Македонскиот тенисер Калин Ивановски ја продолжува победничката серија на ИТФ фјучрсот во Опатија, Хрватска, што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Ивановски денеска во полуфиналната фаза во сингл конкуренција триумфираше над третиот носител на турнирот Михаел Врбенски од Чешка (406 место АТП листа) со 2:1 во сетови.
Нашиот тенисер го освои првиот сет со 6:4, израмни противникот добивајќи го вториот сет со 6:3. Во решавачкиот трет сет Ивановски беше подобар со 6:3 и после два часа и 37 минути игра дојде до победата. Македонецот за титулата во Опатија ќе игра против првиот носител на турнирот, Хрватот Лука Микрут кој во полуфиналето убедливо со 6:2 и 6:1 славеше против Серхи Перез Контри од Шпанија.