25.8 C
Скопје
20/05/2024 20:22
МАКТЕЛ

  

     

 

“КАТИМЕРИНИ”: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

      

Атина внимателно го очекува однесувањето на новите власти во Скопје околу почитувањето на Преспанскиот договор и уште сега го калибрира својот одговор доколку е нарушен, особено при употребата на името Северна Македонија. Во два авторски текста во „Катимерини“, весник близок до владејачката Нова демократија, се наведува дека Атина ја чека заклетвата на новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата, а потоа и програмските определби на новата влада.

   

 

 

Доколку новите власти во Македонија скршнат од патот на Преспанскиот договор прво се очекува дипломатска реакција, а потоа можеби и друга, особено што ова е предизборен период во Грција поради европските избори па поради настаните со новите македонски власти грчката влада да биде силно притисната. Во првиот текст на одличниот познавач на регионот и на грчко-македонските односи, Ставрос Ѕимас, се поставува прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ „мутирала во проевропска политичка организација од десниот центар или ќе продолжи по патот на национал-популизмот и авторитарното владеење на сега бегалецот поранешен лидер и премиер, Никола Груевски.

   

     

Нејзините идеолошки координати се чини дека не се променети. Одбраната на неизвалканата идеологија на ‘македонизмот’ сè уште е столбот на постоењето на партијата, како и нејзината декларирана проевропска, прозападна ориентација – оттука и нејзините блиски односи со германската ЦДУ и Европската народна партија. Што се однесува до бугарската ‘утроба’ од која дојде на свет во минатиот век, односите не само што пукнаа, туку со текот на времето станаа непријателски, а денешното ВМРО-ДПМНЕ ‘мајчинската прегратка’ ја смета за закана“, пишува Ѕимас.

Понатаму во текстот се додава: „Денешната реалност е далеку од ерата на Груевски на сите нивоа на Балканот, а правилата на игра се поставени врз основа на геополитички баланси. Како владата на Мицкоски ќе ја практикува власта во таков амбиент, ќе се види од приоритетите што ќе ги постави. Иселениците зад себе оставаат земја заглавена во корупција, непотизам и кронизам, но и два меѓудржавни договори, со Грција и Бугарија, за кои НАТО и ЕУ аплаудираа, но ВМРО како опозиција ги анатемисаше, предизборно имплицирајќи дека ако не може да ги укине, ќе ги ‘приземји’.

Дали ќе се обиде? Се разбира, сојузниците го предупредија да не ги допира. Посебно во однос на договорот од Преспа, не е исклучено Мицкоски, во зашеметеноста на победата, како и новоизбраната претседателка на Републиката, Гордана Силјановска, во своите први изјави да го слават обичното име Македонија, без ‘Северна’ што е ставено во Уставот и пошироко. Сепак, тие знаат дека, барем на официјално ниво, Атина не прифаќа неупотреба на уставното име Северна Македонија ниту на внатрешен план и им е кажано дека грчката влада ќе реагира на начин што нема да биде во интерес на новото раководство во Скопје“.

Ѕимас уште пишува дека Грција е во шпицот на предизборниот период и партиите ќе побрзаат да ѝ припишат на владата на Мицотакис малодушност и отстапки кон ВМРО-ДПМНЕ доколку не одговори со високи тонови на можните „предизвици“. Во вториот текст на дипломатскиот уредник на „Катимерини“, Василис Недос, се наведува дека за Атина не е „гром од ведро небо нагорниот тренд на националистичките сили претставени од ВМРО-ДПМНЕ, преку изборот на новата, прва претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска, како и очекуваната влада под истата партија“.

Недос пишува дека ако и Силјановска и Христијан Мицкоски постојано се закануваа дека нема да го спроведуваат Договорот од Преспа и дека ќе одбијат да ја користат географската одредница, во Атина се забележува став на чекање за сите официјалните настани што ќе следат. „Сценарија на реакција доколку се остварат заканите за јавна употреба на терминот Македонија наместо Северна Македонија предвидени во Договорот од Преспа. Најпрво се очекува заклетвата на новата претседателка потоа процесите за формирање влада, преговорите меѓу партиите од коалицијата што ќе произлезат и на крајот програмските изјави. Сето ова, секако, внимателно ќе го следи Атина.

