Филип Кузмановски, капитенот на македонската ракометна репрезентација и Еурофарм Пелистер, се огласи во јавноста по критиките на негова адреса заради зборовите при прославата на титулата со „Чкембарите“.
- Обраќањето на Филип Кузмановски во целост:
„По денешните реакции во јавноста, би сакал да кажам неколку зборови. Во моменти на радост, емоции, еуфорија, прославувајќи заедно со нашите навивачи и пеејќи ги песните, несвесен за зборовите, направив грешка. Грешка која не сакам да се сфати како намерна ниту потценувачка кон некого. Свесен сум за мојата одговорност како капитен на македонската репрезентација на и надвор од теренот. Би сакал да се извинам на целата македонска јавност доколку сум бил погрешно сфатен. Ве молам сфатете дека прослава на титула на теренот на најголемиот ривал е огромна работа и не сакам оваа моја мала невнимателност да донесе негативен контекст на целото славје. Да живее Битола, да живее Македонија“
Еурофарм Пелистер стана шампион на Македонија со победа на теренот на Вардар 1961 и ја освои третата титула по ред во мак-ракометот.