24.8 C
Скопје
28/06/2025 21:33
МАКТЕЛ

   

Како Германија и Полска разговараат за историјата

      

Откако работата на македонско-бугарската историска комисија навлезе во ќорсокак по 2019 година и последователните неколку вета на Софија за преговорите на Скопје со ЕУ (сѐ до францускиот предлог од јуни 2022) многумина овде често во дебатите го посочуваа примерот на разговорите меѓу германските и полските историчари за образецот кој треба да се следи. За тој пример зборуваа политичари, поранешни дипломати, политички аналитичари, а многу малку, или речиси воопшто не – историчари.

Бидејќи ова општество е такво – се изнесуваат претпоставки, па се градат незасновани тези и потоа се донесуваат заклучоци, така и за германско-полската историска комисија имаше толку многу тврдења (особено за нејзиното децениско траење) кои имаа малку допирни точки со вистината. Тие се исфрлаа во етерот или на хартијата без проверка, без проучени факти само да се експлоатира темата дека една меѓудржавна историска комисија не може да ја заврши својата работа за неколку години (макар биле и десет), туку таа треба да трае со децении и децении.

Интересно е што и овдешните историчари, кои би биле најповикани да ги дадат вистинските одговори за што, всушност, работи, проучува и носи заклучоци германско-полската комисија, генерално молчеа. Или не сакаа да се вклучуваат во дебатата на таа тема, или не истражиле доволно факти на што работат нивните колеги од Германија и Полска. Истото, колку што можевме да дознаеме, се случуваше и во Бугарија. Членовите на бугарскиот дел од комисијата не сакаа да се занимаваат со искуствата на двата соседи кои имаат толку испреплетена и толку мачна и трауматична меѓусебна историја.

   

За што тогаш разговараат германските и полските историчари и зошто нивната меѓусебна комисија би била образец?Вистинскиот одговор не би им се допаднал на многумина. Всушност, на огромното мнозинство – и научното и обичното граѓанско. И овде и во Бугарија.

Комисија за учебници

Вистинскиот назив на оваа комисија на историчарите е „Заедничка германско-полска комисија за учебници“. Не за заедничко толкување на историјата, туку како двете држави може да произведат учебници за историјата, но и за географијата, според кои ќе се учи во основните училишта во двете држави. И тие успеаја да стигнат до таа цел. Досега се издадоа четири учебници, од предисторијата и античките времиња, па до денес.

Заедничката германско-полска комисија за учебници е основана во 1972 година, во времето на Студената војна, четири години по советската интервенција во Чехословачка и во времето на новата Источна политика на западногерманскиот канцелар Вили Брант, воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји и меѓусебното помирување. Некои дипломати овде тврдат дека таа била основана под покровителство на УНЕСКО. Точно е дека УНЕСКО на некој начин е дел од овој проект, но не централата во Париз, туку покровителство беше на германската и полската комисија на УНЕСКО.

За да се разбере комплексноста и успешноста на работата на оваа комисија за учебници потребно е да се претстави еден мал историски преглед на многу драматичната историја меѓу дете земји и двата народа, полна со многу страдања, која се протега од раниот среден век до катастрофата на Втората светска војна и по неа. За таа историја во односите меѓу Полска и Германија овде малку се знае (нашите историчари генерално се занимаваат само со вмровските револуционерни дела и крвавите меѓумакедонски колежи пред сто до 130 години). Историјата на секој народ си има своја драма. Полската е извонредно голема.

Малку невообичаено, оваа приказна за Заедничката германско-полска комисија за учебници, ќе ја поделиме во два дела. Во овој текст подолу ќе пренесеме некои детали од меѓусебната почесто крвава отколку мирна историја на двата народа, за да може македонската јавност да разбере за што преговараат германските и полските историчари и колкав е научниот влог (а не политичкиот) и зошто треба да се расудува со студени и разумни глави. Во вториот текст идната сабота ќе претставиме како беше создадена оваа заедничка комисија за учебници, како работи таа (научните разговори) и што успеа да постигне. Нејзините успеси се речиси спектакуларни.

