Тетовскиот градоначалник и лидер на партијата Беса, Биљал Касами, во гостување на ТВ21 зборуваше за долгите редици кои во последните недели се создаваат на граничниот премин „Блаце“ кон Косово, за што го обвини поранешниот премиер Артан Груби.
Касами рече за колоните е виновен Груби, поради кого, како што вели, било зголемено нивото на контрола и безбедност на граничните точки. „За да се спаси еден човек кој ја злоупотребил својата положба, сега страдаат сите граѓани“, вели Касами. „Поради Артан Груби, на „Блаце“, „Јажинце“ и на сите гранични пунктови се зголеми нивото на контрола и безбедност. Знаеме како Груби преминал на Косово преку „Блаце“ и не знаеме каде е денес. Во овие случаи, за да се спаси човек кој има силни сомнежи за злоупотреба на функцијата од високо ниво, денес трпат сите граѓани“, рече тој.