извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија предложи амандман веднаш да прекинат преговорите на ЕУ со нашата земја.

Премиерот Христијан Мицкоски на крајот на мај беше на Конференцијата на конзервативната политичка акција во Будимпешта, на собирот на унгарската франшиза на оваа американска политичка организација. За да бидат работите појасни, еве го составот на учесниците на оваа конференција, која во дел од македонската патриотска јавност беше претставена како голем политички настан. На неа зборуваше и Петер Сијарто, а другите учесници речиси унисоно се против какво било проширување на ЕУ. Дали на нив мислел Петер Сијарто не знаеме.Кој беше во Будимпешта на дводневниот собир, покрај високите унгарски владини претставници и врвни членови на партијата Фидес, вклучувајќи го и премиерот Виктор Орбан?

Првиот ден зборуваше премиерот на Грузија, Иракли Кобахиѕе, кој ефективно ги замрзна преговорите на неговата земја со ЕУ до 2028, ги затвори европските институции во Тбилиси и ја носи државата во орбитата на Москва. Потоа, зборуваше и големиот евроскептик од Чешка, поранешниот премиер Андреј Бабиш. Свои обраќања имаа лидерот на крајната десница во Австрија, Херберт Кикл, потоа уште подесниот од него, претседателот на шпанската партија Вокс, Сантијаго Абасакал, па левичарскиот популист од Словачка, премиерот Роберт Фицо; поранешниот премиер на Полска, Матеуш Моравјецки, лидерката на популистичката екстремно десничарска партија од Грција, Глас на разумот, Афродити Латинопулу. Главни ѕвезди беа копретседателката на екстремнодесничарската Алтернатива за Германија, Алис Вајдел, и лидерот на уште подесната партија од Холандија ПВВ, Герт Вилдерс. Не помало внимание привлече и познатата инфлуенсерка од Холандија за овие патриотски кругови – Ева Влардингербрук.

Во тоа друштво зборуваше Христијан Мицкоски, како единствен претставник од групацијата на Европската народна партија. Дури ни партијата на Александар Вучиќ (големиот пријател на Орбан), која е дел од ЕПП, не испрати свој претставник таму. Ниту пак партијата на Јанез Јанша. Тие се патриоти, но не сакаат да се врзуваат со Патриоти за Европа. Мицкоски зборуваше на последната сесија насловена „Господ, татковина, семејство“.

Еве само неколку реченици од тоа обраќање:„Патриотизмот не е некаква ретро идеја, туку единствениот пат кон просперитетна иднина.Прво и основно – Бог. Не како апстрактна идеја, туку како жив Творец кој нè повикува на вистина, правда и на милосрдие…И конечно – семејството. Најсветата институција што ја создал Бог“.Па цитираше делови од Библијата, а рече и дека се присетил и „на еден впечатлив говор на претседателот Трамп“.

Тоа е друштвото во кое сега повеќе се препознава лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, кое е екстремно десничарско, кое е против прошуравањето на ЕУ, особено кон Западен Балкан; во кое лагодно се чувствува и пропагира Петер Сијарто и потоа среде Скопје фрла „гачки“ дека некои други во ЕУ, од други политички групации, ја спречувале Македонија на патот кон ЕУ. Дека главниот виновник не била Бугарија.

Ако не е Софија, тогаш зошто македонските раководители треба да разговараат со бугарските првенци? Да им помогнат политичарите од Софија за заедно да ја урнат блокадата од „лицемерните” западноевропски центри? Па тогаш, целата антибугарска кампања на владејачките сили во Македонија и нема никаква смисла, кога „непријателот“ бил на некое друго место. Како што тврди Петер Сијарто. (Dw)

Љупчо Поповски

   

Најново

ВМРО ДПМНЕ: СДС да се извини што лажеше за Кочани, опфатен е широк круг на луѓе под обвинение

Sase Ivanovski

„Без кралеви“: Масовни протести во големите градови во САД против воената парада на роденденот на Трамп

Sase Ivanovski

Митески: Општина Аеродром активно работи на подобрување на животната средина и подобрување на јавниот простор

Sase Ivanovski

Заедничка кампања на ЕУ и БЈБ за поголема заштита на луѓето кои пријавуваат корупција

Sase Ivanovski

Разбојници од Куманово следеле човек што менувал девизи, со тупаници го онесвестиле и го ограбиле

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Израелски авиони удираат врз Иран, ирански ракети паѓаат врз Ерусалим и Тел Авив

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Хрватскиот конзул во Израел и сопругата се ранети, иранска ракета ја погоди нивната зграда во Тел Авив

Sase Ivanovski

Виетнам стана „земја партнер“ на БРИКС

Sase Ivanovski

Се чисти кејот на Вардар во Скопје, ангажирани се градските јавни претпријатија

Sase Ivanovski

Сообраќајот во Дебар Маало може да се ограничи во викендите, а граѓаните да решат дали така ќе остане

Sase Ivanovski

СУДБИНСКО ЗАДОЦНУВАЊЕ ОД 10 МИНУТИ Буми ја избегнала смртта откако го пропуштила кобниот лет во Индија

Sase Ivanovski

НОВИОТ PEUGEOT E-208 GTi УШТЕ ПОГОЛЕМО ЗАДОВОЛСТВО. ПОВЕЌЕ GTi ОД КОГА И ДА Е!

