25.8 C
Скопје
14/06/2025 09:18
МАКТЕЛ

   

Квалитетот на живот како политичка илузија

      

Абиљ Бауш

Во едно општество каде што зборовите „реформа“, „промена“ и „услуга“ се дел од секојдневната политичка реторика, граѓанинот на Северна Македонија и понатаму останува како единствена константа која постојано губи време, пари, достоинство. На хартија, државата најавува капитални инвестиции, квалитетен образовен систем и достапно здравство. Но во реалноста, граѓанинот се соочува со долг ред кај специјалист, ученик без учебници и мајка што не може да најде место во градинка за своето дете. Истражувањето на Finance Think од 2025 година дава брутално јасна слика: 83% од испитаниците негативно го оценуваат јавниот транспорт, 70% сметаат дека специјалистичката здравствена заштита е недостапна, а 76% укажуваат дека старските домови се или премногу скапи или едноставно не постојат.

   

Голем дел од јавните услуги формално постојат, но не функционираат. Основното образование е достапно но не е квалитетно. Наставниците се оставени сами, без доволна поддршка за професионален развој, а обучувањата се често спроведени со ад-хок пристап. Учебниците се лошо напишани, а наставните програми не се усогласени со реалните потреби на учениците. Родителите ги покриваат трошоците за тоалетна хартија, хигиена, копирани материјали и дополнителни часови што значи дека формалното „бесплатно образование“ всушност се претвора во дополнителен трошок за секое семејство.

Во здравството, и покрај тоа што „позитивната листа“ на лекови е конечно освежена по 15 години, пациентите и понатаму чекаат со месеци за специјалистички прегледи. Амбулантите се пренатрупани, а гинеколошките услуги за жените, особено во рурални средини, често се недостапни. Пензионерите, хронично болните и луѓето со ниски приходи најчесто се принудени да доплаќаат лекови и прегледи дури и кога имаат здравствено осигурување. Неформалните плаќања остануваат честа пракса, што дополнително ја еродира довербата во системот. Дополнително, јавните политики се фокусираат на „достапноста“ како формален критериум дали нешто постои на хартија, дали има веб-страница, дали има објава. Но животот на граѓанинот не се води на хартија. Кога болницата нема основна дијагностичка опрема, кога наставникот нема проектор или табла, кога автобусот не доаѓа навреме тоа не е достапност, туку системска занемареност. Затоа, реформите што ќе се наречат вистински, мора да почнат од функционалноста, не од статистиката.

И покрај тоа што Владата во својата Програма 2024 2028 формулира амбициозни цели за отворање нови работни места, подобрување на образованието и здравствената грижа, конкретните резултати досега покажуваат ограничен степен на реализација. Посебно изразена е несразмерноста меѓу планираното и спроведеното во секторите кои имаат најдиректно влијание врз граѓаните младите, жените и здравството. На пример, ветеното создавање на 55.000 нови работни места до 2028 година се третира како апстрактен број без придружна стратегија за структурна трансформација на економијата, зголемување на продуктивноста или креирање на иновативна и технолошки ориентирана индустриска база. Економијата, во вакви услови, нема капацитет да ги апсорбира ниту постоечките невработени, а уште помалку да создаде простор за одржлив вработувачки бум.

Дополнителен индикатор за системскиот проблем е ниското ниво на јавна поддршка за зголемување на платите во јавната администрација, кое се движи околу 41%. И покрај тоа што платите формално се зголемени над проектираниот раст на економијата (за 16.8% во 2024 година), довербата во јавниот сектор останува ниска. Причината е очигледна: граѓаните не препознаваат поврзаност меѓу зголемените плати и квалитетот на услугите кои ги добиваат од администрацијата. Недостатокот на отчетност, транспарентни механизми за мерење на перформансот и појавите на непотизам и партиска вработеност ја еродираат легитимноста на ваквите фискални мерки. Во тој контекст, зголемувањето на платите се перцепира не како награда за ефикасност, туку како политички привилегиран акт.

Ваквата состојба упатува на суштинска потреба од реструктурирање на јавните политики и рефокусирање кон резултати што се мерливи и видливи во секојдневниот живот на граѓаните. Неопходна е воспоставеност на принципи на управување засновано на докази (evidence-based policymaking), каде што буџетските расходи ќе бидат строго поврзани со јавна вредност и општествен ефект. Без таков системски пристап, секоја политичка програма ќе остане во доменот на декларации, а економскиот и социјалниот развој ќе продолжат да стагнираат, под тежината на краткорочни потези и административна инерција.

