Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Володимир Зеленски влегоа во војна со зборови откако американскиот лидер иницираше разговори со Русија за ставање крај на конфликтот, но не ја вклучи Украина. Откако Зеленски рече дека Трамп живее во „дезинформациски простор“, Трамп го нарече Зеленски „диктатор“ – забелешка што ја осудија сојузниците на Киев. Британски Би-Би-Си дава преглед на тоа што двајцата си рекле еден на друг, и како се развивале нивните односи со текот на годините: Зеленски е избран, а односите остануваат срдечни, 21 април 2019 година: На денот кога Зеленски е избран за претседател на Украина, Трамп, сè уште во првиот мандат, му се јавува на Зеленски за да му честита. Трамп вели дека тоа биле „неверојатни избори“ и додава дека „ќе заврши одлична работа“. 2019 година: Сојузниците на Трамп почнаа да ги поттикнуваат обвинувањата дека Џо Бајден, тогашниот демократски фаворит за претседател, лобирал во Украина да го разреши нејзиниот главен обвинител за да ја спречи истрагата за енергетската компанија Бурисма, во чиј Управен одбор членуваше неговиот син Хантер. Подоцна беше откриено дека наводите се измислени, а обвинителот беше отстранет од функцијата поради корупција. 25 јули 2019 г.: Во телефонски разговор што стана основа за првиот обид за отповикување на Трамп, претседателот на САД побара Зеленски да ги истражи обвиненијата. Зеленски рече дека доказите ќе бидат разгледани подоцна истата година.
29 септември 2020 г.: Во првата претседателска дебата меѓу Трамп и Бајден, Трамп алудира на обвинувањата, велејќи: „Штом станавте потпретседател, [Хантер] направи богатство во Украина и Кина и Москва и на разни други места“. Започнува војната во Украина, 24 февруари 2022 г.: Русија ја започнува својата целосна воена инвазија на Украина, која Трамп ја опишува како „ужасна“. Тој додава дека Зеленски бил „храбар“ што останал во Киев и тврди дека инвазијата „никогаш немаше да се случи“ доколку тој беше избран во 2020 година. 5 март 2023 г.: „Пред да пристигнам во Овалната соба, ќе ја решам катастрофалната војна меѓу Русија и Украина“, изјави Трамп на една конференција на конзервативците. „И ќе ми треба не повеќе од еден ден“, додаде тој. Мај 2024 г.: Мандатот на Зеленски истекува, но тој останува на функцијата бидејќи закажаните избори во Украина не се одржуваат додека во земјата е активна воената состојба. Тој претходно изјави дека „сега не е време за избори“. Изборната кампања во САД се засилува – исто како и реториката
22 септември 2024 г.: Зеленски изјави за магазинот Њујоркер: „Мислам е дека Трамп навистина не знае како да ја запре војната, дури и ако мисли дека знае како“. Тој додаде оти „многу“ лидери мислеле дека можат, но не можеле. 25 септември 2024 г.: За време на кампањата во САД, Трамп го обвини Зеленски дека „прави мали непријатни напади кон вашиот омилен претседател, јас“, додавајќи: „секој договор, дури и најлошиот договор, ќе беше подобар од она што го имаме во моментов“. 27 септември 2024 г.: Зеленски и Трамп се сретнаа во Њујорк. Зеленски рече дека имаат „заеднички став дека војната треба да се запре и [рускиот претседател Владимир] Путин не може да победи“, додека Трамп рече дека ќе ја реши војната „многу брзо“. 6 ноември 2024 г.: Трамп е реизбран за претседател на САД. Зеленски е меѓу првите светски лидери кои се јавија да му честитаат, пишувајќи кратко потоа дека со нетрпение очекува „силни“ САД под „одлучното раководство“ на Трамп. Администрацијата на Трамп почнува со работа и тензиите почнуваат да се растат 22 јануари 2025 г.: „Време е да се направи договор. Можеме да го направиме тоа на полесен или на потежок начин“, пишува Трамп на „Трут соушл“. Тој додава дека без договор, ќе биде принуден да постави дополнителни економски санкции кон Русија. 23 јануари 2025 г.: Трамп пред Светскиот економски форум рече оти Зеленски „сака да постигне договор“, но Путин „можеби не сака“. 15 февруари 2025 г.: Зеленски пишува дека почнал да работи со тимот на Трамп, додавајќи: „Светот гледа на Америка како на сила која има способност не само да ја запре војната, туку и да помогне да се обезбеди траен мир потоа“. 18 февруари 2025 г.: Во Ријад, Саудиска Арабија, започнаа разговорите меѓу САД и Русија за крај на војната. Зеленски им кажа на новинарите дека разговорите се одвиваат „зад грбот на Украина“, додавајќи: „Уште еднаш, одлуките за Украина се носат без Украина“. 18 февруари 2025 г.: По разговорите, Трамп рече дека е „разочаран“ од реакцијата на Украина и се чини дека ја обвини Украина за започнување на војната, додавајќи дека земјата „можеше да направи договор“ порано. 19 февруари 2025 г.: Зеленски вели дека американскиот претседател е во руски „дезинформациски простор“. Тој додава: „Силно стоиме на свои нозе. Сметам на… единството на Европа и прагматизмот на Америка“. 19 февруари 2025 г.: Трамп го обвини Зеленски дека ги убедил САД да потрошат 350 милијарди долари и дека половина од тие пари сега недостасуваат. Трамп го нарекува Зеленски „диктатор“ кој „завршил ужасна работа“. Извор: Новинска агенција МЕТА