Во случај да се остварат заканите за јавна употреба на терминот Македонија наместо правилниот Северна Македонија, тогаш Атина првично ќе реагира на соодветен начин, преку дипломатски мерки, пред да продолжи со понатамошни дејствија. Се потсетува дека веќе има реакција од Атина во врска со фактот дека три месеци по завршувањето на преодниот рок (23 февруари) за замена на јавните документи во земјата (патни исправи, материјал од јавната администрација, лични карти, возачки дозволи, и сл.) со правните кои го наведуваат националното и меѓународно признатото име на државата, процесот се одвива со бавно темпо.

Ваквиот развој на настаните секако го оправдува сомнежот на Атина, што доведе до одлуката да се одложи ратификацијата од страна на грчкиот парламент на трите меморандуми за соработка (прашања за евроинтеграции, воени и економски) предвидени со договорот од Преспа. Јасно е дека Атина не сака повторно оживување на проблемите на Балканот, кои досега се сметаа за под контрола, поради што секој потег во Скопје ќе се следи многу внимателно“, пишува „Катимерини“.

Грчкиот шеф на дипломатијата, Јоргос Герапетритис, изрази надеж дека дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да направи промени во надворешната политика, но и дека земјата ќе го продолжи својот европски пат.

Во интервјуто за Радио Скај Герапетритис рече дека одблиску го следат развојот на настаните и посочи дека се подготвени за сите сценарија.

„Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика, но и во внатрешните теми на Северна Македонија. Имаме убедлива победа на ВМРО. Нивната предизборна агенда беше фокусирана и на прашањето со Договорот од Преспа и за тоа колку Договорот од Преспа претставува достоинствено решение за граѓаните на Северна Македонија. За овој случај сакам да го кажам следново: Нова демократија како опозиција ги покрена сивите точки од Договорот. Од друга страна, со доаѓањето на власт имаме и политичка и правна обврска не само да го почитуваме Договорот од Преспа, туку да се погрижиме да има и негово доследно спроведување, нешто што се заснова на самиот наш Устав“, објасни Герапетритис.

Тој додаде дека договорите што се ратификуваат од парламентите „преовладуваат над секоја спротивна одредба од законот“, што според него, практично значи дека „што и да сака Грција, што и да сака Северна Македонија, не можат еднострано да го изменат Договорот од Преспа“.

„Односно, не може да дојде внатрешен закон и да го ревидира или поништи Договорот. Значи сите сме должни да се придржуваме до договореното. Иако предизборно навистина постоеја одредени реторики, јас чувствувам дека климата нема да биде нарушена и од дополнителна причина што Договорот од Преспа претставува формален предуслов за интегративниот пат на Северна Македонија кон Европската унија, нешто што мислам дека не се оспорува како главна цел на соседната земја“, истакна шефот на грчката дипломатија.

Според него, за Македонија големиот проблем што постои сега, не е толку прашањето со Грција и Договорот од Преспа, колку што е во главно прашањето со Бугарија.

    

Најново

Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ

Sase Ivanovski

Од почетокот на израелската операција во Рафа од територијата побегнале 800.000 луѓе

Sase Ivanovski

ЦУК: Поплавени подруми во охридско од поројниот дожд

Sase Ivanovski

Стара невистинита вест дека пијан Србин убил ајкула во Египет, преку руски медиуми стаса и кај нас

Sase Ivanovski

Безбедноста станува помал приоритет, вели поранешниот истражувач за безбедност на „OpenAI“

Sase Ivanovski

Јавното мислење во С. Македонија во однос на војната во Украина е значајно поделено

Sase Ivanovski

Словенечкиот премиер е надвор од животна опасност, но останува на интензивна нега

Sase Ivanovski

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Sase Ivanovski

ХЕРА:Перформансот за јакнење на родова еднаквост „Простор за разговор“ утре на сцената во Куманово

Sase Ivanovski

Покана до медиуми

Sase Ivanovski

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Sase Ivanovski

Биле затекнати при тешка кражба, па го нападнале полицаецот

Sase Ivanovski

До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи

Sase Ivanovski

Европската комисија повика Скопје и Атина да се придржуваат до Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пожарникари извлекувале човек паднат во река, испумпувале вода од дворови и подруми