Во 10. век, западнословенските полски племиња под пјастскиот принц Миешко I околу 960 година успеале да основаат суверена држава околу Познањ и Гњезно во областа подоцна наречена Великополска. Во текот на средниот век, Германците се прошириле кон исток од модерната западна и централна Германија во помалку населените региони, источно од реката Елба, кои биле населени со балтички, фински и словенски народи, вклучувајќи ги и Полјаците. Областа на германско населување приближно се протегала од Словенија до Естонија, а на југ во Трансилванија. Феноменот, познат како „Ostsiedlung“ („источна населба“, „населба на исток“) го следеше територијалното ширење на Светото Римско Царство и Тевтонскиот ред.

Митот за Тевтонскиот ред

Во 13. век, Полска страдала од нападите на паганските племиња. Како одговор, Конрад I од Мазовија ангажирал армија од невработени крстоносци – Тевтонскиот ред. По неуспехот да ги преобрати старите Пруси во христијанство, апетитите на Редот пораснаа и тој влезе во низа конфликти со полската држава, која го ангажираше. Тевтонските витези го нападнаа главниот пристанишен град во земјата Гдањск и ја презедоа контролата на речиси целиот југоисточен брег на Балтичкото Море. Тевтонските витези го држеа под окупација овој регион речиси 200 години. Тие останаа моќни до 1410 година, кога здружената полско-литванска војска успеа да извојува решавачка победа над Тевтонскиот ред во Грунвалд. Како резултат на тоа, Полска се појави како голема сила во Централна Европа.

Во 16. век, по Реформацијата на Мартин Лутер и на Контрареформацијата и избувнувањето на Триесетгодишната војна во германските земји, Полска стана римокатоличко упориште. Во 1683 година, полската војска командувана од кралот Јан III Собјески помогна да се скрши османлиската опсада на Виена и заедно со Светото Римско Царство, стави крај на растечкото ширење на Отоманската империја во Европа.

Во тоа време, 16. и 17. век, Полско-литванскиот комонвелт, формално познат како Кралство Полска и Големото Војводство Литванија беше една од најмоќните, најголемите и најнаселените држави во Европа. Таа беше управувана од заеднички монарх во вистинска унија, кој беше и крал на Полска и велики војвода на Литванија. Во својот најголем територијален опсег, на почетокот на 17. век, оваа држава покриваше 1.000.000 км2 и имаше мултиетничко население од речиси 12 милиони. Полскиот и латинскиот беа двата службени јазици, а католицизмот државна религија.

Во 18. век почна слабеењето на овој огромен комонвелт, уништен од граѓанска војна, што доведе до поделба на Полска во три наврати, за на крај да исчезне како држава. Учесниците во овој постепен територијален грабеж беа Прусија, Хабсбуршката монархија и Руската империја. Полска и Литванија останаа без свои држави во наредните 123 години.

Трите поделби на Полска

Првата поделба се случи откако Русија се вклучи во војна против Отоманските Турци (1768) и извојува импресивни победи, особено во Дунавските кнежевства, по што Австрија се вознемири и се закани дека ќе влезе во војна против Русија. Фридрих II (Велики) од Прусија, за да избегне ескалација на Руско-турската војна, реши да ги смири австро-руските односи со префрлање на правецот на руската експанзија кон Полска.Во 1772 година, Русија, Прусија и Австрија потпишаа договор со кој се подели Полска. Ратификуван од полскиот Сејм (законодавно тело) 1773 година, договорот ја лиши Полска од приближно половина од нејзиното население и речиси една третина (околу 211.000 квадратни километри) од нејзината површина. Трите монархии добија по еден дел од оваа територија.

