На прашањето дали Таравари и натаму е министер за здравство, Касами одговори:
„Ќе видиме до кога, уште некој ден. Се договоривме за тајмингот на активностите кои ќе треба да се преземат во наредните денови, но она што е важно и она што го кажавме, нема соработка со ДУИ и Владата. Ова го договоривме со премиерот и, се разбира, ќе има конкретни активности во наредните денови“.Тој рече дека многу луѓе од АА се изјасниле дека ќе работат во насока на борбата против корупција и затоа се надева дека ќе бидат дел од партијата ВРЕДИ и Владата.