Бугарските власти повторно го прашуваат министерот за транспорт Александар Николоски дали ќе го потпише предлог-договорот што му го испратија зимото за железницата од Коридорот 8 и изградбата на тунел на границата.Ова следува откако Николоски неодамна обвини дека Бугарија не сака да ја изгради пругата и дека тој испратил 15 дописи до официјална Софија, на кои немал одговор.
Неговиот бугарски колега Гроздан Караџов истакна дека постоечката пруга од бугарска страна овозможува да се движи возот до 80 километри на час и сега се проектира линија за 2032 година која ќе овоможи движење до 160 километри на час. Сепак, како што додаде бугарскиот министер Караџов, прашањето е дали овој воз ќе заврши пред тунел. „Имам чувство дека тоа се некакви македонски приказни за лека ноќ, зашто додека Николоски ги зборува овие работи, возот веќе поминал низ Перник, поминал и низ Радомир, стигнал до Ќустендил и од таму застанал на последната станица на Ѓуешево за да чека и македонскиот воз да дојде.“, вели Гроздан Караџов. (mk.tv21.tv)