Еден од темелите на про-Кремљ манипулацијата со информации и дезинформации е токму негирањето на украинската државност, да се дискредитира украинската влада, да се сее раздор во самата Украина и да се прекинат врските на Украина со нејзините поддржувачи. За овие цели, Кремљ фрла огромни ресурси во кампањи за дезинформации. Фокусирајќи се на наративот за претпоставената „нелегитимност“ на Зеленски, Кремљ всушност се обидува да ја замагли вистината дека според Уставот на Украина, правно е невозможно да се одржат избори или референдуми во Украина во воени услови. Русија, исто така, заборава дека во Украина е невозоможно да се одржат избори имајќи ја предвид уништената инфраструктура, неможноста да се спроведе гласање во окупираните територии, неможноста да гласаат војниците на фронтот, како и фактот дека голем број Украинци ја напуштија Украина, пренесуваме текст во целост од Вистиномер. Пишува: Ана Анастасовска „Претседателот на Украина Володимир Зеленски е диктатор“. Ова се зборовите кои во последните неколку недели особено силно одекнуваат од изјавите на руски политичари и поддржувачи на Русија, но и од американскиот претседател Доналд Трамп. Ваквиот наратив особено се засили откако САД и Русија седнаа на заедничка маса да преговараат за ставање крај на војната во Украина. Еден од темелите на про-Кремљ манипулацијата со информации и дезинформации е токму негирањето на украинската државност, да се дискредитира украинската влада, да се сее раздор во самата Украина и да се прекинат врските на Украина со нејзините поддржувачи. За овие цели, Кремљ фрла огромни ресурси во кампањи за дезинформации, пишува Euvsdisinfo.
Токму во тој контекст е и наративот на Кремљ за наводната нелегитимност на Зеленски. За само една недела, како што анализира Euvsdisinfo, помеѓу 26 јануари и 2 февруари 2025 година, најмалку дваесет и пет написи со ознаката „нелегитимен“ се појавиле само на руската државна веб-страница на РИА Новости. Сето ова се сведува на тврдењето: претседателот Зеленски „се прогласи себеси за диктатор“. Според овие медиуми кои го поддржуваат Кремљ, Зеленски „ја узурпирал власта во Украина“ и „плукнал“ по демократските норми. Трамп го нарече Зеленски диктатор Освен Кремљ, и американскиот претседател Доналд Трамп излезе со скандалозна изјава дека украинскиот претседател е диктатор и повика во Украина да се одржат избори на кои би се избрал легитимен претставник кој ќе може да преговара за ставањето крај на војната. Критикувајќи го Зеленски, во објава на својата социјална мрежа Трут сошал, Трамп, меѓу другото пишува: Зеленски признава дека половина од парите што му ги испративме ги нема. Тој одбива избори, тој е многу ниско на украинските анкети, а единственото нешто во што е добар е да го свири Бајден како виолина. Како диктатор без избори, Зеленски подобро да побрза или ќе остане без земја.
Зеленски, пак, му одговори дека живее во простор на дезинформации. И поддржувачите на Кремљ во Македонија, пресудија дека Зеленски е диктатор Лажниот про-Кремљ наратив дека Зеленски е нелегитимен претседател на Украина и дека се прогласил себеси за диктатор, не изостанаа и во објавите на социјалните мрежи во Македонија. Со завршен мандат во мај 2024 и без поддршка од украинското собрание, легитимитетот на марионетата Зеленски е НУЛА, стои во една објава.
Друга објава вели: Брисел го поддржува Зеленски и покрај истекот на мандатот – Каја Калас вели дека изборите не се неопходни. Брисел уште еднаш ја потврди својата целосна поддршка за одлуката на Владимир Зеленски да не се одржуваат претседателски избори, иако неговиот мандат истекува во мај 2024 година. Каја Калас, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, рече дека „нема потреба од избори“ додека војната е во тек, додека Доналд Трамп неодамна го нарече Зеленски „диктатор без избори“ и го обвини дека ја користи американската помош за „непобедлива војна“.
