Се работи за една од највлијателните епархии на МПЦ-ОА, а целиот процес се одвива во тишина, без канонски консултации, без духовна подготовка, без јасна визија и што е најважно без одговорност кон верниците.
Ова поставување, тивко и со невообичаена брзина, отвора сериозни прашања:
– Кој и какви центри стојат зад ваквата одлука?
– Зошто се игнорираат духовници со децениско искуство, како постоечкиот викарен епископ?
Доколку ова сценарио се реализира, МПЦ-ОА ќе се соочи со историски преседан: митрополит без монашки стаж и без реален духовен пат.
Тоа не е само канонски спорно, туку и опасно за духовниот легитимитет на целата црква.
Архиепископот Г.Г. Стефан како духовен лидер, треба да знае дека довербата на паството се гради со искреност, канонска чистота и мудрост, а не со потези што личат на договарања зад затворени врати.Денес кога верниците очекуваат духовност, чесност и одговорност, МПЦ-ОА нема луксуз за да си игра со довербата.
Овој потег не е само контроверзен туку тој е и удар врз мисијата на црквата.
Па сходно на тоа логични се прашањата:
– Дали Македонската православна црква е духовна институција или пазар за лични агенди?
– Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор? Во време на духовен и општествен метеж, црквата треба да биде светилник, а не сенка на туѓи интереси“.