Како дел од платформата „Да ја направиме Америка повторно здрава“, Роберт Ф. Кенеди Помладиот, Секретарот за здравство на САД ѝ наложи на ФДА да ги забрани вештачките и синтетичките бои во прехранбената индустрија, особено тие што се базирани на петролеј.
Дел од овие постапки беа започнати и во претходната администрација, но сега ФДА треба да ги забрза роковите. Овие вештачки бои најмногу се користат за истакнување на нијансите на чипсот, пијалаците, сирењата, а ги употребуваат многу популарни брендови за храна.
Дел од нијансите на црвена, жолта, и зелена, за истите производи во Европа се добиваат од природни прехранбени бои од цвекло, морков, спанаќ, куркума, и други извори, што беше повод ФДА да преземе мерки. Ваквите чекори може да предизвикаат големи промени во рецептурата на производите и нови мерки низ повеќе земји, додека пак Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) почесто да ги врши проверките на прехранбените бои и да ја обновува листата на одобрени препарати која е задолжителна за сите производители.
View this post on Instagram