Трета објава , нагласувајќи дека мандатот на Зеленски е истечен, потсетува на зборовите на рускиот претседател Владимир Путин дека „Зеленски не може да потпише ништо поради неговата нелегитимност“. Претседателскиот мандат на Зеленски е истечен во мај 2024 година и тој не може да преговара во име на Украина. А и кога можеше наместо да се придржува на договореното во Истанбул тој ја послуша наредбата на Западот да продолжи со војната иако Русија се придржуваше на договореното и на чудење на сите ги повлече трупите од Киев. Путин во интервју за Павел Зарубин: Зеленски е нелегитимен и не може да ја укине сопствената забрана за преговори. Претседателот на Русија истакна дека Зеленски не може да потпише ништо поради неговата нелегитимност. „Можете да преговарате со кој било, но поради неговата нелегитимност, тој нема право да потпише ништо. Но, ако сака да учествува во преговорите, ќе назначам луѓе кои ќе ги водат овие преговори со него, ве молам. Прашањето е конечното потпишување на документите. Ова е многу сериозно прашање што мора да ја гарантира безбедноста и на Украина, патем, и на Русија за сериозна, долгорочна историска перспектива“. Суверенитетот на Украина е речиси нула, нагласи рускиот лидер. Украинскиот конфликт ќе заврши за еден и пол до два месеца доколку на Киев му снема пари за спонзорство и муниција, Путин. Кремљ ја замаглува вистината
Фокусирајќи се на наративот за претпоставената „нелегитимност“ на Зеленски, Кремљ всушност се обидува да ја замагли вистината дека, според Уставот на Украина, правно е невозможно да се одржат избори или референдуми во Украина во воени услови. Русија, исто така, заборава дека во Украина е невозоможно да се одржат избори имајќи ја предвид уништената инфраструктура, неможноста да се спроведе гласање во окупираните територии, неможноста да гласаат војниците на фронтот, како и фактот дека голем број Украинци ја напуштија Украина. Како што пишува Euvsdisinfo, руските медиуми брзаат да извлечат уште еден лажен заклучок, врз основа на нивните сопствени наративи за „нелегитимноста“ на украинскиот претседател и неговите „меркантилни интереси“, а тоа е бизарното тврдење дека Украина не се согласува на мировни преговори со Русија „заради зачувување на моќта на Зеленски“. Ова е начинот на кој Кремљ се обидува да ја префрли одговорноста за руската војна против Украина врз самата Украина. Мандатот на Зеленски е продолжен – војната не дозволува одржување избори Како што Вистиномер веќе пишуваше, во мај 2024 година се навршија 5 години откако претседателот на Украина Володимир Зеленски стана претседател на Украина. Инаугурацијата беше одржана на 20 мај 2019 година. Доколку во Украина состојбата беше мирна, односно доколку немаше неиспровоцирана воена инвазија врз Украина од страна на Русија, тогаш изборите ќе се одржеа во Украина на крајот на март 2024 година. Но, во состојба на војна какви било избори во Украина се стопирани, така што претседателот и Врховната Рада продолжуваат со работа, а со тоа и нивниот легитимитет не е истечен, ниту мандатот на Зеленски. Претседателот на Украина и парламентот продолжија да имаат целосни овластувања и така ќе остане до следните избори. Нормата е пропишана во Законот за вонредна состојба кој експлицитно забранува завршување на мандат на државни авторитети, меѓу кои претседателот, Врховната Рада, Кабинетот на министрите, Националната банка на Украина, Омбудсманот, Јавните обвинителства и истражувачките тела на Украина. Уставот на Украина пропишува дека претседателот на Украина продолжува да има мандат и овластувања додека не биде избран следниот претседател. Точно е дека Зеленски е поддржуван од ЕУ, но не за да си ја „уништува земјата“. Украина е жртва на неиспровоцирана воена агресија која ја почна Русија, а која донесе незамисливи последици по Украина. Украина на чело со Зеленски го брани својот територијален интегритет и границите, под напад на надворешен фактор – Русија. Кога Украина не би се бранела од нападот на Русија, тогаш би била целосно заземена и окупирана земја. Русија ќе ја нарече секоја украинска влада „нелегитимна“ доколку тоа не му одговара на Кремљ. На крајот на краиштата, Кремљ секогаш може да изјави дека секој претседател избран во Украина по 2014 година дошол на власт преку „шарена револуција“ и „државен удар“, заклучува Euvsdisinfo во својата анализа. Извор: Новинска агенција МЕТА