И покрај постоењето на различни инструменти за социјална поддршка, како што се гарантираната минимална помош или субвенциите за земјоделци, ефективноста на овие политики останува сериозно ограничена. Проблемот не лежи само во недоволната буџетска алокација, туку и во слабата институционална дизајнираност и отсуството на пристапност. Истражувањата покажуваат дека околу 40% од граѓаните не знаат како да аплицираат или сметаат дека процедурите се административно сложени и недоволно транспарентни. Ова укажува на ниско ниво на информираност, но уште поважно на слаб институционален капацитет да ги таргетира вистинските бенефициенти. Парадоксално, токму најранливите категории, кои најмногу зависат од социјалната поддршка, се најмногу изложени на директни трошоци особено во здравствениот сектор. Повеќе од половина од граѓаните имаат месечни здравствени издатоци до 5.000 денари, а одреден сегмент и над 30.000 денари, што е екстремно обременувачко за семејства со ниски приходи. Во услови кога најсиромашните плаќаат најмногу за основни услуги како лекови, легитимитетот на социјалната политика станува сериозно компромитиран.

Дополнителен индикатор за дефицитарната природа на социјалната држава е недоволниот капацитет за обезбедување институционална грижа за деца и стари лица. Предучилишните установи се соочуваат со долги листи на чекање, недоволна инфраструктура и нерамномерна распределба, особено во урбаните средини со брз раст. Во исто време, јавните капацитети за сместување и грижа на стари лица се речиси непостоечки или финансиски недостапни за мнозинството граѓани. Овој институционален дефицит директно влијае врз семејната динамика и ја интензивира родовата нееднаквост, бидејќи товарот на грижата најчесто паѓа врз жените. Ваквата ситуација го доведува во прашање суштинското значење на концептите за родова инклузија и социјална правда, кои честопати се користат декларативно во стратегиските документи. Граѓаните не бараат симболични гестови или политички маркетинг, туку реални, видливи резултати: функционални институции, одговорна јавна администрација и пристапни јавни услуги што го олеснуваат секојдневниот живот, особено за најранливите групи.

Во услови на длабока неусогласеност помеѓу јавните ветувања и секојдневните искуства на граѓаните, неопходна е темелна промена на пристапот кон креирање и спроведување на јавните политики. Владата мора да премине од симулација кон реална имплементација, со јасни рокови, индикатори за резултат и отчетност на секое ветување. Приоритетите треба да се пренасочат од автоматски зголемувања на платите во јавниот сектор кон подобрување на квалитетот на јавните услуги што секојдневно ги користат граѓаните. Капиталните инвестиции мора да се водат од логиката на јавна вредност и функционалност, а социјалните услуги како што се градинките, домовите за стари лица и системите за социјална заштита треба конечно да добијат човечко лице, ослободено од бирократска тортура.

Северна Македонија, како држава во транзиција со европска амбиција, не смее повеќе да си дозволи да ги троши очекувањата на сопствените граѓани. Квалитетот на живот не е декларативна формула од програмски документ, туку мерлива и видлива реалност во секојдневието на луѓето. Тој претставува тест за зрелоста на институциите, за етичката димензија на владеењето и за способноста да се испорача јавен интерес над партискиот. Затоа, политичката одговорност мора да се врати таму каде што припаѓа во услугата кон граѓанинот, секој ден, без исклучок.

   

Најново

Иран преку воената новинска агенција Фарс се заканува со напади врз американски бази на Блискиот Исток

Sase Ivanovski

ШЕСТ ДОЛГИ КОЛОНИ ВОЗИЛА НА ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА: На „Богородица“ се чека со часови

Sase Ivanovski

Град Скопје дава до 20.000 денари за купен инвертер, објавен е повикот

Sase Ivanovski

Охрид е СУПЕР… секој ден 14.06.2025 година, Сараиште, Охрид, Република МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Оклахома не се предава: Го врати „брејкот“ и израмни во финалето против Индијана!“

Sase Ivanovski

Семејствата на загинатите во „Пулс“ денеска ќе одржат уште еден „Марш за ангелите“

Sase Ivanovski

Без струја денеска ќе бидат делови од две села во Скопско

Sase Ivanovski

Бекам ја доби титулата „Сер“

Sase Ivanovski

Исчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав

Sase Ivanovski

Утврдени уште 8 кандидати за градоначалници од ВМРО–ДПМНЕ

Sase Ivanovski

„На здравје за молкот“

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Иран утрово започна нов напад со ракети, сирените повторно ечат низ Израел

Sase Ivanovski

Лидерки на фирма-секта од САД ги терале следбеничките на интимни односи со клиенти, може да лежат 20 години затвор

Sase Ivanovski

Само 23 приватни фирми во Македонија имаат над 1.000 вработени

Sase Ivanovski

Почнува уписот во средните училишта

Sase Ivanovski

ТЕНДЕНЦИЈАТА Е СДСМ ДА ОСТАНЕ БЕЗ ОПШТИНА Мицкоски очекува огромна победа на локалните избори

