По дојавата за поставени бомби во двете основни училишта во Тетово, градоначалникот Билал Касами соопшти дека се преземаат мерки за поголем надзор во училишните објекти и повика на смиреност за да не се создава паника.–Апелираме до граѓаните, наставниците и родителите да останат смирени и да не паничат во вакви ситуации. Образовниот сектор при општина Тетово, на предлог на органите на државната безбедност, ја зголеми грижата и надзорот над училиштата и континуирано е во комуникација со раководните лица на училиштата и државните органи за безбедност во државата.
Имајќи предвид дека вакви вести имало и во други градови и дека се посочени како лажни, сепак мора да бидеме внимателни. Воедно, соопштуваме дека вакви предупредувања нема во другите основни и средни училишта и ситуацијата е под контрола, изјави Касами,По дојавата дека има поставено бомби во двете основни училишта „Лирија” и „Кирил и Методиј”, учениците и наставниците по наредба на полицијата и надлежните ги напуштиле училишните објекти.