Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, изјави дека Израел мора да предизвика „масовна евакуација на населението од Техеран, со цел да го дестабилизира режимот и да го зголеми одвратувањето, како одговор на ракетниот оган врз Израел, додека истовремено продолжува со таргетирање објекти и научници за да се спречи иранската нуклеарна програма, сѐ додека целите на операцијата не бидат целосно постигнати“.Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, изјави дека им наредил на Израелските одбранбени сили (ИДФ) да „го зголемат интензитетот на нападите врз цели на режимот во Техеран“ со цел да го „дестабилизираат иранскиот режим“, објави Тајмс оф Израел.
– Мораме да ги нападнеме сите симболи на режимот и неговите механизми на угнетување, како што е Басиџ, како и основата на моќта на режимот – Исламската револуционерна гарда – рече Кац за време на утринскиот состанок со началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и со други високи офицери.
Кац изјави дека Израел мора да предизвика „масовна евакуација на населението од Техеран, со цел да го дестабилизира режимот и да го зголеми одвратувањето, како одговор на ракетниот оган врз израелскиот тил, додека истовремено продолжува со таргетирање објекти и научници за да се спречи иранската нуклеарна програма, сѐ додека целите на операцијата не бидат целосно постигнати“.