На 30 јануари 2025 г., доставено е Барање од 20 пратеници до Претседателот на постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, преку Претседателот на Собранието за одржување на надзорна расправа на која ќе се расправа за ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје. На 6 февруари 2025 г. Претседателот на Постојаната анкетна комисја, г. Апасиев достави известување дека надзорната расправа ќе се одржи на 25 февруари 2025. Дел од членовите и замениците членови на Постојаната анкетна комисија за заштита на слoбодите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Северна Македонија, на 13 февруари 2025 година, под архивски број 17-933/1 до Претседателот доставија Известување во врска со надзорната расправа на Постојаната анкетна комисија за заштита на слoбодите и правата на граѓанинот на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“ закажана за 25 февруари 2025 година, СО КОЕ УКАЖУВААТ ДЕКА во врска со оваа јавна расправа има постапувања кои не се во согласност со Деловникот.
Овие укажувања беа проследени до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања согласно членот 62 точка 3 од Деловникот, а за што беше известен и г. Апасиев Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања го разгледа предметот и на 17 февруари заклучи дека не се почитувани процедуралните правила. Следствено, на 19 февруари, претседателот го информираше г. Апасиев дека закажаната расправа не може да продолжи под тие околности. Сепак, тоа не значи дека надзорната расправа нема да се случи; туку мора да се спроведе според утврдените процедури. За да се обезбеди правилен парламентарен надзор и да се одржи довербата на јавноста, 61 пратеник поднесоа ново барање во согласност со членот 214. Претседателот ја назначи Комисија за здравство како матично работно тело за расправата, гарантирајќи почитување на процедуралните правила, истовремено обезбедувајќи дека критичните прашања како што се загадувањето на воздухот и јавното здравје добиваат соодветно внимание. Комисијата за здравство сега соодветно ќе ја свика седницата, за да се погрижи расправата да се одвива на организиран, деловнички и законски начин. Собранискиот надзор е суштински, но и почитувањето на Деловникот за одржување на кредибилитетот и отчетноста. Собранието останува посветено на решавање на важни јавни прашања, истовремено обезбедувајќи процедурален интегритет .