4.8 C
Скопје
11/03/2025 06:44
МАКТЕЛ

    

Како да се спаси изгубената Европа

      

На Трамп треба да му се признае едно нешто, настрана целото лудило, односно: дека ја врати Европа во реалноста, без оглед колку реалноста да е непријатна. Трамп е огледало на тоа што Европа не е повеќе, ниту пак ќе биде. Европа мора сама да одлучи што ќе биде во иднина. Од тој аспект неопходно е Европа да пронајде сопствена насока и димензија, да покаже независна сила, но во исто време и да се договори со Трамп, надевајќи се дека после неговото лудило Америка ќе се врати на рационалноста. Во овој момент тоа значи како да се пронајде мир во Украина според најмалку лоши услови и со достоинствени гаранции за безбедноста на Киев.
Старата констатација на Макрон дека НАТО е во церебрална смрт, види иронија, на крај се сврте против Европа. Соочена со испитот на војната, Европа се покажа како неспособна и неупотреблива во нејзиното разрешување. Во три години од украинскиот конфликт Брисел не знаеше како да предложи ембрионален предлог за мир, нешто што не знае ни денес како да го оствари, пишува Ивор Мицковски во колумна за Дојче веле. Родена во сенката на НАТО, како ребро од евроатлантскиот мир, зачната во мир и предодредена за мир, сведена на економско крило од НАТО Пактот промовиран од Америка – ЕУ денеска делува како надмината и непотребна сила.

Фактички, судбоносната и визионерска претпоставка на Емануел Макрон за НАТО во време на првиот мандат на Доналд Трамп,  денес е и повеќе од актуелна и точна. Уште тогаш Макрон со неверојатна предвидливост ќе каже: „Да ги погледнеме нештата во лице. Имаме сојузници кои се дел од истиот светски регион и немаме никаква координација околу стратешките одлуки на САД со овие сојузници“. Тогаш стануваше збор за заштита на Курдите во Турција, каде Анкара беше формален сојузник на Париз, но во суштина непријател. Денес влогот е далеку поголем, каде императивот е да се спаси Украина, пред комплетно да искрвари и руската инвазија да се претвори во предвесник на Третата светска војна.

Која Европска унија

   

Самите членки на ЕУ ја потврдуваат сопствената неспособност. Прочитајте ја само листата од поканетите на итниот „европски“ самит во Лондон, кој доаѓа како продолжение од самитот во Париз одржан на 17-ти февруари. Како прво и основно самитот се одржа во главен град и држава кои излегоа од ЕУ. Потоа, затоа што учествуваа и Канада и Турција, кои се НАТО сојузници, но не и членки на ЕУ. Канада како земја на која ѝ се заканува анексија од страна на САД, Турција како стара империјалистичка сила која е во подем токму во сферата на актуелните конфликти, покрај тоа што е единствената земја коjaшто заедно со Израел играше улога на посредник помеѓу Киев и Москва. Од целиот збир недостасува половина Европа, а особено Балтичките држави, Естонија, Летонија и Литванија, кои најверојатно би биле првите жртви на Русија доколку конфликтот излезе од контрола.

Двигателот на оваа досега невидена евроатлантска збирштина – која притоа не отиде подалеку од некои четири празни добри намери – е нуклеарното дуо на Франција и Велика Британија. Нуклеарни сили кои дури и обединети не можат ни минимално да се приближат до рускиот арсенал, на кој само американскиот чадор може да му парира. Но, тоа е максимумот на Европа оставена како сираче од американската заштита.

Распад на евроатлантската оска?

Се разбира, целиот хаос и бруталната трансформација потекнуваат од американската одлука да промовираат мировни преговори помеѓу Русија и Украина, тргнувајќи од премисата за помирување со Путин и за развивање на криза во односите со Киев. До степен што самиот спикер на американскиот Претставнички Дом, републиканецот Мајк Џонсон, ќе ни ги навести намерите на Трамп и Венс дека: мирот зависи од оставката на Зеленски.

