Почитувани,
Граѓаните на Аеродром добро знаат што значи СДС. Го видовме нивниот „модерен пристап“ и нивната „нова енергија“ во сите овие години на криминал, урбан хаос и национални понижувања. Сега, наместо да понудат искрен пресврт и самокритичност, тие повторно се обидуваат да го префарбаат старото лице – овојпат преку Александар Трајановски.
Ни го нудат како „свежо лице“, а зад него стојат истите луѓе кои ја закопаа Македонија во корупција, урбан хаос и национално понижување: Зоран Заев, архитектот на сите отстапки, промашени политики и длабока политичка демотивација на народот и неговата продолжена рака, Венко Филипче – симболите на распаднатиот режим на СДС.
Александар веќе еднаш излезе пред народот – како носител на советничка листа – и беше поразен, катастрофално поразен од граѓаните на Аеродром. А кога ја доби и таа мала поддршка да стане член на советот, се повлече од советот за друга „функција“ и ги извиси сите оние што гласаа за него, покажувајќи колку му е небитен Аеродром, а колку му се побитни другите лични функции.
И сега, повторно ни го нудат, како да сме заборавиле кого го претставува.Нас не ни треба претставник на Заевизмот во нова амбалажа. Ни треба човек што знае што значи локална работа, одговорност и отчетност – а не неуспешен партиски проект, спакуван за нова измама.Граѓаните на Аеродром знаат да препознаат обид за рецидив од минатото, препакуван во наводна свежина. Аеродром има паметење. И ќе покаже уште еднаш: Нема враќање назад, во времето на Заев, Венко и нивните продолжени раце.