Sase Ivanovski

САД распоредуваат воени сили на Блискиот Исток поради тензиите меѓу Израел и Иран

Sase Ivanovski

СЕ ГЛЕДА КРАЈОТ НА КРИЗАТА НА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Следната година се очекува раст од 1,5%

Sase Ivanovski

Средба на поранешниот претседател Пендаровски со Чешкиот претседстел Петр Павел

Sase Ivanovski

Кривични пријави против две правни и две физички лица за бесправно градење во Пехчево

Sase Ivanovski

Во Финска заврши истрагата за оштетените енергетски и телекомуникациски кабли во Балтичкото Море

Sase Ivanovski

Иницијативата „Сапорт Кочани“ сработи повеќе за луѓето од Кочани отколку 10-те македонски влади сосе оваа на Мицкоски

Sase Ivanovski

Иран преку воената новинска агенција Фарс се заканува со напади врз американски бази на Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Квалитетот на живот како политичка илузија

Sase Ivanovski

ШЕСТ ДОЛГИ КОЛОНИ ВОЗИЛА НА ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА: На „Богородица“ се чека со часови

Sase Ivanovski

Град Скопје дава до 20.000 денари за купен инвертер, објавен е повикот

Sase Ivanovski

Охрид е СУПЕР… секој ден 14.06.2025 година, Сараиште, Охрид, Република МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Оклахома не се предава: Го врати „брејкот“ и израмни во финалето против Индијана!“

Sase Ivanovski

Семејствата на загинатите во „Пулс“ денеска ќе одржат уште еден „Марш за ангелите“

Sase Ivanovski

Без струја денеска ќе бидат делови од две села во Скопско

Sase Ivanovski

Бекам ја доби титулата „Сер“

Sase Ivanovski

Исчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав

Sase Ivanovski

Утврдени уште 8 кандидати за градоначалници од ВМРО–ДПМНЕ

Sase Ivanovski

„На здравје за молкот“

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Иран утрово започна нов напад со ракети, сирените повторно ечат низ Израел

Sase Ivanovski

Лидерки на фирма-секта од САД ги терале следбеничките на интимни односи со клиенти, може да лежат 20 години затвор

Sase Ivanovski

Само 23 приватни фирми во Македонија имаат над 1.000 вработени

Sase Ivanovski

Почнува уписот во средните училишта

Sase Ivanovski

ТЕНДЕНЦИЈАТА Е СДСМ ДА ОСТАНЕ БЕЗ ОПШТИНА Мицкоски очекува огромна победа на локалните избори

Sase Ivanovski

ВОЗАЧОТ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА Избувна пожар во камион кај Групчин

Sase Ivanovski

БУГАРИЈА ВЕ БЛОКИРА, НО ПОРАДИ ДРУГИ ЧЕКАТЕ 20 ГОДИНИ Сијарто нагласи дека Македонија има малку поддржувачи во Унијата

Sase Ivanovski

КОЧАНИ ЗАД АГОЛОТ

Sase Ivanovski

Венко Крстевски- Ќе се кандидарам како независен за градоначалник на Кочани

Sase Ivanovski

Пред нас е вистински летен викенд, сончев и топол

Sase Ivanovski

Во април издадени драстично поголем број дозволи за градење, најмногу се за згради во Скопје

Sase Ivanovski

„Со пари, врски, закани – виновниците се спасуваат“, велат огорчените родители на загинатите во Кочани

Sase Ivanovski

Трамп: Иран има уште една шанса за нуклеарен договор

Sase Ivanovski

ИРНА: Во израелските напади врз Иран загинаа 18 луѓе

Sase Ivanovski

Нови ракетни удари врз Техеран, иранската армија пресретна проектили

Sase Ivanovski

Македонските и бугарските историчари повторно не се договорија ништо, атмосферата била најдобра за време на ручекот

Sase Ivanovski

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,Мицкоски да каже за неговата врска со Нацев од Рубикон

Sase Ivanovski

АЕОИ: По израелските напади истекува радиоактивен материјал во нуклеарниот комплекс Натанц

Sase Ivanovski

Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран

Sase Ivanovski

НЕМА ВЕЌЕ ИСКЛУЧУВАЊЕ ОД СТРУЈА ВО ЗИМА Новиот закон предвидува „енергетска сиромаштија“

Sase Ivanovski

Дива депонија во Гази Баба ја загрозува струјата за цело Скопје – Арсовска вели институциите да не молчат

Sase Ivanovski

ТЕНДЕНЦИЈАТА Е СДСМ ДА ОСТАНЕ БЕЗ ОПШТИНА Мицкоски очекува огромна победа на локалните избори

