Европската унија ја рестартира својата политичка мисија за следење на граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет, објави шефицата за надворешна политика на блокот, Каја Калас. Во нејзините изјави во понеделникот, Калас истакна дека министрите за надворешни работи на земјите-членки нашироко се согласиле дека Мисијата на ЕУ за гранична помош (EUBAM) може да одигра „одлучувачка улога“ во поддршката на договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците меѓу Израел и Хамас, кој стапи на сила минатата недела.
„Политичката гранична мисија на ЕУ во моментов е распоредена на преминот Рафах, на барање и на Палестинците и на Израелците. Тоа ќе го поддржи персоналот на палестинската самоуправа и ќе дозволи премин на луѓе од Газа, вклучително и на оние на кои им е потребна медицинска нега“, напиша таа на платформата Икс, објавени на социјалните мрежи.