Прашањето што се потставува пред сите нас е дали сме сведоци на распадот на евроатлантската оска, дали сме пред евидентен успех на Русија и Кина? Дотолку пострашно што овој распад го промовира Америка, довчерашниот непријател на обете сили. Дали сѐ ова е едно Трамповско лудило кое после него ќе исчезне? Ни приближно! Америка на Трамп реагира бесно кон Европејците, кои гледано од призмата на Вашингтон се виновни за разгорување на последните две Светски војни и кои потоа, во поствоениот период уживаат во американската воена и нуклеарна заштита.

САД после Втората светска војна одлучуваат да останат во Европа со цел континентот да им биде првата линија на одбрана кон СССР, а потоа и кон Путиновска Русија. Во моментот кога Вашингтон разбира дека Русија е комплетно воено неефикасна, далеку повеќе од тоа што некогаш замислувале, до степен да изгубат стотици илјадници војници без да ги освојат ни Киев, ни Одеса, ни Харков, американскиот естаблишмент Москва повеќе не ја доживува како вистински ривал. Единствената цел на Вашингтон е да ја откачи Русија од прегратката на Кина, откако пред десет години самата ја втурна во нејзини раце.

„Новата Европа“ и глобалната политика

Односно, гледано од аспект на големите сили, секој почнува да се вреднува според својата специфична воена тежина, оттука, денес се мерат и судираат големите суперсили, а Европа или ќе стане дел од нив или ќе се помири со својата незначајност. Ако Европа не се одлучи да биде значајна, дотолку полошо за неа.

Од тој аспект поставеноста и маскарадата на Европа делуваат како крајно некорисни. Експериментите на Париз и Лондон за една помалку пасивна улога на „новата“ Европа, во рамки на „реалната“ глобална геополитичка револуција, се само една голема заблуда.

На Трамп треба да му се признае едно нешто, настрана целото лудило, односно: дека ја врати Европа во реалноста, без оглед колку реалноста да е непријатна. Трамп е огледало на тоа што Европа не е повеќе, ниту пак ќе биде. Европа мора сама да одлучи што ќе биде во иднина.

Од тој аспект неопходно е Европа да пронајде сопствена насока и димензија, да покаже независна сила, но во исто време и да се договори со Трамп, надевајќи се дека после неговото лудило Америка ќе се врати на рационалноста. Во овој момент тоа значи како да се пронајде мир во Украина според најмалку лоши услови и со достоинствени гаранции за безбедноста на Киев.

Задачата е далеку поголема, од неа зависи реконструкцијата на целата паневропска рамнотежа, во рамки на еден стратешки компромис помеѓу САД, Русија и Кина. Би било фантастично доколу Европа стане дел од овие нови комбинации, но за таа цел, ќе мора да почне да размислува и да функционира како сопствена цивилизација, култура и политичка Унија. Би било прекрасно сѐ тоа да се случи пред Третата светска војна, а не потоа.

  

Најново

Алијанса за Албанците: Паркингот на Универзитетскиот Клинички Центар треба да биде управуван од институцијата, а не од приватни фирми

Sase Ivanovski

Обвинетиот за убиството кај Мавровка го призна делото: Не сакав да го убијам човекот, многу се каам

Sase Ivanovski

Постигнат договор: Сириските Курди ќе се интегрираат во новите државни институции

Sase Ivanovski

НЕМА ОФЛАЈН, МАСК ГИ СМИРИ СТРАВУВАЊАТА Старлинк ќе продолжи со работа во Украина

Sase Ivanovski

„ЌЕ ИНВЕСТИРАМЕ МИЛИЈАРДИ И ЌЕ ВЕ НАПРАВИМЕ БОГАТИ“ Ден пред изборите Трамп повторно го повика Гренланд да стане дел од САД

Sase Ivanovski

ТРАМП ПЛАНИРА ДА ГО УКИНЕ ПРАВНИОТ СТАТУС НА 240.000 УКРАИНЦИ ВО САД Можна е забрзана депортација

Sase Ivanovski

ЗАЕДНИЧКА ВЕЖБА НА САД И ИЗРАЕЛ – ПОРАКА ЗА ИРАН? Американските Б-52 и израелските Ф-15 симулираа напад

