22.8 C
Скопје
09/05/2025 16:29
МАКТЕЛ

     

Какво треба да биде новинарството – вистинито или неутрално

      

Но времињата се менуваат, и луѓето во нив, па и новинарите. Ова не е истиот свет од 1998 година. Информациите пристигнуваат од различни извори, од обични луѓе, од социјалните мрежи; сѐ изгледа наизглед достапно во рок од пет-десет минути. Во таквиот моментум, кој трае и трае, улогата на новинарството драматично се промени. Тоа не е случајот само во Македонија, туку и во глобални размери. Но кај нас новинарите и уредниците како тоа да не го забележуваат. Зборуваме за генералната слика.

Двете најголеми партии дневно ја тормозат јавноста некогаш и со по десетина соопштенија. Едни изнесуваат едни обвинувања, други потоа ги негираат и исфрлаат свои напади. Тоа веќе е претворено во карикатурално информирање. На пример, во драгоценото време на дневниците на телевизиите можете да видите видео инсерти од прес-конференција на едната голема партија за некоја тема, што сама ја одбира, а потоа видео реакција на другата партија. И прилогот завршува. Партиите, оние побогатите и помоќните, прават свои видео пресови и потоа ги дистрибуираат до редакциите. И во основа креираат свои вести. Телевизиите пренесуваат по некое парче од нив. И просторот, по навика е пополнет. Партиите со мал труд и скромни ресурси и се претставуваат на голема публика целосно бесплатно. Интересно е што неколкуте весници што останаа, а и порталите со посериозно екипирани редакции, се многу порестриктривни кон оваа партиска пропаганда. Изгледа нелогично, но тоа е така и добро е што е така.

   

Вирусот на „болеста“ што ја контролира политиката Може ли македонското новинарство да се ослободи од оваа „болест“ што ја зафати и по навика да се наслонува на неутралноста. Земете го последниот пример, за наводните воздушни бакнежи кои вицепремиерот Бојан Маричиќ ѝ ги испратил на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. Што видоа гледачите во телевизискиот пренос? Тоа беше гневната реакција на Стојаноска за нечии бакнежи на нечии кошули. Маричиќ тие наводи експресно ги демантираше. Во одбрана на Стојаноска зад наводниот сексизам на вицепремиерот застана нејзината пратеничка група. Потоа во одбрана на Маричиќ застана пратеничката група на СДСМ, тврдејќи дека Стојаноска сѐ измислила и дека бурата што избувна од неа била исценирана.

НовинарствоНовинарство Никаде новинарството не е надвор од општествената стварност, па така и во МакедонијаФотографија: Mihajlo Maricic/PantherMedia/IMAGO/ Mihajlo Maricic

Ред руда, ред кокс, и новинарската сторија завршува. Бидејќи телевизиските камери не снимија дали Маричиќ бил навистина непристоен или не, бидејќи сосем веројатно немало ниеден новинар во галеријата (тие одамна ги избегнуваат седниците на Собранието, затоа што се претворија во бесмислена арена на постојани меѓусебни напади, со исти напишани говори, а ораторството и добро осмислените поенти исчезнаа, па дури и не се сеќаваме на тие времиња), тогаш е најдобро да се поставите во графата – неутрални. Кој има време да трага во вистинитоста – дали навистина имало скандал и непристојност, или не. И така, за ден-два партиските штабови ќе продуцираат нова афера и скандал, па новинарските екипи ќе ги истoпорат микрофоните пред некој политичар кој ќе зборува за едно, а потоа ривалот ќе ги отфрла тие наводи како бесмислици.

Никаде новинарството не е надвор од општествената стварност, па така и во Македонија. Така не е и во Америка, на пример. Овој месец, новинарското име од САД кое најмногу го знае македонската (па и европската јавност) – Кристијан Аманпур, одбележува 40 години откако се вработи во Си-Ен-Ен и чекор по чекор, со огромен труд и професионализам стекна планетарна слава. Има поголеми новинарски имиња во Америка од неа, од живите на врвот несомнено е Боб Вудворд (еден од двајцата новинари на „Вашингтон пост“ што го откри скандалот Вотергејт), а меѓу легендите на кои до ден-денес им се поклонуваат се починатите Волтер Липман, Волтер Кронкајт, Барбара Волтерс, Едвард Муроу.

