Канадскиот премиер Џастин Трудо утре ќе пристигне во Лондон за да учествува на самитот организиран од Обединетото Кралство за европска безбедност и Украина, соопшти денеска канцеларијата на првиот човек на канадската влада.
Кир Стармер, утре ќе собере околу петнаесет лидери, главно од европски земји, во обид да се постигне напредок во помагањето на Украина, по вчерашниот вербален судир меѓу украинскиот и американскиот претседател Доналд Трамп. Покрај претставници од НАТО и ЕУ, ќе присуствуваат и Украина, Франција, Германија, Италија, Холандија, Шпанија, Финска, Шведска, Данска, Чешка, Полска, Романија и Турција.