Во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) претседателот на БЕСА, Биљал Касами рече дека е оптимист дека сè уште има реални шанси ВРЕДИ да продолжи обединета, бидејќи, како што рече, вредноста на секоја партија која е дел од коалицијата е многу поголема додека е во ВРЕДИ. Најголем губитник според него би бил тој кој ќе излезе од коалицијата.
-Најголем губитник ќе биде оној што ќе излезе од коалицијата ВЛЕН. Народната поговорка вели – „тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот- рече Биљал Касами, веројатно за неговиот коалиционен партнер во ВЛЕН, Арбен Таравари по несогласувањата во коалицијата и критиките од лидерот на Алијанса за Албанците за нејзиното функционирање како дел од Владата. На прашањето за став околу ваквите зборови на Касами, лидерот на Алијанса за Албанците која официјално сè уште е дел од ВРЕДИ, Арбен Таравари, накратко одговори велејќи дека Касами ги помешал бројките и равенките.
-Лингвистички лапсус. Ги помешал бројките и равенките- одговори Таравари.