Синоќа се одржа 28-то издание на една од најпопуларните забавни манифестации кај нас, Златна бубамара на популарноста, на која беа доделени 22 награди во различни категории. Годинава со дури три награди си замина Калиопи, и тоа за поп концерт, за албум , како и за пејачка на годината. Две награди доби рок бендот Мамеорија, за рок концерт и рок група на годината. Во продолжение, добитниците на Златна бубамара во сите категории:
1. Најпопуларен оркестар 2024 -Битолски камерен оркестар, 2. Најперспективна млада пејачка- Ана Петановска, 3. Театарска престава за деца и младинци 2024-РОЊА, 4. Животно дело -Перо Христов, 5. Трајни музички вредности- Дарио, 6. Награда за 30 години јубилеј -К-15, 7. Трајни вредности во уметноста -Миро Масин, 8. Хит на годината 2024 -Некст Тајм & Слаткар – Океани, 9. Трајни музички вредности -Сузана Спасовска, 10. Спортска легенда -Илија Најдоски, 11. Амбасадор на македонската култура 2024- Казухиро Котецу, 12. Етно Концерт 2024 -Ансамбл Стефче Стојковски, 13. Поп концерт 2024 –Калиопи,14. Пејачка 2024 –Калиопи, 15. Албум 2024 –Калиопи, 16. Актерка 2024- Дарја Ризова, 17. Актер 2024- Ѓорги Јолевски, 18. Театарска претстава 2024-12, 19. Животно дело- Муарем Сербезовски, 20. Писател 2024 -Тихомир Јанчовски, 21. Рок група 2024- Меморија, 22. Рок концерт -2024 Меморија.