„Досегашната методологија по глава на жител не беше правична за граѓаните затоа што повеќе фамилии кои главно се и посиромашните, плаќаат повеќе, а тие што има повеќе простор, нели повеќе станбен простор и деловен простор плаќаа помалку. Сега со новата метода по метар квадратен ќе се направи процена пресметка на фактурите за отпад, цениме дека ќе биде поправедна за граѓаните, значи нема да има промена, само ќе има промена на методологија“, изјави Касами.
За подобро снабдување со вода за пиење општината има подготвено физибилити студија, рече Касами.
„Второ, смена на главните краци на мрежата за вода во градот, а што се губи водата. Трето, како заклучок е излезен дека треба да се инвестира во делот на водомерите каде што нели се губи водата во делот на злоупотреба од несовесните граѓани. После јануарската сесија на советот, каде ќе се надевам дека ќе се усвои оваа студија и заклучоците, одма ќе почнеме со подготовка на техничка документација и да видиме како ќе се финансира реконструкција на дистрибутивната мрежа“, рече Касами.