Sase Ivanovski

ВОЗАЧОТ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА Избувна пожар во камион кај Групчин

Sase Ivanovski

БУГАРИЈА ВЕ БЛОКИРА, НО ПОРАДИ ДРУГИ ЧЕКАТЕ 20 ГОДИНИ Сијарто нагласи дека Македонија има малку поддржувачи во Унијата

Sase Ivanovski

КОЧАНИ ЗАД АГОЛОТ

Sase Ivanovski

Венко Крстевски- Ќе се кандидарам како независен за градоначалник на Кочани

Sase Ivanovski

Пред нас е вистински летен викенд, сончев и топол

Sase Ivanovski

Во април издадени драстично поголем број дозволи за градење, најмногу се за згради во Скопје

Sase Ivanovski

„Со пари, врски, закани – виновниците се спасуваат“, велат огорчените родители на загинатите во Кочани

Sase Ivanovski

Трамп: Иран има уште една шанса за нуклеарен договор

Sase Ivanovski

ИРНА: Во израелските напади врз Иран загинаа 18 луѓе

Sase Ivanovski

Нови ракетни удари врз Техеран, иранската армија пресретна проектили

Sase Ivanovski

Македонските и бугарските историчари повторно не се договорија ништо, атмосферата била најдобра за време на ручекот

Sase Ivanovski

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,Мицкоски да каже за неговата врска со Нацев од Рубикон

Sase Ivanovski

АЕОИ: По израелските напади истекува радиоактивен материјал во нуклеарниот комплекс Натанц

Sase Ivanovski

Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран

Sase Ivanovski

НЕМА ВЕЌЕ ИСКЛУЧУВАЊЕ ОД СТРУЈА ВО ЗИМА Новиот закон предвидува „енергетска сиромаштија“

Sase Ivanovski

Дива депонија во Гази Баба ја загрозува струјата за цело Скопје – Арсовска вели институциите да не молчат

Sase Ivanovski

ТЕНДЕНЦИЈАТА Е СДСМ ДА ОСТАНЕ БЕЗ ОПШТИНА Мицкоски очекува огромна победа на локалните избори

Sase Ivanovski

ОПЕРАЦИЈАТА ЌЕ ТРАЕ СО ДЕНОВИ, ПОГОДИВМЕ И НАУЧНИЦИ За Нетанјаху нападот врз Иран е „историски“

Sase Ivanovski

ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИТЕ КОН БЛИСКИОТ ИСТОК Заглавени патници на повеќе аеродроми поради нападот на Израел врз Иран

Sase Ivanovski

ОСУДЕН Е ЗА ВЕЛИЧЕЊЕ НА ЛИКОТ НА МИХАЈЛОВ Условна од една година за претседателот на битолскиот клуб „Ванчо Михајлов“

Sase Ivanovski

Без мигранти ЕУ ќе го обере бостанот

Sase Ivanovski

Трамп против Калифорнија – која е вистинската борба?

Sase Ivanovski

ВАКА ИЗГЛЕДА НОВИОТ ПАТ ОХРИД-СВЕТИ НАУМ Нов асфалт, нови огради и проширувања на коловозот

Sase Ivanovski

ПИЈАН МОТОРЏИЈА ПРЕГАЗИЛ 9-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО РАДОВИШ Полицијата го уапси, детето е тешко повредено

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ СО НАД 200 АВИОНИ ГО НАПАДНА ИРАН Убиени тројца генерали, офанзивата продолжува

Sase Ivanovski

ИРАН ПРЕТРПЕЛ ГОЛЕМА ШТЕТА?! Израелските напади сериозно го оштетиле нуклеарниот објект во Натанз

Sase Ivanovski

32 АВИОНИ БИЛЕ ПРЕНАСОЧЕНИ КОН КИПАРСКИ АЕРОДРОМИ Крајна дестинација им бил Израел

Sase Ivanovski

АВИОНОТ НА НЕТАНЈАХУ СЛЕТА ВО АТИНА Дали израелскиот премиер бара засолниште во Грција?

Sase Ivanovski

СЕ ЧЕКА ОДМАЗДА ОД ИРАН – ИЗРАЕЛЦИТЕ ВО ПАНИКА ГИ ПРАЗНАТ ПОЛИЦИТЕ ЗА ХРАНА И ЗА ВОДА Болниците отпуштаат пациенти, се спремаат за жртви

Sase Ivanovski

ПОДОБРО ДА СЕ СПРЕЧИ, ОДОШТО ДА СЕ ЛЕЧИ Зошто Израел токму сега го нападна Иран?

