Откако во повеќечасовен испад на Икс објави дека е нацист, дека го „сака Хитлер“ и објави маица со свастика, Канје Вест продолжи да ја шокира јавноста со своите објави. Во новата објава, тој се осврна на критиките за изгледот на неговата сопруга Бјанка Ценсори, која се појави на Греми наградите во проѕирен фустан кој не криеше ништо.
Раперот продолжува да ја шокира јавноста со своите објави на социјалните мрежи. Сега тој изјави дека неговата сопруга Бјанка Ценсори не може да носи ништо без негова дозвола, одговарајќи на критиките што ги доби по скандалот со Греми наградите. I HAVE DOMINION OVER MY WIFE THIS AINT NO WOKE AS FEMINIST SHIT SHES WITH A BILLIONAIRE WHY WOULD SHE LISTEN TO ANY OF YOU DUMB ASS BROKE BITCHES PEOPLE SAY THE RED CARPET LOOK WAS HER DECISION YES I DONT MAKE HER DO NOTHING SHE DOESNT WANT TO BUT SHE DEFINITELY… — ye (@kanyewest) February 7, 2025 Бјанка Ценсори на црвениот тепих се појави во проѕирен фустан под кој беше гола, додека нејзиниот сопруг носеше лежерна, црна модна комбинација. Многумина потоа го обвинија Канје Вест дека е „насилен“ кон својата сопруга и дека го користи нејзиното тело за да привлече внимание.

“Имам авторитет над мојата сопруга, ова не се феминистички го**а овде. Таа е со милијардер, зошто да слуша некој од вас глупави и сиромашни идиоти. Луѓето велат дека нејзиниот изглед на црвениот тепих е нејзина одлука. Да, не ја натерам да носи нешто што не сака, но дефинитивно не може да носи нешто без моја дозвола”, рече тој. „Немам почит и емпатија кон луѓето бидејќи никој не може да се зафркава со мене, но јас сакам некои луѓе и им правам услуга“, додаде тој.