Ќе го запре ли новата Влада трендот на пропаѓање на јавните болници, училишта и општинските комунални претпријатија? Зошто овие непрофитните јавни установи кои се грижат за врвен јавен интерес како лекување, образование и водоснабдување се изложени на берзански цени на струјата. Ова е директен силен удар на централниот буџет. Ова не осиромашува сите нас. Струмичката болница е најсвежата жртва на погубната енергетска политика што спрема јавниот сектор ја водеше сега веќе бившата влада
Општата болница во Струмица ќе плаќа струја по цена што е за 9% повисока од цената на електричната енергија на референтната берза ХУПЕКС во Унгарија. Општата болница во Струмица е уште една жртва на трагикомичната енергетска политика на поранешната влада.
И покрај тоа што болницата задоволува врвен јавен интерес, а тоа е здравјето на сите жители на Општина Струмица и покрај тоа што оваа јавна установа е непрофитна организација која своите потреби ги намирува од централниот буџет таа е оставена во кош со сите други профитни организации и компании кои остваруваат профит и врз основа на тоа купуваат струја по пазарни цени.
Да биде иронијата уште поголема снабдувач на болницата е државната фирма за трговија со струја ЕСМ Продажба која е фирма ќерка на државниот производител ЕСМ.
Ова е уште еден директен удар за централниот Буџет од кој се планираат и црпат пари за сите државни органи, јавни установи, болници, училишта… За жал најголем број од нив се принудени иако се непрофитни организации да плаќаат струја која е поскапа од струјата што се продава на берзите.
Струмичката болница е само една од стотините државни институции кои мораат да плаќаат струја по цени повисоки од тие на берза. Тоа е наследство од поранешната влада која сама себе во една прилика се прогласи дека блеска во енергетиката за што доби во големи дози критики и потсмев од стручната и од општата јавност.
Дали новата влада ќе ја исправи оваа голема неправда на стотините непрофитни јавни организации пред се болници, училишта и општински комунални претпријатија? Да се надеваме дека тоа ќе биде така. Се што треба е да ги симне непрофитните установи од обврската да купуваат струја на слободен пазар. Да ги направи тарифни потрошувачи. И при тоа да не им обнува внимание на дежурните „плашила“ кои како папагали повторуваат дека „тоа не било европски“ и дека ќе следеле „негативни ставки во извештаите од Брисел“.
Струмичката болница од својот скромен буџет за период од една година планира да издвои 384.000 евра за струја. На тендерот дошле две понуди од кои едната била на локална струмичка фирма за снабдување со струја. Лицитацијата започнала со провизија од 13,2 отсто, а завршила на провизија од 9 отсто. Тоа значи дека од оваа зделка ЕСМ Продажба ќе си наплати 30.000 евра за провизија.
Со оглед на тоа дека имало само 2 понуди за снабдување и дека цената е провизијата е висока постои веројатност дека причината лежи во нарушената ликвидност и солвентност на струмичката болница. Токму тоа е рак рана на сите државни болници, училишта и коминални претпријатија. Нивната задолженост се повеќе ги загрозува нивните деловни активности.
Затоа што се несолвентни на нивните тендери најчесто се јавуваат тие што имаат финансиска кондиција да чекаат за наплата. За сметка на тоа пак „репаат“ високи провизии и заработки. На крај тоа е на штета на сите нас што го полниме буџетот. Оти ние ќе го платиме цехот.
Сите детали од договорот се на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/c2129960-6298-4383-8c52-62164add3e03