Северна Македонија беше првата во регионот што потпиша партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ – и првата што почна да ги користи придобивките од ншиот План за раст за Западен Балкан, напиша Калас на „Икс“. Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на Скопје, порача дека Македонија припаѓа во европското семејство и оти е неопходно да продолжи напред по патот кон Европската Унија.
„Задоволство е да се биде во Скопје. Северна Македонија беше првата во регионот што потпиша партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ – и првата што почна да ги користи придобивките од ншиот План за раст за Западен Балкан. Таа припаѓа во нашето европско семејство. Сега е неопходно да продолжи по патот кон ЕУ, напиша Калас на нејзиниот профил на платформата „Икс“.
Калас за време на вчерашната посета на Скопје се сретна со премиерот Христијан Мицкоски, а учествуваше на отворањето на дијалогот за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана. Калас го посети и седиштето на Балканската медицинска наменска сила во касарната „Илинден“. Извор: Новинска агенција МЕТА