Благодарение на осигурувањето од незгоди, на Лепа Брена ѝ биле покриени сите трошоци поврзани со медицинската, односно лекарската помош. Пејачката Лепа Брена пред нешто повеќе од еден месец го скрши зглобот на третиот концерт во загрепската Арена, поради што веднаш беше оперирана во Загреб. Пејачката во текот на кариерата имала незгоди, па решила уште порано да се осигура од ненадејни повреди. Таа редовно си го плаќала осигурувањето. Пејачката има осигурителна полиса која ја штити од повреди во работното време, односно за време на концерти и настапи. Како што пишува српски Курир, Лепа Брена заработила отштета по концертот во Загреб.
Брена се здобивала со полесни повреди, сè до 10 декември минатата година, кога ја скрши ногата, поради што веднаш по концертот во загрепската Арена беше оперирана во Загреб. Благодарение на осигурувањето од незгоди, на Лепа Брена ѝ биле покриени сите трошоци поврзани со медицинската, односно лекарската помош. – Брена многу се грижи за своето здравје, животот и околностите кои можат да доведат до повреди. Свесна е дека се случуваат повреди на работа и поради тоа со години плаќа осигурување. Ми се чини дека плаќа годишна премија од 1.000 евра и дека за сериозната повреда која ѝ се случи неодамна рефундираше 30.000 евра. Со тоа ги платила сите неопходни трошоци за операцијата, лековите и рехабилитацијата – рекол извор за српски Курир.