Не е вистина дека кафе со лимон ги лечи главоболките. Ова е разобличено од познат факт чекер уште во 2020 година, а првичната објава доаѓа од Тајланд. И Одделот за здравство на Тајланд ги советувал луѓето кои страдаат од главоболки да се консултираат со лекар наместо да користат домашни лекови. Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео во кое се тврди:Кафе со неколку капки лимон – брз и природен лек за главоболка Главоболката може да биде непријатна, но една шолја кафе може да помогне. Наместо да го избегнувате поради кофеинот, пробајте едноставен трик – сварете турско кафе без шеќер и додајте неколку капки лимон. Оваа комбинација може да ја ублажи главоболката и да ве освежи. Освен што делува брзо овој природен лек е лесен за подготовка. Дополнително кофеинот ја подобрува циркулацијата, а лимонот го освежува телото. Како што пишуваат проверувачите на факти на „Франс Прес“ тврдењето дека кафе со лимон може да ги ублажи главоболките не е точно. Здравствени експерти за проверувачите на факти на „Франс Прес“ потврдиле дека иако кафето може привремено да ја ублажи болката, неговото комбинирање со лимон може да ја влоши главоболката кај некои луѓе. Консултација со лекар ги советувал граѓаните и Одделот за здравство на Тајланд кои страдаат од главоболки, а тука го наведуваме дека првичната објава потекнува токму од блог во Тајланд.
И платформата во Тајланд креирана од страна на тајландската влада во склоп на нивното Министерство за дигитална економија и општество, на 17 август 2020 објави дека се работи за дезинформација. Не ја споделувајте дезинформацијата дека пиењето кафе со сок од лимони лекува главоболки. Бирото за нутриционизам при Одделот за здравје појаснува дека пиењето црно кафе со лимон за да се подобри состојбата со главоболките не е вистина. Иако една чаша кафе може да ги подобри главоболките, високи дози на сок од лимони може да ги влоши главоболките кај некои луѓе, пишува во нивното соопштение. Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Извор: Новинска агенција МЕТА