Многу кафулиња и ресторани во Тетово ги узурпираат тротоарите и улиците со поставување столчиња и маси, со што го отежнуваат и попречуваат слободното движење низ јавните површини. Граѓаните се жалат дека не можат слободно да се движат по улиците, а алармира и граѓанското општество. Општина Тетово е немоќна да го реши овој проблем, пишува Порталб.мк
Многу кафулиња и ресторани во Тетово ги узурпираат тротоарите и улиците со поставување столчиња и маси, со што го отежнуваат и попречуваат слободното движење низ јавните површини. Граѓаните се жалат дека не можат слободно да се движат по улиците, а алармира и граѓанското општество. Општина Тетово е немоќна да го реши овој проблем, пишува Порталб.мк. На јавната анкета на Порталб.мк многу граѓани се пожалија од некои кафулиња кои поставиле маси и столчиња. Посетивме некои од овие локации каде што е отежнато движењето по тротоарите. Некои од овие кафулиња имаат врски со сегашни и поранешни јавни службеници. Вака изгледаат некои од локациите на терен.
Според нив оваа премолчена соработка и институционалната небрежност дополнително ја влошуваат ситуацијата, претворајќи ги јавните површини во приватна сопственост за лична корист.„ПЗТ повикува на строго спроведување на законот, транспарентност во донесувањето одлуки и подигање на свеста на граѓаните – така што тротоарите, патеките и секоја јавна површина ќе им се вратат на граѓаните на Тетово, таму каде што со право и припаѓаат“, нагласија од ”Подобро за Тетово“. За овој проблем два пати се обративме до градоначалникот на Тетово, Биљал Касами. Тој вели дека општинскиот инспекторат постојано презема мерки, иако состојбата на терен е сосема спротивна. „Денес имав координативен состанок со раководителот на инспекторатот и раководителот на секторот за општински активности за да ме известат за сите угостителски објекти што аплицирале и добиле дозволи за отворени тераси. Од утре инспекторатот ќе преземе конкретни мерки за отстранување на сите тераси што немаат дозвола”, рече Касами на 8 мај 2025 година.
Две недели подоцна, повторно побаравме отчет зошто општинскиот инспекторат не презема мерки против оние бизниси кои го попречуваат слободното движење на граѓаните. Касами рече дека за нив ова претставува една континуирана војна. „Инспекторатот е континуирано на терен, токму денес инспекторатот е на терен поточново делот кај зеленото пазарче каде што се преземаат мерки за ослободување на тротоарите како најкритичната точка. Што се однесува до угостителските објекти, тие континуирано дејствуваат на местата каде што се попречува слободното движење на граѓаните. Но, имаме феномен каде што граѓаните постојано инсистираат да ги вратат тие маси и столчиња на нивното претходно место, значи се работи за една перманентна борба за јавни површини, не е дека не се преземаат мерки, се преземаат мерки континуирано и пак ја имаме истата ситуација”, рече Касами на 20 мај 2025 година. Од Тетовската полиција соопштија дека за овој проблем е надлежен општинскиот инспекторат и дека тие, како полиција, им се придружуваат кога треба да интервенираат. Покрај узурпирањето и блокирањето од кафулињата и рестораните, овој проблем е широко распространет и кај бизнисите, маркетите и разните продавници. Друг проблем е и узурпирањето на јавните паркинзи од страна на бизнисите пред нивните локали.