Sase Ivanovski

СИЛНОТО ПАРТНЕРСТВО СО УНГАРИЈА Ѝ НОСИ ОГРОМЕН БЕНЕФИТ НА МАКЕДОНИЈА Сијарто и Муцунски ќе потпишат важен стратешки договор

Sase Ivanovski

ПОРАДИ ДРУГИ ЧЕКАТЕ 20 ГОДИНИ Сијарто нагласи дека Македонија има малку поддржувачи во Унијата

Sase Ivanovski

НЕКОЈ НА МАТКА ЌЕ МОЖЕ ДА СИ РАЗМЕНИ СТРУЈА СО НЕКОЈ ВО АЕРОДРОМ Еве зошто инвестирањето во панели и во батерии ќе стане лесно и исплатливо

Sase Ivanovski

СДСМ: Зошто се штити оној кој ја дал наредбата за затворање на вратата на дискотеката ,,Пулс”?

Sase Ivanovski

Дино Мерлин ќе донесе неколку милиони евра приход за Штип: Најавено е мега шоу во септември!

Sase Ivanovski

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ поддржува една изборна единица

Sase Ivanovski

Јанев: Со дигитализацијата е зголемена бројката на откриени бегалци барани со потерници на граничните премини

Sase Ivanovski

Од четврти до шести јули на стадионот во Штип ќе се одржи The festival, и најавено е гостување на околу 30 познати музички имиња – Бесплатен влез и хуманитарни билети од 1.500 денари за Кочани на The Festival: Архангел, Мизар, Фолтин и Кирил Џајковски помеѓу десетиците гости!

Sase Ivanovski

Татко од Куманово си ја силувал малолетната ќерка

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра

Sase Ivanovski

СО ПАМЕТНИТЕ БРОИЛА ЌЕ ЗАБОРАВИМЕ НА ПАУШАЛИТЕ Што точно добиваме како потрошувачи со новиот закон за енергетика?

Sase Ivanovski

Грузија продолжува со апсења на водечки опозициски фигури – Ника Гварамија во притвор до девет месеци

Sase Ivanovski

ФЛЕКС КРЕДИТ ПРИСУТЕН И ВО ЦРНА ГОРА Компанијата отвори ново поглавје во работењето

Sase Ivanovski

ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПОТЕГ НА ВУЧИЌ Српскиот претседател ја посети Украина прв пат по избувнувањето на војната

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА БЕСНО ЗАПУКА ПО ЈОЦИ И ПО ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ „Да завршам со Висар Ганиу во Чаир, па ќе дојдам во Кисела Вода“

Sase Ivanovski

Битиќи до Кочоска: Колкав е реално јавниот долг на државата после историското задолжување?

Sase Ivanovski

Општина Аеродром е без струја поради пожар, седум противпожарни возила се на терен

Sase Ivanovski

Полицаец возел пијан, пресекол полна линија и се заканувал на возач, заработи кривична пријава

Sase Ivanovski

За неуспехот на евроинтегративната политика во 2024 и 2025 е виновна оваа Влада

Sase Ivanovski

И се заканил со пиштол на вработена во тобако во Кавадарци и и го земал дневниот промет

Sase Ivanovski

СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се обиде да ја релативизира одговорноста на актуелните функционери

Sase Ivanovski

Изгорел „Пасат“ во Бардовци, огнот зафатил уште еден автомобил

Sase Ivanovski

Дејан Мираковски реизбран за ректор на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“

Sase Ivanovski

Пензионер е тешко повреден во Свети Николе, сограѓанин го прегазил со автомобил

Sase Ivanovski

Бугарско приморје: Млада девојка избоде тројца мажи во ресторан во Сончев Брег

Sase Ivanovski

Се судриле мопеди во Битола, три деца се повредени

Sase Ivanovski

Трагедија во Грција: Потврдена мозочна смрт кај две деца што паднаа во реката Арахтос

Sase Ivanovski

Мито, негрижа, фалсификати и среброљубие: За пожарот во „Пулс“ обвинети 34 физички лица и 3 фирми

Sase Ivanovski

Пуштен патот од Охрид до Св. Наум, обновени 24,4 километри

Sase Ivanovski

За невладиниот сектор високиот праг е акт на страв

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Ако ми е мене редот, не е проблем да разговарам и со премиерот Жељазков

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: Борче Јовчевски им го направи кошмар животот на Прилепчани

Sase Ivanovski

Битиќи до Кочоска: Фирмите страдааат, кога ќе обезбедите поврат на ДДВ кон сите компании?

Sase Ivanovski

Џамбаски повторно бара вето: „Срам и предавство“ е што бугарската Влада не го санкционира тоа што се случува во Македонија

Sase Ivanovski
Вчитувам....