Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека Русија не бара капитулација на Украина, туку признавање на реалноста „утврдена на терен“.
Тој ова го кажа на пленарната сесија на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, каде Путин ја повтори својата теза дека ги смета Русите и Украинците за еден народ и изнесе територијална претензија.
-Верувам дека рускиот и украинскиот народ се еден. Во оваа смисла, цела Украина е наша. Каде и да стапне руски војник, таа е наша – рече тој.
Рускиот претседател додаде дека Русија никогаш не се сомневала во правото на Украина на суверенитет, но, исто така, дека Украина била неутрална држава за време на прогласувањето на независноста во 1991 година.Тој тврди дека Русија е принудена да воспостави безбедносна зона по должината на границата со Украина и ги оправда руските воени дејствија со постојаните напади на украинската армија врз граничните области на Русија.