Речиси 20 години подоцна, Полска направи напори да се зајакне преку внатрешни реформи, усвои нов, либерален устав (1791 година). Но тој потег предизвика реакција на конзервативните сили во Полска, кои побараа Русија да интервенира за да го врати поранешниот полски устав. Русија ја прифати поканата, но и Прусија испрати војници во Полска, а во јануари 1793 година, двете сили се договорија за Втората поделба на Полска. Потврдена во август и септември 1793 година од полскиот Сејм – опкружен со руски трупи – Втората поделба го префрли на Русија главниот остаток од Литванска Белорусија и западна Украина, Прусија ја доби економски вредната провинција Кралска Прусија, со исклучок на градовите Гдањск и Торуњ. Австрија ги доби регионите на Малополска јужно од реката Висла и областа која подоцна стана позната како Галиција. Со Втората поделба Полска остана уште без 300.000 квадратни километри.

Со Третата поделба Полска беше конечно укината како држава во јануари 1797 година. Русија ја доби целата територија на Литванија и остатокот од Волинска Украина; Прусија го доби остатокот од Мазовија, вклучувајќи ја и Варшава, а Австрија го зеде преостанатиот дел од Малополска со Краков.Тие територијални поделби беа изменети во 1807 година, кога фарнцускиот император Наполеон го создаде Варшавското војводство од централните провинции на пруска Полска, и во 1815 година, кога Конгресот на Виена го создаде Конгресното Кралство Полска.

Во 19. век избувнаа неколку полски востанија, а најголемото беше она од 1848 година. Прускиот водач и основач на модерна Германија, Ото фон Бизмарк, во однос на Полјаците, напиша: „Удри ги Полјаците толку силно што тие да очајуваат од нивниот живот; Имам целосно сочувство со нивната состојба, но ако сакаме да преживееме, треба само да ги истребиме; волкот, исто така, не може да не биде создаден од Бога таков каков што е, но луѓето го стрелаат токму поради тоа, ако можат“. Германија изврши протерување на Полјаците, а од крајот на 19. век, концептот Lebensraum беше пролифериран во Германија, а се однесуваше и на припоените стари полски територии. Бернхард фон Булов, кој беше канцелар на Германија од 1900 до 1909 година, ја нарече полската победа над Тевтонските витези во битката кај Грунвалд, најстрашната национална катастрофа на Германците.

Елиминацијата на суверената држава Полска – беше на сила до крајот на Првата светска војна, кога полската република конечно беше обновена (11 ноември 1918 година).Настаните во Втората светска војна, суровата нацистичка окупација, поместувањето на територијата на Полска на запад за да се задоволат амбициите на Сталин и протерувањето на Германците од новите територии се последните големи трауматични настани.

Користејќи како изговор еден провоциран инцидент во Данциг (Гдањск) Хитлер ја нападна Полска на 1 септември 1939 година и со тоа почна Втората светската. Една недела претходно германскиот и советскиот министер за надворешни работи, Рибентроп и Молотов, склучија пакт за ненапаѓање, кој во своите тајни клаузули ја имаше и поделбата на Полска, на сличен начин како што се случи на крајот на 18. век.

Поместувањето на Полска на запад

На 17 септември 1939 година, Црвената армија ја нападна Полска од исток, а на 28 септември Хитлер и Сталин се договорија за конечна поделба, Советите ќе ја заземат источна Галиција и ќе дојдат источно од реката Буг (т.е. повеќе од половина од земјата, каде што Полјаците сочинуваа околу две петтини од населението). По фарсични плебисцити во октомври и ноември, овие територии беа инкорпорирани во советските републики Украина и Белорусија. Помеѓу 1940 и 1941 година околу 1,5 милиони луѓе беа депортирани во СССР. Вилно (Вилнус) ѝ беше предаден на Литванија, која до 1940 година стана една од советските републики. Со западниот дел владееше нацистичка Германија, каде што ги изгради најголемиот дел од страшните концентрациони кампови.