Sase Ivanovski

Му пратиле дрога по пошта – Скопјанец приведен откако си ја зел пратката

Sase Ivanovski

Успешно одбележан денот на семејниот лекар

Sase Ivanovski

Автомобил удрил во велосипедист на Водно, со тешки повреди пренесен во болница

Sase Ivanovski

Бранко Тричковски: Масин и Сонтаг

Sase Ivanovski

Загрижувачки тренд – околу 7.000 научници си заминале од Македонија во последниве неколку години

Sase Ivanovski

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го посети Спомен домот на Разловечкото востание

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕФОТ НА СТОПАНСКА КОМОРА НАЈАВИ КРЕИРАЊЕ НА НОВА ТЕЛЕВИЗИЈА ОД СТРАНА НА ГОЛЕМИ БИЗНИСМЕНИ КОЈА ЌЕ БИДЕ ЛИДЕР ВО РЕГИОНОТ

Sase Ivanovski

(БИДЕО) Обраќање на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ во Разловци

Sase Ivanovski

ШТИПЈАНЕЦ СО КОЛА ЈА РАЗБИЛ ОГРАДАТА И ПАДНАЛ ВРЗ ПОКРИВОТ НА КУЌА ДОДЕКА СПИЕЛЕ СТАНАРИТЕ

Sase Ivanovski

НЕ БИ ПРЕЈУДИЦИРАЛА ПОСЛЕДИЦИ, САД ГИ ОХРАБРУВААТ ЛИДЕРИТЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДА ГО ПОЧИТУВААТ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, ВЕЛИ ЕЛИЗАБЕТ АЛЕН, ПОТСЕКРЕТАРКА НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

Sase Ivanovski

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Sase Ivanovski

ПОРТАЛОТ ЕКСПРЕС КОЈ Е БЛИЗОК ДО ВМРО ДПМНЕ ГО ОБЈАВИ СОСТАВОТ НА ИДНАТА ВЛАДА

Sase Ivanovski

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Sase Ivanovski

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Sase Ivanovski

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Sase Ivanovski

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Sase Ivanovski

НЕТАНЈАХУ ДА НЕ ЈА ПРОДЛАБОЧУВА ХУМАНИТЕРНАТА КРИЗА Земјите од Г7, без САД, го предупредија Израел да ја запре офанзивата во Рафа

Sase Ivanovski

Проектот на зетот на Трамп за градење на еколошки бесценето место – ноќен кошмар за еколозите

Sase Ivanovski

(ФОТО) Лекарите волонтери во Газа го опишуваат колапсот на здравствениот сектор во енклавата

Sase Ivanovski

ПОСЛЕДНИОТ ПРЕЖИВЕАН МАКЕДОНСКИ ЕВРЕИН КОЈ СЕ СПАСИ ОД ТРЕБЛИНКА СЕ СРЕТНА СО МИЦКОВСКИ

Sase Ivanovski

„Златната копачка“ на Дарко Панчев во музејот на Црвена звезда

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Скандал пред третиот меч – тепачка меѓу кошаркари на Партизан и Црвена звезда

Sase Ivanovski

ЖРК Ѓорче Петров го освои пехарот во Купот на Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АЗЕСКИ: Како комора водевме тешка битка со СДСМ и ДУИ, донесоа едно 7 закони дирек против интересите на бизнисот!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДЕТЕКТОР АНАЛИЗА Секој трет македонец сака да се исели од Македонија

Sase Ivanovski

СИЉАНОВСКА СО ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Руската агресија ја поткопува европската глобална безбедност и стабилност

Sase Ivanovski

Пет илјади ученици полагаат тестови за меѓународната студија ТИМСС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АЗЕСКИ: Ако јас дозволев во Александар Палас да се краде како во државава, од хотелот сега ќе останеа само голи цигли!

Sase Ivanovski

Врховен судија фатен со 10.000 евра поткуп

Sase Ivanovski

Кавадарчанецот кој синоќа му се закануваше на Јанчев, денес му се извинувал: Пијан бев, лошо пијанство имам!

