Високaта претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска ја посети Северна Митровица, каде во зградата „Европска куќа“ е во тек средба со првиот човек на Управата на училиштата за Косово, Блажо Драговиќ. Пред оваа средба Калас ја посети зградата на судот во Северна Митровица, како и вработените во мисијата ЕУЛЕКС. Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, вчера во Приштина изјави дека деескалацијата на ситуацијата на север е услов за укинување на мерките против Косово, наведувајќи дека затворањето на институциите ги поткопува напорите за таа деескалација. Во таа прилика таа посочи дека ЕУ постепено ги укинува мерките на Косово, но дека услов за целосно укинување е деескалација на ситуацијата на северот.
„Затворањето на институциите ги поткопува напорите за деескалација“, подвлече Калас.