Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами по оставките на дел од владините функционери од редовите на Алијанса за Албанците (АА), истакна дека станува збор само за неколкумина индивидуалци, додека останатите ќе продолжат да бидат дел од Владата и новоформираната партија „Вреди“. На новинарско прашање како ќе се постапуваа откако се формираа три крила на Алијанса за Албанците, Касами рече дека таа партија е една која е дел од коалицијата „Вреди“ и во иднина ќе биде дел од истоимената заедничка партија.
– Овие денови ќе се знаат имињата на министри, заменик министри. За нас е тоа важен процес, затоа што министерството за здравство е многу важно министерство за да имаме резултати кои сме ги нуделе на граѓаните на последните парламентарни избори. Само индивидуи кои соработуваат на некој начин или форма со ДУИ не се добредојдени, но ние цениме дека Алијанса на Албанците и сите кои сакаат да останат во Алијанса на Албанците и следователно на тоа и на Вреди, се добредојдени. Така да веќе почна тоа како процедура, рече Касами.