И Судскиот совет е на иста линија со тетовските судии и известува дека во повтореното судење за прегазувањето на Теодора Ристовска во Тетово судијата не можел да изрече повисока затворска казна од 2 години, како што пресудил Апелацискиот суд во првичната постапка. И Судскиот совет е на иста линија со тетовските судии и известува дека во повтореното судење за прегазувањето на Теодора Ристовска во Тетово судијата не можел да изрече повисока затворска казна од 2 години, како што пресудил Апелацискиот суд во првичната постапка. „Согласно член 428 од Законот за кривичната постапка, ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција“, се вели во соопштението на Судскиот совет. И судиите од Тетово денеска ја бранеа одлуката на нивниот колега Ферати дека пресудата од 2 години затвор е исправна и е практилно максималната казна што можела да се изрече во повтореното судење.
По реакциите за ниската затворска казна за возачот Менсур Пајазити, која ја изрече судијата Ељмедин Ферати, семејството на прегазената девојка, премиерот Христијан Мицкоски и јавноста побараа реакција од Судскиот совет. Претседателот Александар Камбовски формираше работна група која го разгледа постапувањето во предметот од моментот на обвинението до пресудата во повтореното судење. Го пренесуваме известувањето во целост: ОЈО Тетово до Основен суд Тетово поднел Обвинителен предлог И КО.бр.172/23 од 06.06.2023 година за едно кривично дело – ТЕШКИ ДЕЛА ПРОТИВ БЕЗБЕДНОСТА НА ЛУЃЕТО И ИМОТОТ ВО СООБРАЌАЈОТ по член 300 ст.4 в.в. со член 297 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот Законик, за кое е предвидена казна затвор од една до пет години. Основниот суд Тетово по обвинителниот предлог оформил предмет К.бр.436/23 по кој е донесена пресуда на 30.11.2023 година со која на обвинетот судот му изрекол казна затвор во траење од три години и шест месеци. Против пресудата на Основниот суд Тетово К.бр.436/23 од 30.11.2023 година жалба до Апелациониот суд Гостивар изјавил обвинетиот преку бранител .
Со одлука на Врховниот суд на Република Северна Македонија , пресудата на Основниот суд Тетово К.бр. 436/23 од 30.11.2023 година и пресудата на Апелациониот суд Гостивар КЖ.бр.64/24 од 16.04.2024 година се укинуваат и предметот се враќа на повторно судење на првостепениот суд. По враќање на предметот во Основен суд Тетово, истиот добива нов број К.бр.117/25 и во работа го добил друг судија различен од судечкиот судија кој ја донел пресудата К.бр.436/23 од 30.11.2023 година. По одржана главна расправа на ден 07.04.2025 година по предметот К.бр.117/25 на која расправа обвинетиот дал признание на вина за предметното кривично дело кое му се става на товар со обвинението, Основниот суд Тетово го осудува на казна затвор во траење од две години. Согласно член 428 од ЗКП, ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција.