16.8 C
Скопје
24/06/2025 00:16
МАКТЕЛ

   

Како ќе изгледа Македонија ако не влезе во ЕУ

      

„ Како би изгледала Хрватска да не е членка на ЕУ“, е темата на извонредната анализа на новинарот Јасмин Клариќ објавена во интернет магазинот „Велике Приче“, пренесена кај нас во порталот Независен. мк.Таа е вистинската „понуда“за отрезнување во Македонија, иако авторот не ја пишувал со таква намена.
Асоцијацијата со нашата трагична реалност е како ќе изгледа Македонија ако не влезе во ЕУ. Тоа е најважното и најсуштинско прашање на кое треба да дадат одговор нашите политички, интелектуални и деловни елити отколку да трошат време за блефот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ , Христијан Мицкоски за преземање на копија од хрватскиот устав како решение за влез на Бугарите во македонскиот устав што треба да означи продолжување на преговорите со ЕУ. Насловот како би изгледала Хрватска да не е членка на ЕУ и одговорите на тоа прашање кои се содржани и емпириски докажани во посочениот текст можат со извесни разлики да се однесува на сите посткомунистички земји, новопримени членки во ЕУ по падот на Берлинскиот ѕид. Разликите пред и по влезот во ЕУ се неизмерливи.

Прескокнати се векови. Во тоа се уверени не само поради статистичките податоци сите наши граѓани кои имале прилика да ги посетат некои од државите од регионот пред и по членството во ЕУ.Клариќ пишува дека: „доколку Хрватска и денес не беше членка на ЕУ, не само што ќе беше посиромашна, туку како и повеќето земји во регионот, ќе беше на милост и немилост на геополитичките интереси и притисоци од сите страни, а времињата се, простете, заебани. Ако во 2000 година притисокот од десницата во Хрватска беше толку голем и повлечеше рачна кочница , големо прашање е дали Хрватска и денес ќе беше членка на ЕУ.“

   

Времето покажа дека тоа се еден куп глупости
Тука се наоѓа и одговорот на прашањето со кое нашите елити не се бават: како ќе изгледа Македонија ако не влезе во ЕУ бидејќи притисокот од нашата „десница„ и „левица“ е со крената и рачна и ножна и е многу поголем отколку своевремено заплашувањето на граѓаните во Хрватска дека влезот во ЕУ е обнова на поранешна Југославија. Времето покажа дека тоа се еден куп глупости. Кај нас заплашувањето е дека ќе го изгубиме идентитетот, јазикот и ќе бидеме асимилирани, односно ќе станеме Бугари.

Според најоптимистичките проценки ако Македонија не влезе во ЕУ, ќе биде и во наредните 20 години како и во изминатите 32, уште посиромашна и поиспразнета. Некои веќе ја споредија со еден голем пензионерски дом. За жал, тоа е подобрата прогноза. Полошата, но исто така реална, е дека испуштањето да се влета во последната врата од последниот вагон поради многу поголеми глупости отколку во Хрватска со сега веќе смешната закана за обнова на поранешна Југославија, како што се застрашувањата со губење на идентитетот, националната припадност и јазикот асимилација и бугаризација во сопствената држава може да доведе до распад на Македонија бидејќи сегашните делби ќе бидат многу посилни во изолирана држава од која сите поддржувачи и пријатели кренале раце.

Авторот на текстот вели: „не е ни најмал проблем да се аргументира дека, речиси десет години по влезот во ЕУ, членството на Хрватска се исплатеше.
Можеби најдобрата споредба на движењето на животниот стандард во една земја, искажувањето на БДП со паритетот на куповната моќ, што е мерка која ги зема предвид трошоците за живот и стапката на инфлација. Според методологијата на Евростат, просекот на ЕУ е 100, а во однос на него е искажана паритетот на куповната моќ на земјите-членки. Хрватска влезе во ЕУ со 61, лани беше на 73 отсто од просечната куповна моќ во ЕУ. Словенија, која влезе во ЕУ девет години пред Хрватска, скокна од 83 на 92 отсто во истиот период.

Другите земји во регионот се многу послаби. Црна Гора има 48 отсто од куповната моќ во ЕУ (во 2013 година беше на 41), Србија со 44 (пред десет години исто така со 41), Северна Македонија со 42 (35), а БиХ со само една третина од куповната моќ во ЕУ. Пред десет години беше на 31 процент.“
Не e се во парите
Исто така не е воопшто тешко да се аргументира дека членството во ЕУ е огромна можност за развој. Целта е преку фондови што е можно повеќе да се изедначи развојот на сите региони, така што земјите како Хрватска навистина имаат генерациска шанса. Колкава? Ако се мери според Хрватска тогаш повеќе од седумдесет проценти од сите јавни инвестиции се финансирани од фондовите на ЕУ. Ваквите теми и дебати во Македонија се безначајни, или пак се примаат со недоверба. Кај нас на прво место се идентитетските прашања и историското минато. И во тој поглед искуствата со сите други членки и според основачките акти на ЕУ јасно укажуваат дека посебностите на сите народи се особено негувани и значајни во Европа. Тие не само се респектирани и заштитени, туку и зајакнати и пошироко афирмирани во светот.

А дека не е се во парите, покажува и развојот не само на хрватското општетсво што овде е земен за пример поради одличниот текст на авторот, туку и на сите дриги новопримени членки на ЕУ. Приклучувањето кон ЕУ отсекогаш се сметало не само како приближување до џиновски банкомат, туку како прифаќање и имплементирање на западните општествени вредности – пред сè, силни и независни институции, човекови права, слободни медиуми и еднаквост пред законот.

Па, на тој фронт, се чини дека најдобрите времиња и во Хрватска и кај сите кандидати за членство припаѓаат на годините кога траат преговорите за влез во ЕУ. Тогаш се поставени моќни инструменти за борба против корупцијата, уставни и законски гаранции за посебни права за сите видови малцинства, слобода на медиумите, поставување на темелите на сериозно владеење на правото – сето тоа се случуваше во време кога Брисел имаше морков во едната рака и стап во другата.

Меѓутоа, по влезот во ЕУ стапот го снема кај повеќето нови членки на ЕУ.
Сите сме за ЕУ само на зборови
Во случајот со Хрватска новинарот Клариќ вели дека со текот на времето, а особено по враќањето на ХДЗ на власт на крајот на 2015 година, некои од институциите и практиките кои беа воведени, или зајакнати за време на пристапниот процес беа сериозно опструирани. Од медиумите, преку Државното правобранителство, до Комисијата за одлучување за судир на интереси – да не зборуваме за државната телевизија – со текот на времето растеше влијанието на владејачката политика.

Да не се зборува за корупција и пред се за нормализирање на политичката корупција, кога до мнозинство се доаѓа со „прелетувачи“ од опозицијата. Ако Хрватска денес преговара со ЕУ поради сето ова, несомнено, ќе имаше сериозни проблеми.

Што да кажеме ние кога полни ни се устите со децении за владеење на правото, за борба против организираниот криминал и високата корупција, за побрзи процеси на демократизација на општеството, за поголеми капитални инвестиции, за изградба на современа инфраструктура, за повисок стандард, и конечно во последно време заглушувачки гласно дека сите сме за влез во ЕУ. Сите сме за ЕУ ама само на зборови. Втората реченица по ова банализирано сите сме за ЕУ е ама не под овие услови додека сме во опозиција. Штом дојдеме на власт во еден друг сооднос на силите во Собранието ќе ги прифатиме сите услови. Никогаш не ја отфрливме определбата дека само Европа треба да направи нешто наместо ние. Секогаш чекаме таа да ни ги заврши работите. Не ни е доволно што помага во процесот на модернизација . Ние во еден дел живееме од нејзините средства. А, каде се нашите внатрешни напори? Да, нашите напори се: Нема потреба од брзање ако го испуштиме и овој воз. Каде и да е, за 20 години ќе дојде друг. Ќе дознаат тие што ќе доживеат. Ако доживеат.
Ерол Ризаов
Извор: ДВ

   

Најново

ПЕЈАЧКАТА ЕМИНА ЈАХОВИЌ: Научив по разводот, кога останав сама со две деца, многу повеќе да ги почитувам мажите, не е лесно да си маж

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИНТЕРЕСНА СИМБОЛИКА: Авионите кои го бомбардираа Иран ги возеа жени пилотки на американската авијација

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Апсурд е СДС да говорат за економија, истите кои народот го оставија со 150 денари на ден

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАНДЕВ: Многу млади фудбалери одбиваат да играат за Македонија, менаџерите не им дозволуваат да не се повределе

Sase Ivanovski

СДСМ: Земјоделците никогаш не биле по понижени, а „Најлошото допрва доаѓа“

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски нема право да зборува за селективност, ја погази правдата и ја понижи Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Не можев да ја спречам трагедијата во Кочани, но можам да направам таква трагедија да не се повтори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РОУЗ ГАРДЕН МОМЕНТ ЗА МИЦКОСКИ, СДСМ ДА УЧИ ОД ВМРО КАКО СЕ ПРАВИ ЈАК ПР

Sase Ivanovski

ТРАМП: ГИ ПОВИКУВАМ ИЗРАЕЛ И ИРАН ДА ПРЕСТАНАТ СО НАПАДИТЕ ЕДНИ КОН ДРУГИ, ВРЕМЕ Е ЗА МИР НА БЛИСКИ ИСТОК

Sase Ivanovski

СДСМ: По една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е понижена, задолжена и без перспектива

Sase Ivanovski

ТРАМП: Ги соборивме сите ракети на Иран кои беа упатени кон нашите бази, сакам да им се заблагодарам што не предупредија пред нападот да ги повлечеме нашите војници, тоа е знак дека не сакаат дополнителна ескалација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ НА ПРОМЕНИТЕ. ЗА ТВОЕТО ВРЕМЕ КОЕ ДОАЃА!

Sase Ivanovski

СДСМ: За една година власт на ВМРО-ДПМНЕ: нула резултати, стотици празни лаги, народ гледа Мицкоски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЛАДАТА НАПРАВИ ОТЧЕТ ЗА ЕДНА ГОДИНА РАБОТА ПРЕД ГРАЃАНИ СОБРАНИ ВО ДВОРОТ НА ВЛАДИНАТА ЗГРАДА НА ИЛИНДЕНСКА

Sase Ivanovski

Петрушевски: Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио

Sase Ivanovski

Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: Започнува евидентирањето на кандидати за советници за локалните избори

Sase Ivanovski

Стојчевски: ДПМНЕ го зголеми трендот на иселување, млади луѓе ја напуштија Македонија

Sase Ivanovski

Филипче: Ова не е промената која граѓаните ја бараа, понижени се работниците, земјоделците и младите

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Кога ќе прозбори Филипче, се шири мирисот на стариот режим на Заев

Sase Ivanovski

Трипуновски: Нулта толеранција за злоупотреба на европски пари во земјоделството

Sase Ivanovski

Трипуновски: До денеска, вклучувајќи ја последната исплата од над 340 милиони денари, исплатени се над 9 милијарди денари за заостанати и тековни обврски

Sase Ivanovski

Радеска: ВМРО-ДПМНЕ го урниса здравството, го деградира белиот мантил и пациентите

Sase Ivanovski

Трајковски: Наместо ветените 12%, наставниците добија само 5% СДСМ ги покачи платите за 53%

Sase Ivanovski

Трипуновски: Преку кампања купувај домашни земјоделски производи ќе помогнеме на домашната економија и македонските земјоделци

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава

Sase Ivanovski

Трајчулевски: Се сруши митот за економската способност на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Пуштен е во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци

Sase Ivanovski

Трпевски: Кандидатот на Филипче за градоначалник на Гази Баба е доказ дека сè уште не се реформирани, тој е само верна сенка на претходникот од СДС

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Државата тонеше – додека СДС крадеше, денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е сигурен и стабилен партнер на граѓаните на Македонија

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска на CEF Форумот: Силни институции се клучот за успешни реформи- Македонија го презеде претседателството со Управниот одбор на CEF

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, зголемен економски раст, плати и пензии

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски изгубен во сопствените лаги – реалноста е: сиромашни граѓани, нови долгови и економски крах

Sase Ivanovski

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ е виновно за состојбите ов Скопје

Sase Ivanovski

Скапотија на трпеза: Албанија ги надмина европските цени на храната

Sase Ivanovski

Жерновски: Македонија не оди кон Брисел – туку кон Будимпешта

Sase Ivanovski

ЕВРОПСКИ МЕДИУМИ: Дали Бугарија ги манипулирала податоците за инфлацијата за да влезе во еврозоната?

Sase Ivanovski

Вучиќ: Светот е во хаос, веќе не важат меѓународни правила

Sase Ivanovski

Мицкоски за трагедијата во Кочани: Обвинителството е на тест да докаже вистина, судот да спроведе правда

Sase Ivanovski

Бела куќа: Администрацијата на Трамп нема да возврати на нападот на Иран, сакаме деескалација

Sase Ivanovski

Меџити го напаѓа ДУИ: Шансите за вработување се отвораат за народот, не за „шерифите од Речица“

Sase Ivanovski

По шест дена, вториот блок на РЕК Битола повторно е вклучен во електродистрибутивната мрежа

Sase Ivanovski

Техеран незадоволен: Русија и Кина зборуваат, но не помагаат

Sase Ivanovski

Бела куќа: Администрацијата на Трамп ја очекуваше иранска одмазда

Sase Ivanovski

„Њујорк тајмс“: Иран го координираше нападот на базата и однапред го предупреди Катар

Sase Ivanovski

САД ги потврдија нападите врз американските бази, Трамп седна во кризната соба

Sase Ivanovski

Уапсен поранешниот градоначалник на хрватскиот остров Паг

Sase Ivanovski

Кривична пријава против осум лица од Струмица и кавадаречко, расчистено кривично дело „тешка кражба”

Sase Ivanovski

Ќоку: Законот за правична застапеност утре поминува на Влада и се очекува наскоро да дојде во парламентарна процедура

Sase Ivanovski

Мотоциклист од Негорци прегази скопјанка во Дојран

Sase Ivanovski

СПАСЕНО КУЧЕ КОЕ БИЛО ЗАТВОРЕНО ВО АВТОМОБИЛ НА ЕКСТРЕМНИ ТЕМПЕРАТУРИ Лајка апелира институциите да го казнат злоставувачот

Sase Ivanovski

Американски официјални лица: Нема жртви во иранскиот напад врз воената база во Катар

Sase Ivanovski

Во американската воздухопловна база Аин ал-Асад во Ирак активиран системот за воздушна одбрана

Sase Ivanovski

Татко и двајца синови претепале маж во Батинци – Обвинителството бара притвор

Sase Ivanovski

ЅИНГО ЈУНИОР ВЛЕГУВА ВО ВИНСКИОТ БИЗНИС НА ГОЛЕМА ВРАТА: 7 ВИНА – 7 МЕДАЛИ, МОНТЕКО ГО ОСВОИ „DECANTER“ Светските експерти воодушевени од македонското вино

Sase Ivanovski

КРВАВО УТРО ВО ГАЗА, УБИЕНИ НАЈМАЛКУ 30 ПАЛЕСТИНЦИ Израелски напади без поштеда, телата меѓу кутии со хуманитарна помош

Sase Ivanovski

ИРАН ЈА ПОЧНА ОДМАЗДАТА КОН САД Нападната американската база во Доха, детонации има и во Ирак

Sase Ivanovski

ПУКОТНИЦИ ВО ЧАИР, ТАМУ НИКОГАШ НЕ Е ДОСАДНО Скопјанец пукал со пиштол во воздух по расправија

Sase Ivanovski

ИЈЗ со повик до фирмите да се почитуваат мерките за заштита на здравјето на работниците при високи температури

Sase Ivanovski

Хаос на музички фестивал во Франција: Избодени 145 жени со шприцеви полни со непознати супстанции

Sase Ivanovski

Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите

Sase Ivanovski

Спречен атентат врз Зеленски

Sase Ivanovski

Спасовски: Со акробации во Собрание ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата

Sase Ivanovski

Извештајот на ЕП за Р.С Македонија нема меѓународно правно обврзувачки карактер изјавил за БТА министерот Георг Георгиев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО: По 1945-та, комунистите направиле логор во Отешево каде држеле затворени над 1000 Бугарофили

Sase Ivanovski

Малолетник со камен по глава удирал сосед во скопско Батинци – пресметка заврши со тешки повреди

Sase Ivanovski

Се судрија мотоцикл и камион во Скопје, 40-годишник е тешко повреден

Sase Ivanovski

СКАПО ЈА ПЛАТИВМЕ ВОЈНАТА РУСИЈА – УКРАИНА, СЕГА ЌЕ ГО ЈАДЕМЕ ПАК СТАПОТ И ПОРАДИ ВОЈНАТА ИРАН – ИЗРАЕЛ Ново покачување на цените на горивата

Sase Ivanovski

МНРиМТ: Утре ќе се евакуира уште едно семејство од Израел, граѓаните да се воздржат од патувања на Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Тренчевска: Без грам чувство за семејствата, ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за Кочани во Собрание

Sase Ivanovski

Беџети: „Европскиот фронт“ ќе се проширува со сите што мислат дека оваа влада носи антиалбански одлуки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО ПРЕДВИДУВА: Тито ќе биде ревидиран во Македонија ама затоа што бил лош према Србите?!

Sase Ivanovski

ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА ОД БОМБАРДИРАЊЕТО НА СРБИЈА 1999-ТА Иран очекува Русија да игра активна улога во конфликтот меѓу Техеран и Вашингтон

Sase Ivanovski

Трајановски: Владата интензивно гради, а доказ за тоа се делата и проектите

Sase Ivanovski

Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО: Синот на шефот на УДБА за Македонија сега е сопственик на најголемата градежна компанија во Македонија

Sase Ivanovski

Арсовска објави кој е сопственикот на 12-катната дивоградба во Чаир

Sase Ivanovski

Словенечкa протетичарка ќе им помага на повредените во Кочани, советувањето со странските експерти продолжува

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Срамно е СДС да говори за земјоделците, тони овошје и зеленчук беа исфрлани по улиците од страна на земјоделците поради неспособноста на тогашните власти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) И ПАРИЗ НЕ Е ТОА ШТО БЕШЕ

Sase Ivanovski
Вчитувам....