Министерството за внатешни работи (МВР) поведе дисциплинска постапка и за полицаецот кој прво одби, а потоа нареди пајакот да го крене „поршето“ управувано од ексминистерот Срѓан Керим паркирано на велосипедска патека пред ресторан во скопско Дебар Маало на 22 март, потврди МВР за телевизија Телма. На 4 април, МВР поведе дисциплинска постапка за двајца службеници од шестата управа, кои биле лично обезбедување на претседателката Гордана Силјановска Давкова, а кои лажно му тврделе на својот колега дека приватното „порше“ е службено. Од МВР и официјално ги потврдија исказите на очевидци дека обезбедувањето од шестата управа, било во ресторанот како придружба на сопругот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, Благоја Давков.
„Полициските службеници биле ангажирани за обезбедување на лице поврзано со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, конкретно нејзиниот брачен другар, кој во моментот бил присутен во угостителски објект. Активноста на полициските службеници е во рамки на редовните мерки и надлежности согласно Уредбата за обезбедување на личности и објекти“, одговорија од МВР за Телма.