Се проценува дека за време на Втората светска војна околу 5,8 милиони Полјаци ги загубиле животите (една петина од населението). Од нив три милиони биле Евреи, два милиони Полјаци и еден милион полски граѓани кои биле од други етнички групи. По капитулацијата на Германија и според договорот од Потсдам Сталин драматично ја прошири територијата на Советскиот Сојуз на запад, преземајќи територии на предвоена Полска и инкорпорирајќи ги на Украина и Белорусија. За возврат Полска се помести на запад, на териториите кои беа главно населени од Германци. Во оваа територијална зделка со одобрение на Черчил и Труман, Полска загуби 20 отсто од својата предвоена територија.

По војната почна протерувањето на Германците од новите полски територии.

Според повеќе историски истражувања околу осум милиони Германци (од вкупно 11 милиони) биле протерани од новите полски територии од 1945 во наредните 10 години. Најголемиот дел од нив заминаа во Западна Германија. Претходно, кога нацистичка Германија ги окупира полските територии од таму беа протерани 2,4 милиони Полјаци. За време на протерувањето и интернирањето во полски кампови загинаа неколку стотици илјади Германци.

Околу осум милиони Германци (од вкупно 11 милиони) биле протерани од новите полски територии од 1945 во наредните 10 години Фотографија: picture-alliance / akg-images

Тогаш како двете држави и двата народи со толку голема недоверба меѓу себе, па дури и омраза, со предрасуди и нетрпеливост успеаја да се сретнат во комисијата за историски учебници во екот на Студената војна и да направат нешто кое ќе ги издигне над историските митови. Одговорот веројатно е во општествената свест, во дигнитетот на историчарите и во нивното чувство и знаење да придонесат во меѓусебното разбирање на двата народи, а во исто време што помалку да ѝ служат на политиката. Или да бидат нејзини историски агенти. За тоа како беше создадена тааа комисија за учебници, како работеше и што сработи, идната сабота.(dw)

Љупчо Поповски

   

Најново

Данела Арсовска: Диви приклучоци на „Пластичарска“, единствено постапија од ЕВН и „Водовод и канализација“

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Реки студенти и граѓани во Белград, „Славија“ преполна на Видовден – Ќаците ги гаѓаа со шишиња и јајца

Sase Ivanovski

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПОМЕША МАРКО РУБИО СО ЏЕЈ ДИ ВЕНС И ГО НАРЕЧЕ ДИЏЕЈ ВЕНС НА САМИТОТ НА НАТО

Sase Ivanovski

ДАЛИ ИМА ОСНОВА ЗА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОПИСОТ? Мицкоски предлага електронски попис

Sase Ivanovski

БДП ПОРАСНА ЗА 3,2%, ДЕФИЦИТОТ СЕ НАМАЛИ ЗА 4%, ИНФЛАЦИЈАТА Е 3% Економијата се стабилизира, Македонија е 4-та земја во Европа според растот на БДП

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ЌЕ УПАТИ НА РАЗУМ ВО СТРАЗБУР ПРОТИВ „МОДЕРНИОТ“ АМАНДМАН Не е мала работа што ЕУ разбра што прави Бугарија, смета Муцунски

Sase Ivanovski

„МЕ ИЗОЛИРАА И МИ ВРШЕА ПРИТИСОК ДА ПОТПИШАМ“ Мбапе го тужи ПСЖ за психолошко малтретирање

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Бледи се обидите на Филипче да се искупи за предавството и загрозувањето на националните обележја, прошка од народот нема да има

Sase Ivanovski

СПАС ЗА ГЛАДНИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО ГАЗА Поделени над 33.000 пакети со храна

Sase Ivanovski

ЖЕНА ПОД ИСТРАГА ЗА ПЕКОЛОТ НА ХИОС Пожарите пустошат села, туристите и жителите во паника

Sase Ivanovski

ТРАМП ОД ИЗРАЕЛ БАРА АМНЕСТИЈА ЗА „БИБИ“ Вели дека Нетанјаху направил многу за својата држава

Sase Ivanovski

„ПРАЈД НЕ НИ ТРЕБА, НИ ТРЕБА СТРУЈА“ Орбан ѝ порача на Фон дер Лајен да не вмешува прсти во внатрешната политика на Унгарија