Со години, па и со децении, Аманпур проповеда дека „новинарството треба да биде вистинито, а не неутрално“, а оваа мантра изгледа повитална денес од кога било. И поради заканите за демократијата во САД, и поради страшната војна во Украина. Приказната за нејзината кариера е тесно поврзана со кредото за современото новинарство. Родена во Лондон од татко Иранец и мајка Англичанка, по студиите во САД таа се нашла во просториите во Атланта на новата телевизиска мрежа чија цел била да емитува само вести – Си-Ен-Ен. Еве делови од нејзината приказна, делумно раскажана од неа.

Пред 40 години таа беше електронски графички оператор во локална филијала на Ен-Би-Си, одговорна за различните елементи што се појавуваат во етер за време на емитувањата. Кога пристигнала во Атланта за да разговара за место во Си-Ен-Ен со регрутер имала само 100 долари во џебот и еден куфер.

„Тогаш регрутерот ме погледна и рече: ‘Ох, има слободно место во одделот за надворешна политика. Ти си странец. Оди пополни го“, раскажа Аманпур пред да добие овации во редакцијата во Њујорк за време на прославата на 40-годишнината од нејзината извонредна кариера.

Иако работата на асистент во оддел беше „многу, многу на дното“ на тотемскиот столб (Аманпур рече дека „не можеш да добиеш ништо пониско и не може да те платат ништо помалку“), позицијата ѝ понуди шанса да излезе од техничката линија на новинарството и да допре до уредувачката страна на бизнисот. Оттаму, со многу напорна работа, таа напредуваше, стана сценарист, теренски продуцент, известувач и на крајот известувач од странство.

Тогаш таа беше распоредена да ја покрие војната во Заливот и доби добар дел од известувањето за време на емитувањето од Саудиска Арабија. Нејзината судбина беше многу испреплетена со Си-Ен-Ен – и во раните 1990-ти, и двајцата „експлодираа во меѓународната свест“ во исто време.

Денес, името Аманпур е синоним за храбро известување на терен и остри, а не кавгаџиски интервјуа, барајќи одговорност од најмоќните – и, во некои случаи, немилосрдните лидери во светот. Но најголемо влијание врз неа оставила војната во Босна.„Тоа беше геноцид“, отворено зборува денес Аманпур, додавајќи дека покривањето на хуманитарната криза што се случи во земјата ја навело да го усвои нејзиниот заштитен знак „биди вистинит, а не неутрален“ како мото за новинарството.

„Бев сведок, заедно со моите колеги, кои беа агресорите“, објасни таа. „Немаше еквивалентност ниту фактички ниту морално. И не претставив никаква еквивалентност. Немаше ‘Едната страна, другата страна’. Во ситуации на грубо кршење на човековите права… не можете да бидете неутрални затоа што тогаш сте соучесник. Сето тоа ми дојде, и го дестилирав во: ‘Мораме да бидеме вистинити, а не неутрални’“, вели таа.

„И тоа се однесува на сè”, додава Аманпур. „Без разлика дали го покривате Доналд Трамп, дали ја покривате климатската криза, што и да покривате – апсолутно мора да бидете вистинити, што не значи необјективно. Објективно значи да ги покриваш сите страни. Тоа не значи да се дојдеш до ист суд за сите страни“.

Новинарството често потфрла

На многу јасен начин тоа има рефлексија на овдешните принципи на новинарството, осиромашено со инвестиции на издавачите или сопствениците, и осиромашено од квалитетен новинарски кадар. Тука нема навреди, туку само констатации. И поради тоа доаѓа до она што го кажува Аманпар: Едната страна го вели ова, а другата го вели она. Недостигот од ресурси, и парични и кадровски, води до таа линија каде што нема отпор. Или има некои други интереси. Или едноставно, линија на поводливост.

Кога пред некој ден пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, напиша енигматски пост на Фејсбук за потребата за обединување во неговата партија, главната вест во многу медиуми не беше самиот текст на објавата и зошто се случува токму сега, туку десетиците и десетиците реакции под него, во кои имаше исмејување, потценување, омаловажување и цинизам за она што го работат социјалдемократите и владата што ја предводат.