Sase Ivanovski

Македонец кој живее во Шведска е уапсениот кој на Кацарска и рекол: Ќе одговарате!

Sase Ivanovski

Касами: Ахмети зборува за меѓуетнички тензии затоа што така договарал и постапувал во минатото

Sase Ivanovski

ФАЛА БОГУ, ОВА НАРОДОТ ГО БАРА 30 ГОДИНИ: Уапсен врховниот судија Наке Георгиев, фатен како зема мито!

Sase Ivanovski

МАТУРАНТКА НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

Лажна реклама за чај ги злоупотребува аналитичарот Петар Арсовки и доктор Драган Даниловски

Sase Ivanovski

Во недела ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Sase Ivanovski

Недоследно е по 2016 година ДУИ да зборува за волјата на граѓаните

Sase Ivanovski

Петровска размислува да се кандидира за претседател на СДСМ

Sase Ivanovski

СДК: УКРАИНСКИ ТРАНСПОРТЕН АВИОН СЕКОЈ ДЕН СЛЕТУВА ВО СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА Е ПЕТТИ НАЈГОЛЕМ ДОНАТОР НА ОРУЖЈЕ ВО УКРАИНА СПОРЕД ПРОЦЕНТ НА БДП

Sase Ivanovski

Акција за мерење на крвен притисок и гликемија утре во Градски парк

Sase Ivanovski

Кој беше Ебрахим Раиси – ултраконзервативец и отворен поддржувач на моралната полиција

Sase Ivanovski

Мухамед Мокбар ќе го замени Раиси до изборите, тој е потпретседател 23 години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасувачките екипи ги извлекоа телата на жртвите во хеликоптерската несреќа во Иран

Sase Ivanovski

Герапетритис: Договорот од Преспа е меѓународен, не се менува и ревидира еднострано

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) И Србите не се зафркаваат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БРАКОТ ДЕНЕСКА ПОГЛЕДНАТ ОД ПЕРСПЕКТИВА НА МАЖИТЕ

Sase Ivanovski

БОШЊАКОВСКИ: Претседателе Пендаровски (Бети и Огнен) благодарност за довербата што ја имавте во мене

Sase Ivanovski

ШОКАНТНО: ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА КРИВИЧЕН ГО ОПРАВДА НАПАДОТ НАД КАЦАРСКА, СИ ГО БАРАЛА?!?!

Sase Ivanovski

Иранската влада свика итна седница по смртта на претседателот Раиси

Sase Ivanovski

Ахмети: Таен договор Европскиот фронт да не биде втора сила во земјата направен во „црвените подруми“, кој може да влијае врз меѓутеничките односи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОНЕЧНО СТИГНА ОДМАЗДАТА!

Sase Ivanovski

ДА НЕ ТИ СЕ ВЕРУВА НА ДЕНОТ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Први снимки од авионската несреќа во која загина иранскиот претседател: Се изгорело!

Sase Ivanovski

Приведен 35-годишен кавадарчанец: Во угостителски објект му се заканувал на градоначалникот Јанчев

Sase Ivanovski

ВНИМАНИЕ ДО ЈАВНОСТА, НОВА ИЗМАМА Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб страната

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДЕВОЈКА ВО ПОРТУГАЛИЈА СЛУЧАЈНО СНИМИ МЕТЕОР

Sase Ivanovski

ВО ПРИВАТНА ПОШТА ВО ТЕТОВО ИМА СТРОГИ ПРАВИЛА

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА 2024-ТА ВО ЕДНА СЛИКА

Sase Ivanovski

Кои се другите жртви што загинаа во хеликоптерската несреќа со Раиси

Sase Ivanovski

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

Sase Ivanovski

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси загина во хеликоптерската несреќа

Sase Ivanovski

АПОКАЛИПТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ГАЗА Се огласи шефот за хуманитарна помош на Обединетите нации

Sase Ivanovski

УКРАИНА ПРЕФРЛА НОВИ РЕЗЕРВИ ВО ВОВЧАНСК Ќе се повтори ли Бахмут?

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Интер ја прослави титулата во Серија А со реми против Лацио

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Руските напаѓачи го крадат имотот на цивилите во регионот Харков

Sase Ivanovski
Вчитувам....