Sase Ivanovski

КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ СРЦЕВ УДАР Водич што може да ви го спаси животот

Sase Ivanovski

УАПСЕН ФИТО, ЕКВАДОРСКИОТ „БОГ НА ПОДЗЕМЈЕТО“ Се криел под мијалник во кујна

Sase Ivanovski

На средба со Шолц во Берлин Филипче се заблагодари за поддршката од Германија за македонскиот јазик и идентитет

Sase Ivanovski

ФЕНОМЕНОТ „ТОПЛИНСКА КУПОЛА“ ЈА ЗАФАТИ ЕВРОПА Денеска е во Франција, а утре посилен ќе ги зафати Италија, Шпанија и Португалија

Sase Ivanovski

ПРИВЕДЕН Е ЕКС-ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВОЕНИОТ СИНДИКАТ НА СРБИЈА Планирал насилна смена на уставниот поредок

Sase Ivanovski

Трамп вели дека не сака промена на режимот во Иран

Sase Ivanovski

КИНА ГИ ПРЕТСТАВИ НАЈНОВИТЕ НАНОДРОНОВИ СО ГОЛЕМИНА НА КОМАРЕЦ Не се гледаат со голо око, снимаат и на далечина над 10 километри

Sase Ivanovski

ОПАСНАТА ВИОЛЕТОВА МЕДУЗА СЕ ПОЈАВИ ВО ГРЦИЈА Македонците предупредени да бидат внимателни на грчките плажи

Sase Ivanovski

ВОДАМ ВОЈНА, НЕ МОЖАМ НА СУД Нетанјаху со ново барање одложување на судењето за скандалот со корупција

Sase Ivanovski

СУДСКИОТ СОВЕТ КОНЕЧНО ЌЕ СТАНЕ НЕЗАВИСЕН, ОДГОВОРЕН И ТРАНСПАРЕНТЕН Реформскиот закон влезе во владина процедура со добра оценка од Венецијанската комисија

Sase Ivanovski

РЕКИТЕ БЕСНЕАТ, МОСТОВИ СЕ УРНАА, 80.000 ЛИЦА ОСТАНАА БЕЗ ДОМ Застрашувачки сцени од Кина, шест лица загинаа

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ НАПАДНА ПАЗАР ВО ГАЗА СО ДРОНОВИ, УБИЕНИ 18 ПАЛЕСТИНИЦИ Хуманитарната помош е стопирана на север

Sase Ivanovski

АЛБАНИЈА НЕ Е ХОТЕЛ ЗА ОДБИЕНИ АЗИЛАНТИ Рама ја критикува желбата на Британија за испраќање мигранти во трети земји

Sase Ivanovski

Новата шефица на МИ6, Блез Метруели, е внука на нацистички шпион познат како „месарот“

Sase Ivanovski

НЕМА ОДМОР ЗА ОБВИНЕТИОТ НЕТАНЈАХУ Обвинителството го одби барањето на премиерот за двонеделна пауза во судењето за корупција

Sase Ivanovski

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Sase Ivanovski

МАРИЧИЌ ТРОШЕЛ НАЈМНОГУ ВО МИНАТАТА ВЛАДА Директорот Томовски открива што правел министерот со државни пари

Sase Ivanovski

ДРАМА ВО СОЦИЈАЛНОТО ВО ПЕХЧЕВО: СЕ СКАРАЛЕ ЗА ЌЕРКАТА ПА ЈА ФРЛИЛ ЕКС СОПРУГАТА ОД ПРОЗОР!