Веста не беше неговата објава, туку реакциите под неа, во голема мерка инструирани и инструментализирани веројатно од ривалскиот дигитален центар. Никој не се потруди да ја дешифрира оваа енигма на Костовски, да се обиде да ја открие вистинитоста во неа (ако ја има), туку реакциите беа површински, според политичката навика. Кодот на енигматската загатка се откри два дена подоцна, без новинарски придонес, со фотографијата на Димитар Ковачевски и Зоран Заев во седиштето на партијата и најавата за формирање на некаков стратешки тим.

Можеби најдобро е оваа експликација да ја завршиме со дел од подолгиот есеј за новинарството на Мартин Барон од март годинава. Барон беше главен уредник на „Вашингтон пост“ девет години до 2021 (па замина во пензија), а пред тоа 11 години на истата функција во „Бостон глоуб“. Македонската јавност знае за неговата личност, иако не и за името по извонредниот филм Spotlight (Под лупа) за неверојатното темелно истражување на „Бостон глоуб“ за систематското сексуално злоставување на деца од католички свештеници во бостонската диоцеза.

Мартин Барон вели вака:

„Денес, најчесто се поставува прашањето: Дали медиумите, придржувајќи се до традиционалните стандарди, беа дораснати да ја покриваат владата предводена од Доналд Трамп, со неговиот модел на лаги и антидемократски импулси? А сепак, практично сè што јавноста знае за неговите лаги и неговата злоупотреба на моќ е поради работата на мејнстрим новинарските организации.

Нема професија без маани. Не постои таква што секогаш ги исполнува своите највисоки идеали. Новинарството во никој случај не е исклучок. Честопати сме потфрлиле, срамно и страшно. Често правевме штета: Преку грешки при извршување и грешки при пропусти. Поради брзање и занемарување. Поради предрасуди и ароганција. Но, нашите неуспеси не беа принципиелни. Тие не успеаја да живеат во согласност со принципот. Можеме – и треба – да водиме енергична дебата за тоа како демократијата и печатот можат подобро да ѝ служат на јавноста“.

(Дојче веле)Љупчо Поповски

    

Најново

Момчето од Кочани кое денеска со часови беше залепено за бандера на плоштадот во Скопје, се симна и прозборе пред јавноста

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: БРЗАТА ПРУГА Е ПРОЕКТ НА СРБИЈА, НИЕ СЕ ЛЕПИМЕ НА ТОА КАКО КЛЕНОВИ

Sase Ivanovski

КОЈА Е СРПСКАТА АЛТА БАНКА ШТО ЈА „ПИКИРА“ НАШАТА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА – ова се податоците за нејзината сопственост и профити

Sase Ivanovski

ПРЕДЛОГОТ ЗА КАНДИДАТ ЗА ИДЕН ГУВЕРНЕР ЌЕ СЕ ЗНАЕ НА ПОЧЕТОКОТ НА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА – кој ќе седне на престижната функција во Народната банка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: Во градежната фирма до скоро имав околу 100 вработени, сега имам 20

Sase Ivanovski

ФЕД ГИ ЗАДРЖА КАМАТНИТЕ СТАПКИ И ПОКРАЈ ПРИТИСОКОТ НА ТРАМП – економијата и понатаму е под притисок поради царините

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: Профитните маржи на банките се 100 пати поголеми од тие на маркетите, но јавноста е гневна на маркетите?!

Sase Ivanovski

ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА ГИ ШОКИРАА ТУРИСТИТЕ: Еве што да очекувате сезонава во омиленото летувалиште

Sase Ivanovski

„ДА ВИ КАЖАМ КОГА ЌЕ СЕ ВРАТАМ ДА ЛЕЖАМ ЗАТВОР…“ – Горан Ангелов Ќосето со остра реакција за укинувањето на притворот на Јахоски

Sase Ivanovski

„НАРОДНА БАНКА ПОКАЖА ОТПОРНОСТ ВО СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ“: Кјобе, шефицата на Мисијата на ММФ во Македонија

Sase Ivanovski

ВО НЕГОТИНО Е ТРЕТИРАНО: Стручни лица ќе проверат од Кавадарци до Гевгелија дали се раширил отровниот плевел

Sase Ivanovski

ВОЈНИЦИ, АРТИЛЕРИЈА, АВИОНИ… Еве колку чини воената парада во Москва

Sase Ivanovski

Просечна плата во МЕПСО забрзано се движи кон 1.000 евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Љубчо Георгиевски во „Бизнис муабети“: Најдобрите економски години за Македонија беа кога јас бев на власт

Sase Ivanovski

Фактор анализа ВЕЛЕС 2024: Кој го дрма Велес? Еве ги најголемите фирми во градот на Гемиџиите!!!