Sase Ivanovski

Се разгледуваат можности за авиолинии Скопје-Прага и Охрид-Карлови Вари

Sase Ivanovski

Рубио: Чистката на програмите на УСАИД е завршена со отстранување на 83 отсто од нив

Sase Ivanovski

Како одговор на царините на Трамп: Онтарио ја зголемува цената на струјата за американските домаќинства

Sase Ivanovski

Двојкаш со само една четворка меѓу кандидатите за ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“

Sase Ivanovski

Зеленски нема да учествува на американско-украинските преговори: Трамп очекува голем напредок

Sase Ivanovski

И Васко Ковачевски и други 10 лица опфатени со истрагата за нелегална набавка на деривати

Sase Ivanovski

Приведени сопственикот на РКМ, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски, газда на Пуцко Петрол

Sase Ivanovski

Ургентно за криминалниот директор на СУГС Гимназија ,,Oрце Николов’

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: По повод јубилејот 25 години Жан Митрев Клиника, одобруваме 25% попуст на кардиоваскуларниот пакет кој вклучува: ЕХО на срце, ЕКГ, доплер на крвни садови, консултација со кардиолог и терапија доколку има потреба од истата

Sase Ivanovski

ГОЛЕМА Е КАНАДА: НА ПОСЛЕДНИОТ ДЕН КАКО ПРЕМИЕР, ТРУДО СИ ЈА ЗЕМА СО СЕБЕ ФОТЕЉАТА

Sase Ivanovski

КИА УДРИ ПО ТЕСЛА И ИЛОН МАСК

Sase Ivanovski

Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми, законските измени утре на владина седница

Sase Ivanovski

Турчин стана премиер на Белорусија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зеленски пристигна во Џеда

Sase Ivanovski

Спасовски: Интерпелацијата за Судскиот совет е класичен упад во уставниот поредок

Sase Ivanovski

И Васко Ковачевски е под истрага во денешната акција во која се уапсени Капушевски и Јахоски

Sase Ivanovski

Позициите на власта за САД и ЕУ биле слични на оние на Орбан, открива Антонијо Милошоски

Sase Ivanovski

„Икс“ е под масивен хакерски напад, вели Маск и открива кој смета дека стои зад него

Sase Ivanovski

Уапсени татко и син од Скопје, тепале семејство и фрлале остри предмети

Sase Ivanovski

Политичка криза во Естонија – премиерот најави бркање на социјалдемократите од владата

Sase Ivanovski

Драматично обраќање на бугарскиот Уставен суд: Се прави обид за саботажа на изборниот процес

Sase Ivanovski

Илјас: Доставив писмо до Гаши дека не прифаќам да заседавам со Комисијата за социјална политика

Sase Ivanovski

Генералниот штрајк ги парализираше германските аеродромите : Откажани над 3.500 летови, наскоро се очекуваат преговори

Sase Ivanovski

Пронајден починат 32-годишник од Свети Николе

Sase Ivanovski

Таравари: Модуларните болници ќе бидат пренаменети во амбуланти или во објекти за другите министерства

Sase Ivanovski

Трендафилов: Наместо разбирање од Владата за покачување на платите, ние добивме ниски удари

Sase Ivanovski

Додик не дојде на сослушувањето во Обвинителството на БиХ

Sase Ivanovski

Пеце Мирчевски останува во притвор во „Шутка“

Sase Ivanovski

Апелација: Укинат притворот за Валмир Етеми со гаранција од над 600 илјади евра, определени мерки на претпазливост

Sase Ivanovski

Почина Милан Кубин – еден од најдобрите македонски кик боксери

Sase Ivanovski

Освен по Миле, четири години се трага и по неговиот врсник Никола!