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ ГРАДИ ГАСНО ПОВРЗУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА СО СРБИЈА Гасоводот ќе биде долг 70 километри

Sase Ivanovski

ПРОСЕЧНА БРУТО ПЛАТА НА КОМПЈУТЕРЏИИТЕ ВО ЗЕМЈАВА Е 2.376 ЕВРА Лани во овој сектор работеле 24 000 лица

Sase Ivanovski

СКОПЈАНЕЦ СФАТИЛ ДЕКА Е ИЗМАМЕН КОГА НА ВРАТА МУ ДОШЛЕ ИЗВРШИТЕЛИ Некој на негово име подигнал брзи кредити

Sase Ivanovski

ЗАБРАНЕТО Е ДА ВОЗАТ ТЕШКИ КАМИОНИ ВО ВИКЕНДИТЕ И ВО ВРЕЛИТЕ ДЕНОВИ Ограничувањето не важи за превоз на животни, цвеќе, опасни материи и на расиплива стока

Sase Ivanovski

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЗГОЛЕМЕН Е РИЗИКОТ ОД ПОЖАРИ! Апел до сите граѓани да се однесуваат одговорно кога се надвор

Sase Ivanovski

НЕТАНЈАХУ ДЕМАНТИРА ДЕКА СЕ ДОГОВОРИЛ СО ТРАМП ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО ГАЗА Тврди дека весникот „Израел Хајом“ објавил неточна информација

Sase Ivanovski

ПАНИКА ВО СРБИЈА, БОМБИ ВО СИТЕ ВОЗОВИ Стопиран патничкиот сообраќај по дојавите, полицијата проверува

Sase Ivanovski

РУСИЈА СО СТРОГИ КАЗНИ ПРОТИВ НЕПОСЛУШНИТЕ ВОЈНИЦИ Гонети се 20.000 луѓе бидејќи одбиле да се борат во Украина

Sase Ivanovski

ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО МАРКЕТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ДО 5% Пазарниот инспекторат тврди дека овошјето и зеленчукот поевтиниле и до 100%

Sase Ivanovski

АПЛИКАЦИЈАТА МОЈДДВ ВТОР ДЕН РАБОТИ СО ПРЕКИНИ Тим на УЈП работи на отстранување на проблемот

Sase Ivanovski

ВОЕНИОТ БУЏЕТ ГО ГОРИ КРЕМЉ Путин признава финансиски притисок, се бара договор со Украина

Sase Ivanovski

РУСИЈА СО СТРОГИ КАЗНИ ПРОТИВ НЕПОСЛУШНИТЕ ВОЈНИЦИ Гонети се 20.000 луѓе бидејќи одбиле да се борат во Украина

Sase Ivanovski

„ГО СПАСИВ ОД МНОГУ ГРДА И СРАМНА СМРТ“ Изјавата на ајaтолахот Хамнеи многу го налути Трамп

Sase Ivanovski

БОМБИТЕ НА САД И НА ИЗРАЕЛ НЕ БИЛЕ ЗА ЏАБЕ Иран открива дека направена е голема штета на нуклеарната програма

Sase Ivanovski

БЕЗ СОМНЕНИЕ, ЌЕ НАПАДНЕМЕ ПАК АКО ТРЕБА Трамп ја шокира јавноста со закана до Иран

Sase Ivanovski

ТУРЦИЈА СО НАЈГОЛЕМАТА ИНФРАСТРУКТУРНА ИНВЕСТИЦИЈА НА ДЕЦЕНИЈАТА Ердоган откри каде отидоа 300 милијарди долари

Sase Ivanovski

ТРАМП НАЈАВИ ПРИМИРЈЕ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА Следната седмица е клучна за преговорите

Sase Ivanovski

ДОСТА БЕШЕ – МАШКОСТА НЕ Е ВО ТЕПАЊЕ ЖЕНИ! До март се евидентирани 391 жртва на семејно насилство, а сите насилници се мажи – не трпете и пријавувајте

Sase Ivanovski

Герасимовски: Работиме посветено според потребите на центарци, а не кампањски само пред избори

Sase Ivanovski

ВОЗАЧКА, ЛИЧНА КАРТА, СЀ НА МОБИЛЕН Андоновски најавува крај на хартиените документи

Sase Ivanovski

ЕДНА ПРОВЕРКА И БЕЗ ПЕЧАТ ВО ПАСОШИТЕ Од следниот петок ќе се преполови чекањето на преминот Табановце-Прешево