Sase Ivanovski

РАФУНА И АЗЕСКИ ВО СКОПЈЕ РАЗГОВАРАА ЗА НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОТОКОТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКАТА ГРАНИЦА

Sase Ivanovski

Комората испраќа јасни пораки

Sase Ivanovski

КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ГУВЕРНЕР НА МАКЕДОНИЈА – се споменуваат четворица кандидати, кого ќе предложи претседателката

Sase Ivanovski

ЦЕНИТЕ НА АВТОМОБИЛИТЕ СКОКААТ ЗА 40 ПРОЦЕНТИ! Реномирани производители тврдат дека за пет години возилата нема да бидат достапни за граѓаните

Sase Ivanovski

РЕКТОРКАТА НА УКИМ, БИЛЈАНА АНГЕЛОВА ЗА ФАКТОР: Новите згради на ФИНКИ И ФФОСЗ ќе ја зачуваат бруталистичката архитектура

Sase Ivanovski

ЗБОРУВА 7 ЈАЗИЦИ И ГО САКА ТЕНИСОТ: Кој е Роберт Франсис Превост, новиот папа – ова е неговиот пат до поглавар на Католичката црква

Sase Ivanovski

Колку заработија најголемите фотоцентрали во Македонија лани?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Љупчо Георгиевски: Десет години работев со маркети, но ги затворив – профитните маржи беа ниски

Sase Ivanovski

Фактор анализа БИТОЛА 2024: Бабам Битола – големи бизниси! Кои фирми направија од 10 милиони евра па нагоре?

Sase Ivanovski

НАРОДНАТА БАНКА КАЖА НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ЛАНСКАТА ДОБИВКА НА ДОМАШНИТЕ БАНКИ – профитот, сепак, растел побавно од претходната година

Sase Ivanovski

Ќе има ли Македонија државни енергетски капацитети – планови и инвестиции? Божиновска за ТВ24: „Најдобро е државата сама да ги гради“

Sase Ivanovski

Кој е „идеалниот“ број на сексуални партнери? Студијата ја открива слатката точка – и тоа не е она што мислите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: ДВА ПАТИ СЕ ВИДОВМЕ СО МИЦКОВСКИ ОТКАКО СТАНА ЛИДЕР НА ВМРО ДПМНЕ, НО ОЧИГЛЕДНО ЗА НИШТО НЕ СЕ РАЗБРАВМЕ

Sase Ivanovski

Реакција на прес-конференција на Советничката во Советот на општина Куманово од СДСМ Атина Мургашанска, одржан на 09.05.2025 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Министерство за внатрешни работи: Министрите Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем со едно застанување и брза заедничка контрола, имплементација пред летната сезона

Sase Ivanovski

Месна заедница Галичник: ПОТРЕБНА Е ИТНА САНАЦИЈА НА ПАТОТ ВО ГАЛИЧНИК

Sase Ivanovski

(ФОТО) Општина Куманово – Панихида во спомен на загинатите бранители од Диво насеље

Sase Ivanovski

(ДЕН ПОТОА) ТАМАРА ТОДЕВСКА: ЕМОЦИИ, МУЗИКА И ЉУБОВ – ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Директорот на БЈБ, Јанев на работна средба во касарната „Ѓорче Петров“ и СВР Куманово

Sase Ivanovski

Миистерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука, две правни лица од Куманово и нивните сопственици за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици

Sase Ivanovski

(ФОТО) СКРИЕНОТО ТРЕТО: Некаде помеѓу присуството и отсуството

Sase Ivanovski

Ден на Европа – прослава на единство, култура и поврзаност

Sase Ivanovski

ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: 54 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ТРОШАТ БЕЗ КОРИСТ – ПОТРЕБНА Е РЕАКЦИЈА ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Sase Ivanovski

(ФОТО) ГАШИ – ЧЕЗА: ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО ЗНАЧИ ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТ И СПОДЕЛЕНА ОДГОВОРНОСТ

Sase Ivanovski

Викторија Трајков ќе учествува на панел-дискусија насловена: Патот на Македонија кон ЕУ-предизвици и можности во 2025 година!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Со заминувањето на СДС во опозиција, заврши и времето на недопирливите криминалци и на безредието во државата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Богданка Кузеска: Убиствата станаа секојдневие, СДСМ бара одговорност од Тошковски

Sase Ivanovski

(ФОТО) СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел!?