Sase Ivanovski

ОПЕРАЦИЈАТА ЌЕ ТРАЕ СО ДЕНОВИ, ПОГОДИВМЕ И НАУЧНИЦИ За Нетанјаху нападот врз Иран е „историски“

Sase Ivanovski

ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИТЕ КОН БЛИСКИОТ ИСТОК Заглавени патници на повеќе аеродроми поради нападот на Израел врз Иран

Sase Ivanovski

ОСУДЕН Е ЗА ВЕЛИЧЕЊЕ НА ЛИКОТ НА МИХАЈЛОВ Условна од една година за претседателот на битолскиот клуб „Ванчо Михајлов“

Sase Ivanovski

Без мигранти ЕУ ќе го обере бостанот

Sase Ivanovski

Трамп против Калифорнија – која е вистинската борба?

Sase Ivanovski

ВАКА ИЗГЛЕДА НОВИОТ ПАТ ОХРИД-СВЕТИ НАУМ Нов асфалт, нови огради и проширувања на коловозот

Sase Ivanovski

ПИЈАН МОТОРЏИЈА ПРЕГАЗИЛ 9-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО РАДОВИШ Полицијата го уапси, детето е тешко повредено

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ СО НАД 200 АВИОНИ ГО НАПАДНА ИРАН Убиени тројца генерали, офанзивата продолжува

Sase Ivanovski

ИРАН ПРЕТРПЕЛ ГОЛЕМА ШТЕТА?! Израелските напади сериозно го оштетиле нуклеарниот објект во Натанз

Sase Ivanovski

32 АВИОНИ БИЛЕ ПРЕНАСОЧЕНИ КОН КИПАРСКИ АЕРОДРОМИ Крајна дестинација им бил Израел

Sase Ivanovski

АВИОНОТ НА НЕТАНЈАХУ СЛЕТА ВО АТИНА Дали израелскиот премиер бара засолниште во Грција?

Sase Ivanovski

СЕ ЧЕКА ОДМАЗДА ОД ИРАН – ИЗРАЕЛЦИТЕ ВО ПАНИКА ГИ ПРАЗНАТ ПОЛИЦИТЕ ЗА ХРАНА И ЗА ВОДА Болниците отпуштаат пациенти, се спремаат за жртви

Sase Ivanovski

ПОДОБРО ДА СЕ СПРЕЧИ, ОДОШТО ДА СЕ ЛЕЧИ Зошто Израел токму сега го нападна Иран?

Sase Ivanovski

СИЛНОТО ПАРТНЕРСТВО СО УНГАРИЈА Ѝ НОСИ ОГРОМЕН БЕНЕФИТ НА МАКЕДОНИЈА Сијарто и Муцунски ќе потпишат важен стратешки договор

Sase Ivanovski

ПОРАДИ ДРУГИ ЧЕКАТЕ 20 ГОДИНИ Сијарто нагласи дека Македонија има малку поддржувачи во Унијата

Sase Ivanovski

НЕКОЈ НА МАТКА ЌЕ МОЖЕ ДА СИ РАЗМЕНИ СТРУЈА СО НЕКОЈ ВО АЕРОДРОМ Еве зошто инвестирањето во панели и во батерии ќе стане лесно и исплатливо

Sase Ivanovski

СДСМ: Зошто се штити оној кој ја дал наредбата за затворање на вратата на дискотеката ,,Пулс”?

Sase Ivanovski

Дино Мерлин ќе донесе неколку милиони евра приход за Штип: Најавено е мега шоу во септември!

Sase Ivanovski

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ поддржува една изборна единица

Sase Ivanovski

Јанев: Со дигитализацијата е зголемена бројката на откриени бегалци барани со потерници на граничните премини

Sase Ivanovski

Од четврти до шести јули на стадионот во Штип ќе се одржи The festival, и најавено е гостување на околу 30 познати музички имиња – Бесплатен влез и хуманитарни билети од 1.500 денари за Кочани на The Festival: Архангел, Мизар, Фолтин и Кирил Џајковски помеѓу десетиците гости!

Sase Ivanovski

Татко од Куманово си ја силувал малолетната ќерка

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра

Sase Ivanovski

СО ПАМЕТНИТЕ БРОИЛА ЌЕ ЗАБОРАВИМЕ НА ПАУШАЛИТЕ Што точно добиваме како потрошувачи со новиот закон за енергетика?

Sase Ivanovski

Грузија продолжува со апсења на водечки опозициски фигури – Ника Гварамија во притвор до девет месеци

Sase Ivanovski

ФЛЕКС КРЕДИТ ПРИСУТЕН И ВО ЦРНА ГОРА Компанијата отвори ново поглавје во работењето

Sase Ivanovski

ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПОТЕГ НА ВУЧИЌ Српскиот претседател ја посети Украина прв пат по избувнувањето на војната

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА БЕСНО ЗАПУКА ПО ЈОЦИ И ПО ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ „Да завршам со Висар Ганиу во Чаир, па ќе дојдам во Кисела Вода“

Sase Ivanovski
Вчитувам....