Sase Ivanovski

ВЕЛЕС И ВЕЛЕШКО ДОБИЈА 4.695 ПАМЕТНИ УЛИЧНИ СВЕТИЛКИ СО ПРОЕКТ ОД 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА

Sase Ivanovski

СЕ СВЕДУВА НА НУЛА МОЖНОСТА ФАНТОМ ФИРМИ ДА ДОБИВААТ ПОВРАТ НА ДДВ Мицкоски најави старт на е-фактурата

Sase Ivanovski

Фетаи: Предлог-законот за правична застапеност деновиве ќе биде испратен во Венецијанската комисија

Sase Ivanovski

ТРГНА РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА – ЌЕ БИДЕ ПРОФЕСИОНАЛНА И ОТЧЕТНА Три закони ја поминаа првата фаза во Собранието

Sase Ivanovski

ВЕЛЕШАНЕЦ ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦИ НА ЧЕРЕПОТ ПО СООБРАЌАЈКА Излетал од патот со „голф“, пренесен е на Клинички

Sase Ivanovski

Мицкоски: Прво изградба на болниците во Штип и Кичево, а потоа и нов клинички центар во Скопје

Sase Ivanovski

Маричиќ: Помагам на евроинтеграциите на Молдавија, Црна Гора и Украина, со раководството на СДСМ имам коректна комуникација

Sase Ivanovski

Драма во Битола: Ограбил фризерски салон, па побегнал

Sase Ivanovski

На одбележувањето 30 години од геноцидот во Сребреница се очекуваат 150.000 луѓе

Sase Ivanovski

Израелската нуклеарна програма е јавна тајна. Еден од нејзините центри e нуклеарниот реактор Димона, во срцето на пустината Негев. Сепак, во блискиот град официјално не се зборува за тоа

Sase Ivanovski

Бугарија се согласи – ќе се гради заеднички тунел, источниот сосед ќе инвестира 1,5 милијарди евра

Sase Ivanovski

Мицкоски: По 7 години застој градиме интерконектор за гас со Грција, заедно со другите проекти од увозно зависна земја, ќе станеме земја која извезува електрична енергија

Sase Ivanovski

Вучиќ: Државата ќе интервенира на Видовдан само ако биде принудена

Sase Ivanovski

НОВА СВЕТСКА ВОЈНА, НОВ СВЕТСКИ ПОРЕДОК-ХАЏИ ЈАНЕВ, МАРОЛОВ,ТОДОРОВСКИ-Стадион на Канал77

Sase Ivanovski

Муцунски: Одлуките донесени во Хаг ќе имаат позитивни историски последици

Sase Ivanovski

Трагично заврши потрагата по исчезнат прилепчанец

Sase Ivanovski

Страшни снимки од пожарот во близина на Атина – горат куќи, луѓе се евакуираат

Sase Ivanovski

Автобус полн со ученици падна во река во Англија, има повредени

Sase Ivanovski

Усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство на годишното собрание на ЗНМ

Sase Ivanovski

,,Македонска“ вечер синоќа во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Украинa: Уништивме руски бомбардери на 900 километри од границата

Sase Ivanovski

Димитриевски најави поддршка на кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се воведува системот за е-фактура – крај за фантом фирмите и лица кои испумпувале стотици милиони евра народни пари од Буџетот

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Проектот за пругата од Коридорот 10 е комплексен, до 7 јули банките треба да ги достават понудите

Sase Ivanovski

Вучиќ: Очекувам инциденти на денешните протести, насилствата ќе почнат помеѓу 20:45 и 21:45 часот

Sase Ivanovski

Филипче од Берлин: Овде сум да ги бранам позициите на Македонија, „современ“ пред јазикот не смее да помине

Sase Ivanovski

Конго и Руанда потпишаа мировен договор со посредство на САД

Sase Ivanovski

Видовдeн во Белград: Можеби сè, можеби ништо

Sase Ivanovski

Топлотен бран од понеделник

Sase Ivanovski
Вчитувам....