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за одбрана: Висока владина делегација на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, пораки за значењето на борбата против фашизмот и потребата од обединета Европа кон која припаѓа и македонската држава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Димитриевски се уште не даде одговор на ниту едно прашање, институциите да не молчат и да постапат за овој случај

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Цените постојано растат, власта нема решение

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Лицемерно и исмевање на народот во лице е СДС и Филипче да поднесуваат закон за Кочани, исто како да поднесеа за Модуларната или за враќање на името

Sase Ivanovski

Костовски: Димитриевски е бесрамен предавник, институциите мора да реагираат за неговиот криминал

Sase Ivanovski

ЗНАМ: Кога Венко Филипче – симболот на здравствената мафија од време на пандемија, зборува за морал, чесност и патриотизам, тоа е навреда за здравиот разум на граѓаните

Sase Ivanovski

На денешен ден 9-ти мај, во престрелките во Куманово, животот го загуби бившиот припадник на Единицата Лавови, како припадник на Македонските специјални сили, Саше Самојловски – Касандрa од Тетово

Sase Ivanovski

(ФОТО) Орце Ѓорѓиевски: НЕКА Е АИРЛИЈА – СТАДИОНОТ ССК Е ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАН!

Sase Ivanovski

(ФОТО) Орце Ѓорѓиевски: ЉУБИША АРАНЃЕЛОВИЌ, се поклонувам на твоето херојство! ВЕЧНА ТИ СЛАВА!

Sase Ivanovski

Саша Богдановиќ: Родителите Благе и Катица ја заменија својата стара куќа со новоизграден дом во општина Старо Нагоричане – Ова е десетта куќа изградена од темел а досега се помогнати семејства со над еден милион евра

Sase Ivanovski

Муцунски: Еднодневна посета на Украина

Sase Ivanovski

Николче Мискоски: По втор пат во Општина Кривогаштани се организира акција за чистење на отпад GENERALKA WEEKEND

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Чарна Невзати ќе ја претставува Македонија на Мис на светот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 Анализа – Колку евентуалните потреси во владата ќе донесат и предвремени паралементарни избори?

Sase Ivanovski

Од стационарот „Лајка” до Википедија: Едукативна авантура на учениците од гимназија „Јосип Броз-Тито“-Скопје

Sase Ivanovski

Честитка – Гаши: 9 Мај нека биде поттик за уште посилна посветеност кон европската иднина!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Вчера 777 сообраќајни прекршоци, 175 за брзо возење

Sase Ivanovski

Јаневска: со квалитетни идеи и повеќе партнери на образовните установи, дополнително ја стимулираме еколошката одговорност кај младите

Sase Ivanovski

Гаши со честитка: Новиот папа да донесе повеќе духовност и поголема етика, а неговата работа да биде патоказ на патот кон мирот!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода велешанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал три сообраќајни незгоди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Sase Ivanovski

СДСМ: Убиствата станаа секојдневие, Тошковски нема контрола над безбедноста

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и финансиска поддршка е партнер на општините во Македонија

Sase Ivanovski

Ристески: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортската инфраструктура

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со градинката Пролет поставивме нови стандарди за детска грижа во Центар

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: МЗШВ се грижи за земјоделците и руралниот развој во Македонија, доделени се договори во вкупен износ од 10.094.050 денари на 54 здруженија

Sase Ivanovski

Здружение на класични филолози „Антика“: Државен натпревар по класични јазици

Sase Ivanovski

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Sase Ivanovski

Герасимовски: Фотоволтаиците на ООУ „Киро Глигоров“ чекор до енергетски независен Центар

Sase Ivanovski

Филипче со честитка за Денот на победата над фашизмот и денот на Европа: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

Sase Ivanovski

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski
Вчитувам....