Sase Ivanovski

За што се потрошија над два милиони евра? – Стеснетиот пат кон Велешко езеро небезбеден и за велосипедистите

Sase Ivanovski

Загина маж од Ресен во тешка сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресен

Sase Ivanovski

Од полноќ поевтинуваат горивата

Sase Ivanovski

Приведени возачи од Кичево и Штип, возеле под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Да запрат теориите дека Миле е во манастир, затоа што не е, вели семејството на неготинецот кој исчезна пред 40 дена

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори од должноста

Sase Ivanovski

Европа значително го зголеми увозот на оружје во последните четири години

Sase Ivanovski

Обвинителство за акцијата со сомнителниот мазут: Се вршат претреси на повеќе локации низ државата

Sase Ivanovski

Мирче Ѓоргоски – нов командант на Командата за операции

Sase Ivanovski

Уапсени 47 лица во Грција за нелегално производство и трговија на тутунски производи, но и за убиства

Sase Ivanovski

Трагедија во Загреб – воз удри во 14-годишно дете, почина на лице место

Sase Ivanovski

Трамп ја прекина американската забрана на споделување разузнавачки информации со Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Застрашувачка ерупција на вулканот Фуего во Гватемала, луѓето се евакуираат

Sase Ivanovski

Една година откако 10.000 граѓани платија поскапа регистрација на возилата, нема поврат на средствата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Василевска: СДС и ДУИ прифаќаа компромиси за кои македонскиот народ беше против, ВМРО-ДПМНЕ води надворешна политика која се заснова во интерес на националниот интерес на Македонија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски: Македонија може да ги задржи силните односи со ЕУ и да ја продлабочи соработката со САД

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Трипуновски најави голема помош за оризарите, можна нова авиолинија од Скопје до Прага, се креира Националната развојна стратегија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски: Интерпелациите се неопходни за кадровски реформи, членовите на Судскиот совет треба да покажат зрелост и да поднесат оставка

Sase Ivanovski

Контраспин: Владата пости – премиерот и министрите не ги бива без папаја и октопод, граѓаните можат и со грав!

Sase Ivanovski

Босанските рокери „Дубиоза колектив“ ги исмејуваат рамноземјашите со новиот регионален хит

Sase Ivanovski

Од ЗНМ бараат итна и сериозна истрага за пожарот во телевизијата Коха од Тетово

Sase Ivanovski

Социјaлната мрежа „Икс“ е падната за илјадници корисници ширум светот

Sase Ivanovski

Студенти ќе одржуваат системи и ќе смислуваат нови дигитални услуги за образованието

Sase Ivanovski

РКЕ: Литар дизел од ноќеска ќе чини 70 денари

Sase Ivanovski

Стотици летови откажани поради штрајкови на германските аеродроми

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори од должноста

Sase Ivanovski

Финансиската вклученост на жените е еден од клучните фактор за економски напредок

Sase Ivanovski

Марк Карни ќе биде следниот премиер на Канада по победата на изборите за лидер на Либералната партија

Sase Ivanovski

Хаос во Букурешт откако екстремно десничарскиот Калин Георгеску беше спречен да учествува во претседателските избори

Sase Ivanovski

Украина е подготвена за напредок во процесот за прекин на огнот, велат претставници на САД

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Азербејџан

Sase Ivanovski

Средбата на претседателот на Собранието Гаши со новоименуваната амбасадорка на Јапонија, Кавахара

Sase Ivanovski

Инспекторите на Град Скопје при вршење на вонреден инспекциски надзор во околината на населено место Драчево ул. Јустинијан затекнаа камиони како истураат огромни количини отпад на приватна дива депонија

Sase Ivanovski

На барање на СДСМ ќе се одржи јавна расправа за Концепцијата за гимназиско образование

Sase Ivanovski

Уапсен е бизнисменот и поранешен државен директор Ратко Капушевски

Sase Ivanovski

СДСМ: Документи откриваат дека Владата однапред решила да ја оштети државата со паркингот во Клинички!

Sase Ivanovski

Џемали Саити е избран за в.д. претседател на Врховниот суд

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС која проверува цени во маркети, пред само два дена се гоштевале по кафеани во Струмица и за партиска журка потрошиле над 100 илјади евра

Sase Ivanovski

Возач со „Мерцедес“ прегазил 15-годишно девојче во Аеродром и избегал

Sase Ivanovski

СДСМ: Нереално, Андоновски го призна скандалот со тендерите, итно да си поднесе оставка

Sase Ivanovski

Демко Малески: Ново нормално? Не. Ново неизвесно

Sase Ivanovski

Приведено лице – соизвршител на кривично дело „убиство во обид“

Sase Ivanovski
Вчитувам....